После 19 год од убиството на малата 8год. Јоана денес го осудија гадот 12год. Мајката видно потресена а гадот изјави сакал само да ја има. Велат не посакувај лошо и сл но на овој се надевам ќе му се врати тродупло. Понеделничка негативна енергија.сори
Она кога на почеток мислиш дека е бунтовна и бара правда, имаш восхит спрема неа, а со тек на време сфаќаш дека е само кавгаџика со тенденции да се расправа за било што и да си преувеличува во нејзина корист. Боже спасуј
Имам другарка,работеше некоја си година и пол-државно. Маж,дете,плата- не беше задоволна од ништо. Секој викенд се шетаа некаде-пак мрчеше дека не е од ништо задоволна. Дојде другата партија на власт,ја избркаа од работа и сега седи дома со детето (5) и пак се жали. Најјакото ми беше муабетот дека разговарала со мажот и' , и и' рекол дека не ја пушта да работи за 6 000 ден. Не знам, стварно не знам како да речам...се мислам, од една страна да седиш дома со дете и да не работиш на 28 години е лошо- психички затвор е бе. Битно, се накитуваш со најубавите алишта и одиш на кафе и се сликаш. Мажот и' бе еј и кажува да не оди на работа. ДА,да добро прочитавте. Е ова ко ми го кажа,нерва ме фати. Кое право тој да кажува за неа? Наводно,парите што таа ќе ги заработела ќе ги извадел тој со многу полесно. Каде е бе тука твојот глас како жена? Па од др страна, и во право е за 6000 или 8 000 кој ќе оди бе? И тоа е тортура. Ама кога немаш избор, подобро да бидеш активна отколку пасивна. Немам коментар,стварно,немам поќе.
Сдк дека денес само што излегов на тераса, малиот (2,5 години) ме затвори. Си седна, си изгледа еден цртан филм, си трчкаше наваму, натаму и после 15 минути ми отвори врата насмеан од уво до уво. Прв ден од годишен одмор многу забавно ми почна
Од луѓе кои ми го разубавеа денот ќе ја издвојам девојката која застана да го поздрави човекот кој ги метеше лисјата од улицата и екстра услужливите луѓе од копирницата кои и покрај гужвата не покажуваа ни трошка напнатост и нервоза, туку баш напротив со насмевка ги завршуваа обврските
Мојава ја има затворено мајка ми на тераса на таа возраст од прилика Не и' отвори.. па викала по луѓе кои минеле, па на еден му дала број од мене, па ми звона чоекот, да ми каже дека имам дете само внатре, и мајка затворена на тераса Баци го од мене
Ем ми беше ладно, ем се изнасмеав кога го гледав како се кикоти. Среќа не беше сабајле рано, ќе имаше кој да ми отвори Го бацив од тебе
Во Германија. Педофилит дефинитивно страшно болен створ но сега проверив после борбата на мајка и добил доживотно.
СДК колку е само точно она:Не кажувај секому се што знаеш,и не заборавај дека твојот пријател на кој си му споделил тајна,има друг пријател со кој ќе раширува и споделува натаму Во принцип не сум личност која многу зборува и лесно се опушта,не верувам секому,ама ете ми се случило да бидам и јас прелажана,за памет нека послужи
'' Ана Јовковска: Ги судите ли изборите на другите луѓе? Писателката Ирена Јорданова : Може да се случи да осудам нечиј ''моментален курс на пловење'' и тоа е човечки. Брзо се освестувам дека не знам каде ''плови'' таа личност и средбата никако не значи заеднички ''курс на пловење'', туку значи само точка на вкрстување додека секој не стигне до својата крајна дестинација. И што е најважно, никој нема сосема иста дестинација со другиот. Кога човек ќе го разбере ова на подлабоко ниво, нема простор за судење. Постои само разбирање. '' Единственото нешто денес што ме стави во недоумица од универзалната вистинитост што се разоткрива во неколку реченици. Моќна порака во два-тре реда зборови.
Луѓето што немаат попаметна работа во животот се занимаваат со вадење на невистинити муабети за другите.
Другарка ми ми вика зашто сум сакала да бидам сама за Нова Година било тоа глупост. Мене ми е глупост да давам по 2000 за кафани и дискотеки,јас сакам да ја дочекам во мир некаде далеку од сите.
сдк бројам минути да си одам дома. среќа брзо помина денов. едвај чекам со дете да си седнам. вечер и мекици ќе му правам сдк се дур мислиме дека некој чека од нас да пресудиме за некој зашто имал различно мислење од нашето и притоа го вреѓаме-нема да не биде. Ако не одговорам не значи дека не сум чула или разбрала. Туку сум доволно зрела да не се сопнам на туѓа простоќа. сдк се претплатив во меркур. кад је гроф био циција. маш вика полека нели куќа ќе прајме. ја викам абе и куќа и стан ќе купиме само да поминеме празници ко што треба сдк одам да пашнам една. доста зборам.