СДК Отишле за НГ низ Европа демек. За тие 3 дена од кои 2 дена во bus постирале 60 слики на Instagram демек еве кај сме. Што се нема да направи македончето за пусти"престиж" на социјалните мрежи . Па дај ви се молам..зар само за НГ се "социјализирате" !?
Баба ми има една мудрост - не можешмда дознаеш колку високо ќе порасне дрвото ако го исечеш (од корен). Така и со луѓето. Некои не поднесуваат ничиј сјај, па или ќе се потрудат да го згаснат или ќе се појават како кичест лампион во погрешен период од годината. Обидете се да создадете свој сјај, да пуштите свои корења и создадете своја раскошна крошна, да ја пронајдете среќата во себе. Не се хранете со туѓа светлина или ако веќе ви пречи...шо знам, ставете си очила за сонце и сфатете дека сте сероњи. Некои луѓе во однос на вас се свемир...и тоа е фактот. Годинава што следи само едно си посакувам, да цитирам една смешна рима што ја добив вечерва "со верба и меше полно летна берба".
Последен дену од 2018 земи се што е лошо и не ми го враќај. Нека ми почне утре 2019 само со убавини. И на сите ви го посакувам истото.
И конечно куферите од годинава се спакувани и оваа година може да се испрати. Нова година календарски делува убаво на психа. Нова година, нови 12 месеци, нови 365 дена...толку нови шанси за да се направи нешто ново и поинакво. И дава некоја надеж така душевно за нешто подобро. Годинава да не се повтори, нека си оди со сите лоши мигови, излеани солзи, тешкотии на душа. Спремна сум за новата, а товарот од старава го исфрлам. Спремна сум за новите предизвици, шанси, мигови. Се надевам ќе ги искористам правилно овојпат.
СДК од срце Ви посакувам 2019 да Ви донесе : Топол дом и полна трпеза, здрави и прави дечиња, многу здравје, успех на секое поле, повеќе 0 на платата, многу љубов, повеќе секс од ланскатапартнер кој ќе Ве сака, почитува и поддржува, и повеќе денови поминати со смеење
Која среќа човек ќе ја има,ако се роди на 31.12.и тоа во 08.50мин. Ни назад, ни напред Малер,малер,малер. Добро рекле старите Родиме мајко со среќа,па фрли ме на буниште
Херои за 2018 ги прогласувам сите измачени граѓани на мојата земјата кои едвај врзуваат крај со крај,а сепак наоѓаат сила да им се насмеат на сопствените децата на крајот од денот.
Мајка ми, овој период пред триесет и шест години, ееее! ))) Неколку дена по ред се мачи. Те иде да прераскаже, те се смешка ко тиква зелена и мења правец битно се откажа од старата елка. Мрдна од дома. Се изнаспа ко човек покрај сијалички и т'ј. Годинава ми беше стрит фајт Али, стандард. ќе си поќутам за најбитното, ќе си крекам за се друго. Ич не ми се филозофира. Мислам дека се збогував со таа етапа. Што ми остана..да нацапам нокти со лак, да гувеам под сијалички, се шеќеросам за последно)) се извинам некому....и lay low пошто, .ќе има уште некој стрит фајт у 2019. стеди, реди, гоу. Хохохо! Малку патетики за хепи њу јеар
Не сум правник и многу многу не знам како одат законите. Ама сметам дека треба да се прави разлика кога му се суди на некој обвинет за силување и друг обвинет за на пример неплаќање данок и кога им завршува казната на овие. Силувач на слобода е многу поопасен за околината и има многу поголема можност да го повтори делото отколку овој вториот. Кога некој еднаш ќе изврши дело како (обид за) силување, не ни треба веќе воопшто да се движи меѓу луѓе.
Јас гласам за јавна кастрација без аналгезија и анестезија, на плоштад, голи.... за силувачи и педофили!
Сите тие спаѓаат во тоа што го кажав..(без да праам ,,сегрегација'' дали е самохран,(не)вработен итн..реков со еден збор измачени.
Ајде што си бевме големото друштво, големото друштво сите пијаници. Море дојде време в туѓина да одиме, кој туѓина фати назад не се врати.... Ај да дослушам песната па да се обидам да поспијам малку. Вечер сум на работа .... Останете ми со здравје, се читаме другата година.
