СДК ( во контекст на она што спомна @Bridget ) вие што сте си нашле дечко/женска , маж/жена , швалер/швалерка на форумот , оставете нешто и за нас слободните да најдеме и да се порадуваме. Празници се ближат , не бидете себични
Сакам да кажам кога носите заклучоци за некои членови, ќе да ја имате мувата на капата. Обично така оди.
Обожавам 1ви во календарот. Секогаш ме асоцира на нови почетоци. Со задоволство ја листам страницата во календарот, а во себе сите желби и идеи за месецов ми се моткаат. Како и секој 1ви. Календарски само бројка, а психички сепак влијае на некој начин.
Make love not war and keep in mind that any man can give you sex. It takes a special man to make love to you with his words.
Можам цело море со солзи да наполнам.. Немир тага... Со свекорот и свекрвата ќе одиме да правиме муабет со брат ми за свадба. Работата е дали ќе даде пари.. Цел живот на убедување, страв.. Срцето од гради ќе ми излезе.. Неможам веќе.. Аман Боже можеше некаде на друго место да ме подариш.. Велат кој има сестра или брат било убаво... Се сакале се почитувале кај мене не е така.. Снаа ми сите срања ги направи..
"Птиците родени во кафез мислат дека летањето е болест." Многу добра метафора која може да се поврзи со многу работи кои ги доживуваме во секојдневието.
СДК дека одамна ме нема на форумов.. Изгледа го перцепирам како психотерапевтот кој го забораваш само што ќе исчезне проблемот.. Или Бог, на кого се потсетуваш само во невоља. Ама, Фемина, еве ме Подобра, освежена, со многу желби и воља. Фала ти што ми помогна Благодарност до членките кои беа со воља да слушаат и советуваат кога требаше. Ве гушкам сите! Прочитав на многу места дека се критикувате меѓусебно... Еве денес јас сум тука за да потврдам дека овде има добри, емпатични и човечни членови Сакајте се...
Не знам зашто ама секогаш кога ќе слушнам сирена на брза помош се тревожам Нема посебна причина да чукнам во дрво ама ме фаќа језа.И се нервирам кога на семафори не се тргаат да помине брзата помош, не сфаќаат луѓево дека секундите некогаш значат живот некому.Пак бев сведок на такво нешто. Себичен народу!
Муабетење за Библијата било чаршиски муабет. Fuck me ако некој нормален у петок навечер излезен рецимо, има развржувано библиски муабети. Некој очигледно у чаршија нема стапнато ЛГБТ
Си одмрзнав од колачот со смокви, утре со кафе ќе биде полн погодок. Сакам да кажам, на моменти се сомневам дали сум доволно добра мајка и снајдена со моето дете, па после си викам - а бе терај по инстинкт и само сакај го и гушкај го оти утре ќе наполни 18 и ќе ти рече - мамо фаќам авион за... Апетитов, слон. Прееска гледав 24 Kitchen и вода на уста ми идеше од суфлето со ракчиња, од салатата од поточарка и авокадо со нане сос и јагнешките котлети, од тикварникот со солено сирење и питичките со кафиол. А ја со компот од јаболка, печени оревчиња, овес и чиа се занимавам. Не дека ова не е добра храна, напротив, ама мераците ми се далеку поголеми сега кога сум повеќе време дома, а немам време да си зготвам тоа што ми е мило ем драго. Прифатив еден ракопис за рецензија и го прочитав за 1 ден, а мислев дека ќе углавам со оглед на обврските околу бебето, и се почувствував некако полетно, мудро, развеселено и на крајот - корисно. Нема да е којзнае колку платен трудот, ама барем мозокот ми е активиран. Нема полошо од соочување со осаменоста на бивање мајка кога ништо не можеш да направиш освен да си окупиран околу бебето кое си има постојани барања и е сакале или не - привезок. Мене ми паѓаше тоа многу тешко во првиот момент, сега се навикнав а и ќерка ми расте. Веќе може и сама да се заигрува во релаксаторот, ужива да гледа Vh1 и понекогаш си викам - а бе нема никогаш да е веќе вака малечка и мекана, седи со неа, спиј до неа, гали ја... И ентропијата наречена хаос по дома, кој го врти веќе... А тешко е, не дека не. Но не ми треба помош. Ми треба само да се саморазберам дека сево ова е природно и не мора никому да се оправдувам како се чувствувам. Почетоците се секогаш вакви, преполни емоции и умор. А наредно е - заби и неспиење и сите останати зезалици. Дете бе, имам дете. Ќе се чудам вака уште некое време, па ќе почне да вика мамо напрај ми пуканки... И ќе и направам, со многу карамелизиран путер, иако тоа би ме направило лоша мама што дозволува се’.
Често се прашувам: Дали сум во право за 'ова' што го мислам? Многу сакам да дознаам дали сум во право или не... Да ја знам 'вистината'.... I am a truth junkie...
Ако од мајмун биднало човек, што бидна од човекот?? Ѓубре, најголемото покварено и изопачено суштество! Ѓубре...ете тоа сме ние луѓето Можебо треба да се воведе настава во школите за морал и култура, достоинство и почит Какви станавме, боже, ми се гади од се што е човечко Секојдневно тонеме се подлабоко, ги изгубивме сите прави вредности, величаме погрешни луѓе, човек веќе неможе да заработи нормално а да не те прогласат за криминалец, зависни, себични, мрзливи,мизерни, како камења што одат или цепаници што дремат,....а како само знаеме себе да се креваме до небо и назад, колку сме духовити, вредни, поштени, хумани, љубезни..... Доволно е да се погледне природата, доволно е да се погледнат реките, езерата и морињата, доволно е да се погледне во маглата канцерогена што ја дишат нашите деца( но побитни се парите на некои говеда отколку здравјето на луѓето)...доволно е да се погледно новото детско игралиште кое е цело скршено, испошарано, доволно е да се погледне паркот во кој се гледа тук таму по некое цвеќе не докрадено, ѓубре поред контејнери, гомна на улици, кучиња што те бркаат, цигани на семафор си сила што сакаат шофершајбна за пет денари да ти зашљакаат, брза помош што се мачи да помине додека пациент внатре умира, зграда што гори оти неможе пожарна да раскри пат до неа..... Дефинитивно потребо е сите на обука да идеме, светот го упропастивме....Иднината е на младите...хахха...кој ли го излажа тоа
Сакам путер на тост лепче, измешан со лукче. Не знам... сдк ми е како добра другарка и кога после долго време ќе ја отворам, се чувствувам како да сум ја грабнала во цврста прегратка. СДК немам всушност ништо да кажам. Ми бранува животов, се грабам за се што можам по пат. Таман ќе земам здив, ми се полнат гради со вода и си мислам нема крај ова тонење. Некако не ми иде бре. Ти даваат добри вести, а ти срање... И онака све во круг. И за нив и за себе. Сфаќам колку е храбра, колку е силна, колку е неверојатна. Читам колку е феноменален овој или оној момент во животот и ја замислувам неа кога е будна, што се прашува, за што размислува, колку силно се моли. И си велам е*ате живот кој вака бесрамно и безмилосно те притиска кон бездна. И така... некако никако. Во постојано чекање
Интересен психолошки феномен е она песимистичкото размислување дека нема (добри) луѓе во светот, нема вредности, цело човештво е расипано и оди по ѓаволите. Воглавно не памтам да го имам слушнато или прочитано од некоја личност што ја сметам за добра (и компетентна да зборува за морал), интелигентна и вредна за моја почит... Ќе да има вистина во тоа дека привлекуваш и гледаш во околината она што си самиот/самата.