Која е логиката да му пишувате жалопојки на починат човек на ѕид на фејсбук? Што очекувате? Да ви стави тажно смајли и коментар? Глупи и прости луѓе everywhere!
СДК можеби ќе звучам заостанато ама поима немам кои се овие двајца што вечер ќе настапуваат тука. Да бидам појасна, се дружам со балканци , во ред е, не велам дека немам слушнато по некоја песна од Јелена Карлеуша, Цеца и Северина , ама се останато воопшто не ми е познато. Како и да е, убаво да си поминат вечер тие што ќе идат, јас и да отидам не ги знам луѓево ко изгубен случај ќе бидам. Затоа ќе си останам дома на топло и на Скајп муабет.
Колку што се туткаат и туркаат пред црква искључиво на празник да правеа пред библиотеките секој ден немаше да биде ваков народов,еден за сите,сите за никаде.
Сдк сакав да успијам дете и да пишам едно мислење овде. Онака... на кратко да објаснам колку многу злобни можат да се луѓето и за сето тоа време прстот да им е вперен во тебе дека ти си лоша личност, дека ти си со комплекси, дека тебе не те бива.. Потоа сфатив дека поинтересно ми е да гледам очајни домаќинки неголи тоа
Чувството во 3 часот по полноќ се качуваш во авион и цел саат леташ кога пак гледаш дека е 3 часот и случајно се збркуваш како е можно тоа .... Е да можно е со Wizzair. Од лет кој што е од 20и 50 часот да го каснат за среде ноќ да тргне.
Секој од нас барем неколку пати посакал да го врати времето и да поправи некоја грешка од минатото, да одлучи поинаку во дадена ситуација. Најверојатно на никој му се нема исполнето оваа желба. Но замислете дека сте 10 години постари од сега и дека баш овој период сте направиле некоја лоша одлука за која посакувате да го вратите времето 10 години наназад. Та даам вашата желба е исполнета. Добредојде назад во 2018. Ти сега го живееш времето кое некогаш ќе сакаш да го вратиш за да постапиш поинаку, попаметно, помудро, позрело сега. Можеби сакаш да се советуваш со поискусни од тебе? Можеби сакаш да се поучиш од туѓи веќе сторени грешки, за да не мора ти да бидеш пример за истата грешка во 2028? Можеби, овој пат, сакаш да побараш Божјо водство? Еве ти шанса.
Најважната цел во емотивен, карактерен и морален поглед во животот, треба да ни биде - да пораснеме во личност каква што ни требала покрај нас кога сме биле помлади.
Би сакала да ја искористам шансава да му кажам fuck you на тој што од некоја причина одлучил да започне традиција на ставање фусноти на крајот од книгата. Кој мислел дека е добра идеја и зошто?
Забораваш дека од вчера се смета зимско сметање на времето, стануваш и го гледаш часовникот дека е 11 и нешто, а тек сега случајно на телефонот забележав дека е 10:50
Таман помислив дека најдов една нормална македонска група на фб, ама кога не оди едноставно не оди. Конкретно зборувам за групата Размена на книги и книжевни дела. Супер си беше до пред некое време, во тие 15 илјади членови има стварно начитани и кул ликови, ама има и такви неизживеани па мора да ја расипат цела група. Решиле да споделат што читаат и наместо да ја сликаат книгата, тие зеле ја фатиле цела позадина (актуелно беше покрај море) а од книгата мал дел се гледа. И ќе пише: Јас попладнево вака, а вие? Оф мори мајко. Да не знаеш кај да се завртиш. Или сликани милки чоколади, атлантис, црвено вино, миризливи свеќи и една буква фатена од книгата па ти размислувај што сака да каже авторот. Или кога ќе отидат во друга држава обавезно мора да сликаат каде се као демек читаат, а работата е колку да се означат дека излегле од дома. Се дрзна еден член да им пише дека нема смисла тоа што го прават. Треба да се фокусираат на книгата, а не на позадината, па скоро сите го нападнаа уште крив излезе. Мислам членот ја напушти групата, а и јас после него. Воопшто да не почнувам да зборувам дека повеќето пишуваат латиница и за тоа се бунеа дека било ок. Ајде тие групите за домаќинки и мамички не ги коментирам, ама овие со книги се катастрофа.... Па уште се чудам зошто сум член само во странски групи
Додека правев цел ден personality tests од типот "Избери слика со најубаво изгрејсонце и откриј каква личност си" можев да се избањам, да си направам јадење, да забришам по дома, дете да родам и да докторирам. Сега се лутам на себеси што губам време на глупости.
Подобро ќе беше да ми кажеше никогаш да не ти се обратам за помош отколку да ме убедиш дека ќе бидеш тука за мене. Грдо ти беше ова, не очекувај повеќе ништо од мене.
Нека кренат рака оние со наочари што ги нервира кога надвор ситно роси, малку е за да отвориш чадор, или воопшто не носиш, а доволно да ти се замаглат наочарите и мораш да гледаш без нив со болка во очите.
Или кога ќе влезеш од ладна во топла просторија И нема да ги извадиш, ами ќе се исчукаш во нешто по пат... Па ќе ти се смеат, а ти објаснуваш дека немаш бришачи на наочарите
Ај еден такси муабет. Не знам за вас ама мене времево ме збрлави. Ноември ми титка дека е пред зграда, а пред да излезам од дома денес Април ми бираше облека. Јас од Скопје сум, немам многу пролентно-есенски јакнулиња, се знае дека од монтка се иде на рамбовка, што е ова? На психа ме мава што уште не врне и не корне и не е депресивно. Па кога ќе ја одлежам депресијата? Ааа не може ова вака,... п.с. Спикинг оф потписи, @DAngel , oчи ми ископа со нејзиниов . За човек како мене што рола тука од време на време по 20 страни, многу шаренила му доаѓа , али како и да е, сигурно е боље од мојов што испарил. Добра ноќ. Ваша М,