Ова е последното мислење за оваа година. Утрово се разбудив во стандардното време како што се будев и претходните денови во 10 часот, завршивме некои обврски со татко ми, купувавме поклони и останати намирници. Ручав, си направив кафе и комотно време имам да се изнакажам некои работи... Ти Бубо ако го читаш после неколку години, како член да фемина форум од кој доживеа многу негативности и позитивности, остани си иста каква што си, со круна на глава, не заборавај ти си таа што беше бунтовна, што делеше правди,што се контраш оти знаеш дека е така, оти не ти се глуми лицемерие, оти ти го мразиш тоа. Го мразиш, не давај да те бутнат луѓето, не давај да останеш без успех. Ти Бубо ако го читаш ова после 1 година или после некое време, знаеш кое ср*ње ти беше годинава, чисто ср*ање, имало и убави работи и искуства и од се што направи, издржа и си замина, се исплака, се изнасмеа милион пати не пропуштај ништо во животот. Не пропуштај ги шансите, не ризикувај се за други. Знам оти се грижиш за другиот, оти последното парче торта ќе го поделиш со другиот, ама тој другиот ќе те продаде при прва прилика. Знаеш што се преживеа, доживеа и виде, не го губи она Европското во себе, гледај си за себе, биди себична. Ох, по ѓаволите ти мразеше да бидеш себична, ама научи. Време е да научиш, не го дели парчето торта со другиот, не го отварај паричникот. Одредени зборови на татко ми ми се вртат во глава го цитирам "Не очекувај ништо од никого, помогни и батали, јас сум бил таков на твои години, сум гледал сите да имаат па за мене што ќе остане тоа е, но гледаш на денешницава тие не ме познаваат и сум научил доцна дека сум згрешел. Не го прави истото и ти.„ Главна мотивација треба да ми биде токму ова, и секогаш си велам да кажам НЕ јас ќораво велам да оти добрината што ја имам во себе, проклето добро ме исполнува. Ме прави да се чувствувам посебно добро, пресреќно. Ти благодарам 2018 за турбуленции, тешки борби, болести и успеси. Но и за сите неуспеси, се што е е неуспех е причина за поголем успех. Бев на врвот, го видов залакот и го уловив, се качив сама и уживав, но сама и се симнав не е врвот на успехот мое место, таму нема никој. Екипата е некаде меѓу средините, но ако соберам добар тим можам да си направам свој врв на заеднички успех и сите да бидете таму. Ти благодарам 2018 за сите просветлувања, за сите непријателства и пријателства. За храброста и издржливоста да си заминам без збор, си продолжувам во следната година без враќањето назад, без гледањето назад. Некои луѓе не заслужуваат да бидат присутни во мојот живот. Ти благодарам 2018 за здравјето на моите родители, што ги чуваше Бога и што не и даде на мајка ми да падне кога заминав, кога и беше празен станот без мене, кога спиела во мојот кревет, кога се разбудила чекајќи ме да и направам кафе, кога со солзи преку екранот ми велеше дека и недостигам и дека е празно без мене. Кога се изгушкав и се качив во авионот мислев е лесно најтешко ми беше горе на небото, ја помислив и велев како ли ќе издржи без мене, ама издржа. Женски и храбро, една ми е мајка, една и единствена. Ти благодарам 2018 за мојо татко, мојот идол, мојот партнер во криминалите. Мојата утеха во се. Ништо не би можела да е тој, да нема да ми сошие некое копче, да нема да ми направи кафе. Толку ми недостигаа кога бев далеку, нема ништо волшебно без родителите. Ти благодарам 2018 за личноста што ја запознав преку бивши ми, една од најдобрите луѓе. Што ме разбира кара и сака, ми докажала многу пати. Лојалност што значи, научив толку многу од неа иако е помала од мене. Бев заспана па се разбудив преку неа. Најдоброто нешто што ми се случило е таа. Ти благодарам 2018 за чичко ми што ми ги купува најскапите пакетчиња, што сеуште ме гледа како свое дете иако нема свое чедо. Ти благодарам годино за недостигот од баба ми и дедо ми и непроспиените ноќи. Премноогу ми недостигаат, премногу. На сите вас ви посакувам среќни празници, сите желби реалност, мирно срце. Затоа, во Новата година си посакувам здравје и среќа. Си велам Thank you, next.
Гушка до најмилата @buba4e89 Денес, конечно успеав да се насмеам, да ги делам моментите со моите најблиски, да не мислам на она што се случило туку да ја зграпчам новата година заедно со сите нови можности. Некои личности кои се покажаа себични, ги оставам во 2018 со надеж дека нема да се покажат во 2019 година пред мои очи.