Ако ти се чини дека повеќето или сите околу тебе не чинат, не мора да значи дека до тебе е. Често значи дека не си за во таа група, барај си сродни на себе. Некогаш таа група може и цело село да е, луѓето знаат да бидат површни и лесни за манипулација па лесно превземаат патерни на однесување од својата околина. Ок сега, некогаш може твојата група на луѓе ќе се наоѓа во ментална институција ама не дозволувај така лесно да те убедат во тоа. Некогаш, едноставно си поинаков од останатите околу себе.
Да ти создадат детство како што треба дури и кога животот бил тежок во иднина значи и многу, многу носталгични и тажни чувства. Добро, до личната перцепција е, порадо е да си среќен, со оглед на тоа дека било среќно. Но... многу ми недостигаат дедовците. Просекот или подпросекот обично им вика - до тебе е, ти не чиниш. Дали си во плус или минус со поинаквоста небитно, ама едно е сигурно - ограничените секако ќе те детектираат, ко што детектираат и други работи, но ради нови социјални трендови они се опен мајндед. Но зад кулисите секако имаат заебано неколку туѓи животи, и тоа отприлика е дел од нивното нормално. А имаше една клише - пред да помислиш дека ти имаш проблем и си во депресија, размисли да не случајно си опкружен со серковци. Ама да, да не должиме, некогаш си поразличен и тоа е ок, некогаш и не е дека некој не чини, туку едноставно така е. Се додека различните се оставени на мира од булијата, ок е.
Она кога ќе се разочараш во најблиските луѓе.Не можам да сфатам зошто роднина блиска,која не ја гледам толку често,води евиденција кога сум дома,кога сум Скопје...Што е тоа во луѓето тажно,што живеат во животи туѓи? Чудна и сум била...Епа драга братучедке,продолжи да се чудиш,ќе се чудиш и кога ќе се качам на врвот,а ти ќе си стоиш во место.Не ми е јасно,зошто не си гледаш за себе да мрднеш од мртва точка,а мене ми се чудиш оти се движам? Се згрозив
Сдк..историја никогаш не ме интересирала, сега ја голтам како шлаг крем 2. Почнувам да се сомневам дека цц мува ме има каснато 3. Двојката не е точна, туку не си го пијам тираксот.
Кога одите на интервју за работа седнете и потпишете договор. Јас незнам што толку ги замарате. Ќе ви кажат:Ќе биде подобро од претходното работно место. Значи дека ќе биде подобро. Амаа платата? Абее ќе биде подобра Такво е сегашното интервју за работа на Македонија.
Денес, со него стоевме пред лифт. Срцето ми слезе в петици, почнав да се тресам и да црвенеам . Тој не прави муабет, јас се правам дека не го забележувам. Висок, разбушавен, ладен, дистанциран, мистериозен. Кој адреналин ме мавна. .. Не сте свесни, не.
Од цели во животот - да не бега од мене детето и да седи во другата соба оти сум го изнервирала, како јас што сеуште правам. Да можи да ми кажи се, да ми се довери, за да можам да му се најдам. Да му бидам другар, закрила и потпора. Толку за денес, и јас немам повеќе енергија.
Која упорност и храброст ја имаат велосипедстиве. Браво. Поздрав до дечкото што помина покрај Џамбо и неуморно вртеше на педалите. Отсекогаш му се восхитував на спортистите
Можеби сум посилна отколку што мислам. Можеби се глупирам. Можеби сум идиот. Можеби треба да си најдам добар човек, да створиме дом во некое планинско село и да немаме ни мотокултиватор. Се рачно, да копаме додека жуљеви не ни се појават на рацете, да легнуваме со зајдисонце и да се будиме со сонцето. Можеби ќе бидеме слободни. Можеби ќе родам некое детенце по пат од нива, како женичката од Крива Паланка што ја читав по вести пред неколку години. Можеби нема да ми биде гајле за кинескиот чај. Можеби ќе биде и норвешко планинско село, можеби ќе заборавам на Норвешка додека земјоделувам, сточарувам и дишам. Без да ме стега во гради. Можеби ќе заборавам. Се ова што ни се случува... како една долга, мрачна и ладна зима.
Едната моја страна ужива во самотијата,додека пак самотијата ја убива другата моја страна. Silly me,не знам што да одберам. Животот е прекомплициран!
Водич за писменост и општ осет за мамички на интернет 101: - Ви ручка, игра, носи пелени, мочка, кака, и возраста му се мери во месеци - на вашето бебе, во еднина. Евентуално на близнаци или повеќе мали деца - во множина, но трето лице. Вие сте возрасни жени кои имаат 20/30/40тина години, for f*ck's sake... - Називите за членови на семејството (маж, бебе, дете, син, ќерка) не се како лични имиња, барем во македонскиот јазик, во смисла дека најчесто се членуваат во контекст на реченица. - За граници на споделувани моменти, прашања и тип слики што ги поставувате - пробајте на момент разумно да размислите, некоја година порано пред да ве зафати бебешката еуфорија и сè околу бебиња пристрасно да ви е кјут - е тогашната верзија на вас како би реагирала читајќи и гледајќи го тоа што планирате да закачите, посебно во случај на јадење нешто пред компјутер (ко на пример најексплицитни муабети за физиолошки потреби, па дури до слики од валкани пелени), или пак како потпораснатото ваше дете би реагирало ако види каква слика му е споделена (за слики од сосема голи бебиња и слично). Значи... колку и да се позитивна и кјут ствар бебињата, дечињата и колку и да е блажена состојба мајчинството, некои претеризми навистина бодат очи. Фала на пажња (оти ФМП е веќе доста мејнстрим).
Ако си убеден/а дека си ептен посебен/а, ако сметаш дека изразот "no two snowflakes are alike" те опишува, ако мислиш дека не си дел од толпата, тогаш најверојатно си уште еден/една умислена персона која е исто толку обична како и некој рандом човек со кого се разминуваш на улица.
СДК Доверба да се немало во никој. Персона број 1 која не треба да размислуваш дали да и веруваш и да очекуваш доверба - те издава на најбрутален можен начин. Персона број 2 - те осудува. Останува no name другарче кое ни те знае ни те познава да му веруваш. Живот иде даље, живот брзо пролази . . .