Муабети од типот, на пример: „ццц, излегле на протести/се залагаат за правата на животните, наместо да се загрижат за бездомните луѓе“ - оти едното мора да го исклучува другото... Ugh. А бе, замислете - некои личности имаат толку многу емпатија, принципи и идеали во себе - што стига за помисла и за бездомните луѓе, сиромашните, болните (физички, а и психички), и за луѓе дискриминирани поради раса/етникум/сексуалност, мигранти... па дури и за животните. И тоа не треба да е сајнс фикшн, туку нормален менталитет на сите. Ама џабе, не може ни да си претстави некој што нема ни стотина од квалитетите на таквите. Spoiler: дисклејмер за политичка коректност П.С. се извинувам однапред ако некој пишал, па и мисли после ова да пише критика/шега со ваков став на темава, да не се најде случајно навреден. Од муабет на твитер ми е инспирацијата, жими сВе. ФМП.
Сакам дa можам да 'ѕирнам', како ќе изгледа светот за 100-200 години... Баш ме интересира за кое 'сценарио' ќе се избориме... и дали воопшто... #timeisonlyanillusion
Ete I Jas nauciv sto bilo "Нејсе". Za mene "Нејсе" e Ne Se, mnogu raboti (primer da ne se nabrojuva) ama ne se Ete I Jas nesto denes da naucam ne samo bezveze da kisnam na kompjuterov.
Некои луѓе се спремни да измислат цело семејство (деца/маж) со цел да бидат што поприфатливи во општеството. Се трудам да ги разберам, но неможам да одлучам дали проблемот е во општеството или во нив самите.
Сакам да кажам (1) јас прекинав да гледам телевизија, во моментот кога Animal Planet & Discovery магично ги снема, а добив 10+ пинк канали. Му кажав на татко ми и ми рече ќе раскинел договор и со друг оператор ќе вклучел договор и ете пола година немам далечинско фатено. Кога збораме со мојов, не би земале кабловска кога би се одделиле. Вчера дур учев ѝ викам на мајка ми да пушти нешто мелодично за да не ме нервират звуци од надвор, од внатре и слично и сега пушта: "Пинк мувис, хехеххехех", "Пинк хитс, хехеххехехех". Ѝ беше до мајтап. Сакам да кажам (2) за мене "нејсе" беше како "ама ај" шо го користам јас. И сега ја читам @Rama пиши "ама ај нејсе" и си прам: "you must be kidding me".
Мислев дека споделувањето на моите мисли и чувства за се што ми се случува со моите родители,ќе придонесе подобро да ме разбираат и да ме поддржуваат. Но,гадно сум се излажала.За нив е задолжително да ми најдат маана и за нешто да ми преречат,дури и во ситуации кога заслужувам мала пофалба од нив(на пример,за висока оцена или кога ќе направам нешто добро).Исто е и кога им зборувам дека нечии зборови и постапки ме повредуваат. Веќе ништо нема да им кажувам.
Често читам на форумов дека нашите родители биле конзервативни ама ние иднава младина ќе сме биле отворени луѓе со видици и погледи кон светот и разбрани родители во иднина. Колку само нема да е така, со чест на исклучоци. Епа денеска се шокирав колку само моите соученици, кој од нив тукушто станал полнолетен, кој за некој месец, се уствари заостанати некаде пред 2-3 века, иако се родени во најновиот век. Имаме една професорка, многу фина, полна со знаење, кај нејзе секогаш се знае редот, има прекрасни тефтери, скоцкани, кога гледам просто и се восхитувам на целата уредност, тестови се прават секогаш на време, жената е стварно пример за супер и успешен професор, организирана, секогаш со план и секогаш часот е исполнет. Иако предметот не ни е стручен, ни па битен за нас, сепак некако знае да го направи интересен и сепак да сакаш да си на тие предавања. Во време на технологија, така досадно кога ти е на одмор, отвори си професор и манијачи си ги по интернет. Манијачеле и дознале дека е 35+ години ама немала ниту маж, ниту деца. И одеднаш муабети, ау џабе толку учела, студирала, знае се, нема деца, не е мажена исто како ништо да нема. Голем губиток во животот, на жената успесите и биле само бракот и децата. Се изнервирав и иако не учествував во муабетот се вмешав, просто не можев да замижам на вакво нешто, па на моето кажување дека не секој сака брак и деца пред се, сака кариера и образование, има други цели, па на тоа добив ццкање и реакции како човек да сум убила, па демек ако така сум мислела, така немажена као оваа ќе си останеш. Џабе ќе ти биде се, нема деца да те чекаат, маж да си имаш. Жената не е за праење кариера. Ќе остареш после, џабе парите. Па моите у 90тите мислеле попаметно од нив. Страшно, млади луѓе со вакви размислувања. Ние не за ЕУ, па ни у Саудиска Арабија не би не примиле.
