Сакам да кажам дека секој еден ден кога ќе се успијам, не знам по побрзо да напрам, каде побрзо да трчам и ми е во глобала, пропаднат ден. Како животот да сум го преспала се осеќам за тој еден ден месечно, некогаш еднаш на два месеци.
Кога не си видел подобро во животот и лошото ти изгледа добро. Кога не си видел полошо во животот и доброто ти изгледа лошо... и така во круг.. зависи во каков период од животот си..
Во животов, на луѓе околу мене кои ги познавам - им посакувам или добри желби, убавини и успех (на сите кои ми значат, ги почитувам и имам добар однос со нив на некој начин), или... ништо. Да, токму така - баш ништо, ниту добро, ниту лошо. Тука мислам на оние од кои одблиску сум осетила или сведочела на нивните крајно изместени вредности и (не)осет во однесување кон други луѓе. За такви личности би било лицемерно да речам од срце дека според мене заслужуваат сè најдобро, но од друга страна - никогаш не посакувам лошо (па дури ни „да им се врати“ нешто со што лично ме повредиле) и не се радувам на истото (ако им се случи), ниту пак жалам за нивната среќа. Едноставно ги осудувам нивните особини и постапки, а од нивните лични животи и ситуации тотално се дистанцирам и не ме интересираат. Затоа, не можам да разберам како живеат и се сносат со толку токсични чувства во себе оние кои посакуваат лошо, чекаат за некого нешто од карма или Божји казни, и колнат - па дури и луѓе кои не ги ни познаваат, општо и неселективно, поради банални ствари како на пример политика...
Ako moze ovie sto go pisuvaat horoskopov mallku I za pari da pisuvaat oti samo soli od ljubov ne se zivee. Mora nesto I da se jade. Seriozno. Tmn rabota taka da odese izotov.
Кикикирика-шо срце во инбокс нема пратено, - што машките како вибратор ги гледа само , - што е алегргична на муабети за љубов и заедничка иднина, - Што тврди цел живот дека на самостојна жена маж не и треба Е таа Кикирика - Си е*а мајката, си фати дечко и се заљуби ! На мои 30 години , не ми се верува еј! Се понашам ко тинејџерче напалено, со срциња праќање секој ден, со селњиња со муцки , со едвај чекам да те видам со се... И на форумов ме немаше, дојдов во совети за тинејџерки да прочитам како да му кажам дека го сакам , оти нели јас кариеристката на векот што само работа, учење и секс ме интересира на 2000 прочитани книги во животот а сеуште не знам два слатки збора да поврзам. Дај ми тема политика, наука, ум продавање, економија, закони има книга да напишам а тешко ми е да смислам како на некој да му кажам дека ми е убаво што ме буди насабајле без тоа да изгледа како воен извештај. Катастрофа невидена сум! Безнадежен случај! Толку сум очајна што ке почнам Лајла Грејс да ја читам да ме мотивира да му пишувам срања.... упс романтики де !
Во првата реченица кажува дека е многу побожен, во втората дека си бара швалерка. Ве молам... немојте да бидете толку 'побожни'.
Кога дечко или девојка ќе праша:Колку партнери си имал/а пред мене? Spoiler: Љубовна дијагностика.. да не лаже
Вчера се враќам од прошетка и гледам брачен пар некаде во своите 60-ти, како се држат за рака онака приближени еден до друг скоро како една личност да гледаш и физички исто како што се и на духовно ниво. Милина за очи и душа Одам денес накај факултет и гледам мали деца ромчиња кои на погледот кон полните контејнери се израдуваа како да виделе продавница со чоколади. Замислете што значи најголема радост во животот да ти причинуваат полните контејнери. Македонија во две случки. Има и љубов, но и напуштеност која ти кине душа..
Многу успешни врски и бракови имале старт од типот - " јас со овој/оваа сељак/чка - Нема шанса!" наравоучение > упорноста понекогаш се исплаќа
Ми се гади од лагите во кои тоне општеството Лажат најблиските,лажат и оние кои не би требало.Уште повеќе ми се зацврсти желбата да успеам во правото.Многу манипулации од луѓето и пак уште...Homo homini lupus est,Хобс никогаш повеќе не бил во право.Кажал се во една реченица.А светот ја гледа Ким Кардашијан
СДК понекогаш знае да ме изнервира мм ама кога го гледам како спие се топам, како мало бебенце е, му натежнале образите ги кренал рачињата над глава, си мрда со прстите на нозете и ужива, спие ли спие мојто меченце душиче сигурно му е многу напорно на работа го жалам многу е посветен на таа работа нетреба така јас сум против тоа да се посветува човек максимално некаде каде не се цени трудот, кај нас сеуште важи она размислување на газдите дека сите сме ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ и секој е заменлив, затоа и нема да не биде, затоа сме и многу назад од светот, човек да нема мотивација да направи нешто плус, сите работат за да помини месецот и да се земе плата која ке се потроши за недела дена. Тоа е нашата Македонија - Македонче
Сакам насмеани и позитивни луѓе кои кога ќе се појават знаат да го направат денот поубав, имаат смисла за хумор и во најтешки моменти знаат да направат бар на момент човек да заборави на сите проблеми и да се смее. Бегам од намуртени и негативни луѓе, од луѓе кои за сите зборат само лошо. Бегам и од фалбаџии, од луѓе кои се маваат у гради дека се најдобри во се. Од самопрогласените најдомаќинки, најмајки, најготвачки, најжртви за децата, од оние кои се фалат колкави примања имаат ама дека им е малку, е од нив ми доаѓа да приповратам. И да, кога листам низ форумов наоѓам многу такви фалбаџии и нај луѓенца. Ама, до некаде ги разбирам, очигледно е дека дома никој не ги рецка, па фрустрациите и истакнувањето мора тука да избијат за да им биде полесно.
Ти благодарам за најубавите 5 години од животов. Немам доволно зборови да опишам колку ми го исполнуваш секој ден, уште помалку зборови да ти кажам колку и зошто те сакам. Не, вака никогаш и никого не сум сакала, сега сум сигурна. Ни еден ден во овие 5 години не помина без да ти кажам "те сакам". И ќе продолжам да ти кажувам и докажувам. Бидејќи ти тоа го заслужуваш, а и многу повеќе. Веќе и зависна станав од тебе, ја бројам секоја минута додека си дојдеш дома, до толку ми недостигаш. Нека ни се множат уште многу многу заеднички години, со надеж што поскоро да имаме сопствен дом, па и уште едно мало човеќе. Тогаш ќе сме комплетни, а среќата неизмерна.
Мажот треба да ја држи жената во раце и точка. Да ја гледа како нежно цвеќе во градина. Да ја потхранува и негува.