Неочекуван убав дочек, со мили луѓе, муабети, смеа, музиче,мезе. Среќна Нова година, весели празници, да читаме повеќе убави работи од сите нас. Да ви донесе на сите што си посакувате.
@cresa-jagoda на сите од срце ви посакува Среќна Нова 2019 Заборавете на сè лошо што било изминативе години. Со позитивна енергија и позитивни мисли, насмеани почнете ја 2019. Имајте најмногу здравје, бидете најсреќни и најзаљубени во вистинските личности кои ја заслужуваат вашата љубов и кои искрено ќе ве сакаат, бидете опкружени само со позитивни, вистински и искрени пријатели кои ќе бидат секогаш тука за вас и во добро и во лошо, но не заборавајте дека и вие треба секогаш да сте тука за нив. Потоа ви посакувам многууу успеси на секое поле, работа според струка, пари тука во Мкд не може многу, но да имате доволно за еден нормален живот. Ви посакувам секоја желба да ви стане реалност, од убавини да не куртулите. Нека сите 365 дена ви бидат исполнети со насмевки, многу љубов и најмногу прегратки со вашите сакани. Ве гушкам најсилно Само за убаво да се читаме во 2019
Сдк многу е глуп Филипче. Ама претерано глуп и прост . Кога ќе прочитам негова изјава се си мислам у буре го растеле. Намален бил бројот на лица што користат дрога. Изјава дадена под наслов колку пациенти завршиле на токсикологија за време на новогодишната ноќ. Извини министре а од каде ти знаеш дека е намален? у попис им одиш? ако не завршиле на ургентно демек нема наркомани? Друга изјава. мора вакцини за во градинка и за во школо. Ок ќе си го чувам детето дома , јас ќе го едуцирам и ќе плаќам приватни часови. И така 80% од професориве за цурац не ги бива посебно во стручно- страв им е работата да не им ја земеш. Некад се смеам а некад ми се плаче. биваше ли олку глуп човек да е министер за здравство !?
Среќна нова 2019 година дечки! Да ви биде на сите радосна оваа година Да се освестиме од ова бунило,и да станеме сложни како народ,да не мислиме само на себеси,туку да научиме за пожртвуваноста и да ја применуваме почесто годинава,да бидеме насмеани секогаш и секаде.Нека ни е благословена
Среќа е кога ќе се разбудиш без аларм во викендичка на планинско место. Од прозор гледаш дека покривите на куќичките се бели со снег, а случајно забележуваш дека во двор ти дошле малите кучиња и пајки од комшијата, правејќи ја глетката како од сликовница. Среќа е кога цел ден ќе го поминеш во прошетки на чист и најсвеж воздух со твоите најмили. Снегот крцка под нозе, а вие одите де на една, де на друга страна од планината и ридовите. Се надеваш дека ќе сретнеш срнче, а од друга страна се молиш да не наидеш на мечка. Среќа е кога си далеку од гужви и едноставно успеваш да ја слушнеш тишината. Среќа е кога си правите палачинки, си пиете топол чај со саканите и го ложите каминот. Смеење, кажување приказни, уживање со блиски пријатели и роднини. Уште поголема среќа е кога со мирна совест си легнуваш, додека од надвор се слуша слабиот жубор на рекичката недалеку од дома. Spoiler Ова ми е најомилено место за одмор од цела земја. Уствари секое место од каде што имаш корени е најубаво, а на секој човек во одреден период му треба рестарт. Воздухот е постојано чист и пријатен, а не густ и тежок. На зима има скоро секогаш снег, а преку лето многу овошје, свежо временце за седенки во двор, додека наоколу се е шарено и расцветано. Ноќно време буквално се гледаат ѕвездите, а нема смог, чадови и магли. Рај. Нека продолжи годината вака мирна и хармонична, со смеење покрај весели и пријатни луѓе, убави разговори и многу јадење и пиење. Кај сите дупло повеќе здравје, среќа, љубов и успеси. Среќни празници на сите, а посебно на тие што се дежурни на работа за време на празничните денови/вечери.
Ценете се себеси, кажете благодарам за она што го имате, на никој не покажувајте ги вашите слабости.Ширете позитивна енергија, давајте и примете љубов.
Малце повеќе е одвратна глетката да гледаш мажи со бурма на рака, да дизаат испотени мишки у вис и да кинат гласни жици на сељачките стихови ' ја сам ожењен ал ништа озбиљно' , ама вие си знаете. Бљак.
Некогаш кога додека сум уклучена на форумов и ми стигне известување за ново мислење, одма отворам ама гледам дека е долго. Го читав цело и ставам лајк уште пред да се смени во A minute ago. Па тој што го пишал мислењето сигурно се чудел како одма му лајкнал некој. А всушност само јас умеам брзо да читам.
@buba4e89 како деца кога одевме некаде да честитаме после 12 или следниот ден на сите минувачи по пат им довикувавме Среќна Нова Година само колку бевме среќни кога некој ќе застанеше и ќе помуабетеше со нас - времиња
Искуствата ни ја даваат најважната животна лекција. Битно е да си ја научиме, а не стално истите грешки да ги правиме.