@LiliBoz...Сакам Да Кажам дека ако не одговараш на нечие мислење тоа може да значи и дека го игнорираш, зашто сечие мислење не заслужува внимание а и сечијата простоќа не треба да те нервира, доволно е што вришти за да привлече внимание. Нервите се за ,,убави,, луѓе. Секој кој се ставил во улога на Основен суд Скопје 1 Скопје си земал преголема обврска и товар
Извадок од еден расказ : ''Тукушто излезен од издржување на дваесетгодишна казна затвор, четириесет годишен маж , седи на шанкот во празен бар и го слуша шанкерот како му се доверува. ‘’Знаеш, тука на шанкот, по толку поминати години се чувствувам се` поосамено, иако постојано ги гледам, ги слушам, а понекогаш дури и зборувам со луѓето околу мене. Срам ми е да кажам, но единствената забава во последно време ми се сопствените забелешки што си кажувам за нивните недостатоци, нивниот очај и срам којшто тука пред мене го покажуваат и лагите коишто ги голтаат секоја вечер само за да не останат сами навечер. Знаеш, се чувствувам како да живеам во некој затвор којшто самиот си го ѕидам, но во којшто затвор понекогаш се чувствувам навистина удобно.” '' Денес очигледно стана какви се колегите со повеќе стаж. Исти како шанкеров од расказот, живеат во имагинарни ќелии во кои се осеќаат удобно и моќно додека ги осудуваат недостатоците на колегите со помалку стаж и мислат дека ги залажуваат и така мислат дека се семоќни. А надвор од работното место се само обични невидливи празни човечиња, онаа сива маса која не само што нема да ја приметиш и поздравиш туку нема и ни да се сопнеш од неа.
За сѐ има лек, ама за простоќа и глупоќа нема. Џабе и да си во најразвиената земја во светот. Ама па барем не ги боли, тешко на тие околу нив. СДК @LiliBoz ми е другарка со причина
Брат ми вака ја заклучи баба ми, иста возраст баш. Јас тогаш си идев од училиште и ја најдов на тераса и влегов од другата страна и отклучив со мојот клуч да влезам, па да отворам вратата на баба ми.
Обично верниците кои имаат нараквици од црква на рака, крстови во кола, на увце, меѓу цицки и курци-палци се најголемите грешници. Фмп.
Јас така ја имам заклучено мајка,а татко на работа па морала срцката да трча низ комшии да бара скала да се качуваат преку поткровје
Е вака и мали кога ќе порасне ќе раскажува СДК дека годишен одмор на вакво време е добитна комбинација
Од заклучување на тераса, го издвојувам она кога има промаја. Излегов да постелам алишта на тераса и бам - вратата се затвори. Викав по комшиите, да одат кај мене дома и да пратат некого да ми отвори. А од заклучувања како мала, сум се заклучила во дневна, сум плачела и сум велела дека никој не ме сака.
Сдк Вчера снегот во очи не переше, ја седната со кафе она од лименка најубавото закопчана палто, плус парно која идила у позадина шпанските хитови не да се натоплив не да ми беше топло у укуткано тоа чудо Одам и гледам од страните борја, планини, огради навеани ради да не излегуваат срните повеани дрвја а трупаше ли трупаше И јес да возезевме 50 битно уживавме у идилата што не често се гледа Сакав да останам таму забутана у некоја колиба и да уживам Сдк Никогаш нема да ми здосади да патувам, никогаш нема да ми здосади да се осетам она слободно и убаво меѓу куп странци, никогаш нема да се заситам од добра музика лименка кафе цигара и убави пејзажи Тоа сум јас цел живот Сакам и снег, и зима и топли шалови па и дебели чорапи
Леле ова ме потсети на нешто. Лани во Грчка се вратив порано од плажа кафе ќе пиела кафе де..госпожата и ќе пушакала.Арно ама вратата не беше со квака туку како со топче и на буткање и ако ти се затвори од надвор, наздравје.Клучот беше во кујната на масичето до влезната врата оставен.Јас одам да видам дали моите дошле, путем промаје вратата се затвара мене сѐ внатре распослано.. Прозорот од кујна отворен арно ама има решетки..пробај фати го земи го неќе.Си викам што направив пробувај со метли од тоа ќесите се испобуткав клучот не го земав.. Отидов кај домаќинката.Жената 70 години..оди разбери се на англиски.Правам гестикулции врата, клуч, не, мафтам и на крај сфати жената среќа имаше резервен клуч па ми отклучи.И одсега пазам, да не спиеме сите тројца колективно на улица некогаш. *ако не си го прочитам уште еднаш мислењето ќе го оставам со 100 глупости исполупано..
Периодов интензивно размислувам на фриленс заработка и да читам што повеќе. 4 месеци горе долу поминаа, јас се чувствувам некако ко смотана. Ко божемој оглупавена. Не смеам да си го дозволам тоа. Нарачав книги преку маж ми, новата на Живко ќе ми ја донесе другар ми и плус почнав да следам онлајн часови по готвење кога имам време и си го смирувам така малку мозокот. Ноември е при крај. Дождови и лесна меланхолија во воздух. Се надевам дека годинава ќе ја испратиме во полн ек и ќе и се заблагодариме за се' што ни приреди. Мене - брак, втора книга, бебе, сликовница на пат да биде издадена. Можеби премногу живот ми се деси и само треба да застанам и да си дадам аплауз. Особено по вакви денови кога од педијатар се враќам со количка сосе бебе по дожд, со две ќеси покупки, чадор и тон работа дома што ме чека. Жива, здрава, присутна. Малата спие до мене како мало небенце. Маж ми е на промоција и му порачав ладно пиво на доаѓање. Животот е убав. Тежок и бесмислено хаотичен ама единствен. Користете го секој миг за убави нешта и дајте си аплауз. Вие сте креатор на вашите животи.