Сакам да кажам дека јас сум виновна што те оставив да спиеш до покасно. Ама сакав да му олеснам на тато овие две недели да спиете повеќе сабајле. Всушност, на тројцата отежнав.
Како годинава никој да не го интересира прославувањето на нова година и никој да не е возбуден ни среќен воопшто, дури ни планови, ни надеж нема кај луѓево...Сите со кои праев муабет (уствари у кои спаѓам и јас) не планираат никаде да слават, туку да си седат дома и сметаат дека е тоа преценета глупост, а прославувањето пак и искачањето у дискотеки/кафичи е бесмислено, сите дремат на телефони и снимаат сториња и имаат натпревар кој е покич облечен. А демек млади особи сме... Или пак ова е бидејќи сум опкружена со паметни луѓе на кои вакви ствари веќе не им се битни и размислуваат зрело.Се надевам дека е поради тоа.
Преку секојдневните ситуации може да се потврди дека човекот е себично суштество. Суштество кое се грижи само за сопствените чувства и потреби и го боли црното под ноктите за другите. Најмногу ми се гади од луѓе кои цело време зборуваат за емпатија, а во пракса не применуваат ништо од тоа за кое зборуваат. БОНУС Епитетите од типот будали, ненормални , идиоти, кретени, дебили, лудаци и слично избегнувајте да ги користите за личности кои не ги познавате воопшто. И ако некој те етикетира со таков епитет која е неговата цел да разговара со тебе? Уште погрдо звучи и изгледа кога овие епитети ги користите за некој кој не се согласува со вашите мислења односно вашите ставови не се на иста бранова должина. И така некои ќе ти продаваат магла до утре сабајле дека другите луѓе грешат, а тие секогаш се во право и се безгрешни. Треба да имаш доблест да се извиниш кога си згрешил , а не да се инаетиш и да си тераш по свое само поради тоа што твојата гордост не ти дозволува да си ја признаеш грешката. ПС: Сега ќе се најде некој кој ќе ме просветли и ќе ми каже дека не сум во право.
Зимскиот училишен распуст во Македонија треба да трае цел јануари затоа што обично тогаш е најстудено, а воедно во интерес на здрвајето. Доколку толкавиот распуст ја ремети образовната програма, тогаш таа програма е погрешно составена и треба да се скрати.
епа не си во право другар. ок углавном си. Ама некад има исклучоци. дебилство е да немаш осет и да бушиш од 11 до 4 во недела. буши кога луѓето се на работа од понеделник до петок. зорт ли е во недела?
Исто и дрва кога се сечат од сабајле...поенатата е да е рано сабајле, оти ако е покасно губи смисла.(мислам јас сфаќаш иронијата)
Имаш среќа што немаш комшија како мојот. Овој во 5 сабајле со хилта си работеше. А еднаш дрва цепеше во 4 сабајле.
Добро бе кога ќе се научите дека за се,буквално за се можете да најдете време доколку се организирате ко што треба,ама не поинтересно е сто саати на ден да сте со дечковците,ко да сте напалени тинејџерки,а сингл другарките сакате да ви притрчуваат на помош тогаш кога ќе се скарате со дечкото и ќе ви треба рамо за плачење... Глупаво е навистина
Изгледа дека себичноста оди правопорционално со годините.И кај луѓе за кои не верував дека ќе се претворат во себични и егоисти се повеќе го гледам истово. Се плашам да не под влијание на околината и јас се направам таква...
Ок ... вака објаснато излегува дека сум расист кога станува збор за јајца. Па јас само жолти купувам . А баш се сметав за некоја без предрасуди.