Сега сфаќаш дека ни се такви мојата и твојата генерација?Добредојде во 21век..кај мене ова е уште одамна така.И јас имам таква професорка.Без живот
Сакам да имам некое магично стапче за да се вратам барем на кратко во минатото за да видам каде згрешив. Во кариера, во љубов, во пријателства. Буквално во се Животов ми изгледа на една огромна грешка
Од нешта кои ми го топат срцето, е и милото маче кое утрово додека седев на клупа, скокна на клупата, си седна во мојот скут и почна да преде и да ми се гали од раката. Иако го тргнав неколку пати, тоа упорно се качуваше и едно време ми ја стави шепата на рака. На крај, кога станав од клупата почна да ме следи, да мјаучи и да потстокнува за да го галам. Толку мало и кревко суштество, а толку полно со љубов кон некого кого не го ни познава.
Нејсе се користи од пред турски серии, не си муабетел доволно со баби и дедовци. Со помин нека е мислам и јас дека од сериите почна да се користи
Читам караница на фб помеѓу најмајки дали и колку биле строги. Строгите со деца од веќе 20 и повеќе години, претежно мајки на машки деца и еден куп титули за нивните уважени деца мажиња. Отварам... 90 посто геј. Па да и кажеш дека синот и е геј има на лице место да остане. Едната па и ја познавам. Во Бигорски им е главна спонзорка и само оди да се исповеда, децата од осуденичка клупа ги одгледа и сега си замислувам како ќе биде како печена кога ќе ја воочи вистината. Така строга, па и побожна... одма ќе му препише 10 оче наш и ќе фрли 1000 евра за организирано бдеење у Бигорски за вадење ма ѓаволот од нејзиниот син. Моите викаат дека со деца не се фали, на крај ќе те покакаат. Е така.
Џабе здрави исхрани,тренинзи,спортови физички-„чистиот воздух“ ќе не убие.Психички-омразата која што во последно време е толку многу експонирана. Секој ден сум повеќе запрепастена колку дволични и одвратни луѓе има.Се' додека се ситите на туѓата несреќа,вие длабоко ќе сте несреќни. Ете толку имам да кажам.
Она чуство од внатре кога ти доаѓа на среќа!! На емоција да викнеш на цел глас едноставно се чуствуваш среќен некако лабаво опуштен и уживаш у животот и во моментите со саканите Она чуство кога уште сега си замислувам како ќе слушаме музика и ќе возиме возиме возиме ќе гледаме убавини низ сливенијава италијава и ќе подпевнуваме со дете и маж Па сакам тамо околу у сабајле да застанам накај србија на кафе, само една цигара и да бљуам у птиците што ќе црцорат.. сами.. а го осеќаш претстојниот изгрев на сонцето Добиваш ентузијазам на слобода, на убавина, на светски а мое
Сите како деца сме имале желби, мечти и фантазии кои ни изгледале недостижни и никогаш остварливи. Дали некоја од тие желби ви се остварила? Макар и некоја мала, што само прелетала низ мислите некоја вечер пред спиење. И онака возејќи се во кола додека размислувате за тоа каде ве донел животот, да сфатите дека тие некоја од тие желби се остварила. Никогаш не помислував дека некоја од моите фантазии со кои се успивав ќе ми биде остварена. А денес живеам една од нив. И тоа се случи така брзо, случајно, но е прекрасно и е нешто што сум сонувала.