Во вакви моменти посакувам само да се исклучам од животот на некое време и да немам никаков контакт со никого..
Животот врви, лик по лик, сите тераат по патот свој, секој со својата планина на грбот свој. Некому добро ќе учиниш, некому лошо, сакајќи/несакајќи тоа на крајот битно не ќе е. Битни ќе останат емоциите кои сме ги оставиле зад себе. Колку внимание и љубов сме дариле на тие до нас, добро и колку сме им подвикнале и сме ги натажиле ќе остане меѓу нас. Нејсе синкир се убаво не е. А и кога арно е да испадне од тоа да не куртули никој од нас. Во секое добро дело има по малку зло и во секое зло дело има и по малку добро. Во се има по нешто зависи како гледаш, што очи ти носи главата и што душа ти носи снагата.
Мажи што никогаш не почуствувале искрена женска љубов од ниедна од рецките на каишот (со сила намножени поради слични причини), што не ја виделе ниту од мајка им кон татко им, што не успеале да ја сфатат ни од околните примери, ни од книги, ни од приказни, никогаш нема да поверуваат дека една жена може да биде верна, онака суштински, од што сама сака, со цело срце. И кога и да видат било што - од муабет правење со друг маж, од лајк на слика, од професионална соработка, кафе, советување, заедничко правење ама БАШ било што, веднаш почнуваат со муабет - и мрда опашот! И почнуваат еден по еден да си ја пробуваат среќата... Ах бе, сиромашни луѓе! Жал ми е.. Жал ми е што никогаш нема да почуствувате како е да те сака жена, тебе и само тебе. А за тоа сте си криви сами... Оти сте си го затруле срцето... Оти не верувате во верност и љубов. Оти поентата сте му ја утнале на партнерското постоење. Оти покрај живи и прекрасни сопруги покрај вас, очите ви гледаат само се што е туѓо. Да се зграби нешто плус. Џоа натпревар е ова. Да не останете со една, две, пет, осум в кревет.. Тоа ве боли. А со ниедна в срце? А кај ниедна в срце што не сте? Тоа не, а? Ех, сиромашни луѓе... Жал ми е за вас.
Ама очигледно со коли не функционира. Ја гасам и ја палам колава, и уште ми е дупната гумата. Супер почеток на саботно утро имав.
Велат дека те мразат, не те сакале, си била трол, си била проста, неписмена, те игнорирале оти немале што паметно да прочитаат од тебе...а како сенка моја се...каде јас, они позади мене, јас оп, они троп... Па одлепете се луѓе од мене, сите вие што не ме сакате, прескокнувјте ме, не ме читајте, не ме цитирајте..абе не ги замарајте другите луѓе со вашите мислења која сум и што сум, дали сум вредна за читање или не...
СДК колку некои моменти можат да му го убијат на човекот целото добро расположение. Вчера буквално ми светеа очите од радост ама сè се сруши во рок од пола саат.Обично не дозволувам да ми го сруши некој расположението ама не бираме самите што ни се случува.
СДК секогаш биди благодарен на тоа што го имаш, родителите, браќата и сестрите, дечињата, кров над глава, чиста вода за пиење и облека.... и со по време отстрани ги од животот оние кои ти црпат енергија така ќе имаш мирен живот
СДК, најчесто оние кои велат не сум таков , не правам така, аууу нема шанси јас така или она од типот абе како може таа и таа да биде таква - е најчесто баш тие се такви личности кои секогаш зборуваат во трето лице. Од лично искуство низ годините лично се познавам со личности еве ќе земиме пример кога идеме на кафе знаат да речат, леле како можат бе некои да се гадни да немаат време дома да си средат и ко ќе им појдиш дома на гости кај нив бомба паднало а цело време зборат како други биле гадни Исто и за мал милион примери од типот , абе јас нема шанси со таков да бидам - ја гледаш после извесно време заедно со таа особа. Или она познатото : аааа не жена ми не е таква или маж ми не прави така и ги гледаш баш спротивното. Глумци на сите страни, бреее какви времиња дојдоа. Не знам што ќе ги кошта да си признаат , таков сум, маана ми е тоа и готово, сигурно нема круната од глава да им падне П.С. Денес играат Арсенал - Ливерпул , ајмо наши, але алеее
Посебен споменик треба да му се постави на човекот кој ги измислил слушалките, односно Натаниел Болдвин. Најкорисни работи на цел свет се значи, не знам што би правела без нив. Глупи муабети во ЈСП од пензионери за што правеле некои, кој со кого се мразел, кој со кого се гледал? - Слушалки и музика. Цеца ечи на најјако во бус или во околина? - Слушалки. Комшиите дома си ги вадат очите или другите комшии кршат кревети? - Слушалки. Сакаш да не те замара некој и да не ти прави муабет? - Guess what, слушалки. Настрана од тоа дека кога ќе си пуштиш некоја музика која ти е убава, посебна магија е кога ќе си ја слушнеш само ти, онака и музиката и текстот поубаво ги чувствуваш. Long live the слушалки, спас за music lovers и немуабетчија за глупи муабети ко мене се.
Прекрасно е времето за фотографирање...добив инспирација...парк со многу дрва и лисја жолти кои крцкаат додека ги газеш
Не е воопшто слично со вдишување на некоја глетка од природа, но набљудувањето луѓе си носи некое свое посебно задоволство. Толку многу работи може да се прочитаат и почувствуваат, да те направат да ги сакаш, и да ги мразиш. Сите сме луѓе, во основа, а со еден куп различни слоеви на нас. И толку се трудиме да се издвоиме од толпата. Ќе најдеме едно парче кое може да не направи различни и може и да не го сакаме, ама ќе го облечеме и ќе го покажуваме насекаде за да се знае дека ете јас, не сум како вас. Баш ме интересира како луѓето ме перципираат. Можеби и не сум интересна за набљудување. Всушност, знам дека не сум. Ви пишувам од под ќебе и се прашувам, дали може да се фати некоја болест на коски на раце од куцање на тастатура на телефон. Све си мислам дека ќе се изобличат... :/
И после падови да си пркосен е упорност. Ама после сите падови предизвикани од иста причина, веќе не е упорност. Глупост е
Сакам да кажам вака јавно дека нема поќе да шејдам луѓе толку јавно и нема да пишам за типови на луѓе кои ги неќам зошто некој можи, некогаш, да се навреди. Пробвам да учам емпатија инаку, be supportive. Сакам да кажам дека сеуште ми трај желбата за учење, па ќе одам да ја зграбам. Вчера на мени беше психотерапија, денес на мени се ретардации. Ни викаат да не го користиме тој збор оти не е доволно PC ама не ни кажват кој друг збор да го користиме за замена.
Кога сум на место со голем број луѓе и посебно кога треба да чекам на исто такво (јавен превоз, шалтери и сл.), понекогаш се исклучувам и потонувам во мисли (па и overthinking) за полесно да ми помине време (бидејќи ич не сакам гужви). По некое време пак ќе си дојдам во реалноста, враќајќи го фокусот на сите тие луѓе - па си помислувам, што ли размислува секој од нив? И доаѓам до заклучок дека не постои само еден свет, туку илјадници милиони - колку што нѐ има различни луѓе, умови и парови очи...
Сакам да кажам дека сакав да кажам нешто, ама сфатив дека не сакам уствари да го кажам тоа, па така излезе ова.
Одбрав за доручек да појадувам овесни снегулки иако имаше бурек на масата купен за мене и си докажав дека самоконтролата ми е јака страна.
Недела е ден за насмевки Ноември е мирис на мандарини и прошетки во жолто-црвениот свет на есенската флора