СДК, колку што се успав денес никогаш не сум се успала, дури виновно се чувствувам. Гледам на телефонот мислејќи дека е 10/11.. 13:15. Е браво, само да не ми тргне годинава со олку успивање..
За 20 000 да дозволиш да ти влезат 3ца функционери, не знам колку камермани и да ти ухне пијаницана со не знам колку вируси, па не се исплати. Само несалам мое да сака ова и уште врсски да фаќа.
Не верувале во хороскоп, не можело да биде за сите ист, а веруваат во некоја си шема за потребна тежина што е иста за сите, а не сите имаме иста градба на тело, мускулна маса, физичка активност итн.
^^Во контекст на ова. Исто кога на некој ќе му спомнам дека имам таков тип на тело што лесно се поправам, а тешко слабеам ми превртуваат очи демек наоѓам изговори и дека како некој друг можел, така и јас. Може за можење, ама не е кај секој исто. Како јас сега со железото што ми е 30+ (сериозно ми е над 30) на некој што маки мачи со анемија да му речам - абе како јас можам да имам толку високо железо без да бутам цвекла и семиња, можеш и ти.
Јас сабајле му викам на дечко ми: "дај ми некој денар да не одам до банкомат, а да не шетам со празен новчаник". Дали тоа значи дека цела година од него ќе се грабам? Изгледа и ненаспана цела година ќе одам на работа (ништо ново) Благото планирав да го намалам, судејќи по денес, само нека частат луѓе, не се лутам. До сега само со убави луѓе исполнет денот и со многу малку работа. Нека е така. Само прво нешто што направив сабајле штом тргнав на работа е да се јавам на мама, нема делење од цицка и оваа година изгледа а баш се надевав ќе ја олабавам малку П.с. и пари на сметка легнаа. Ај нека се множат
Ич да не паничиш, па и суеверна да си, на арно си тераш, цела година ќе трошиш, па по логика, за да трошиш мора прво да имаш, така да, донт вори
Шо итра лисица си демек немаш во тебе парине му кажувај може не знае за денес каков ти е денот таква ќе ти/му биде годината. Не ми замерувај што те цитирав ме насмеа слатко затоа пишав. Туку се мислам сеа дали јас на мојот да му земам пари или да го земам со мене на шопинг па он да плати. #прашањекоемемачиденес
Ќути и плата земав денес. А тотално нескромно му извадив илјадарка од новчаник Ај нека се множат. Ич не се лутам што ме цитираше. Леле, шо ден имам планирано, сега кога ми текна дека тоа значи дека секој ден таков ќе ми е... Леле, леле...
И јас спиев до 12, а обично 9-10 се будам и мајка ми рече цела година зар ќе си ваква мрзлива и поспана. А, јас толку, одморив веќе 10тина дена без работа и ми се работи и учи нешто веќе. Тежок воркахолик сум станала. Значи цела година ќе ми се работи? Добро е. Плус цело попладне еве гнетам благо и пијам сокови, а успат читам медицински статии зошто не ми се седи на празно да трошам време. Па ништо ново, секако од медицинските книги глава не кревам, а богами и од благото не се откажувам. Значи годинава ништо ново и невидено нема да ми е. Фала ти Св.Игнат
Кога во темата 2019 goals...читаш дека 98% од мислењата на младите се: -Да заминам од државата. Па тоа е тој дух што се бара кај млади луѓе во нормална држава На сите нека ви се исполнат желбите, а посебно вие што сакате да заминете, пошто таму надвор е животот за младите а не тука во дупкава полна со смог, чад и заостанат менталитет. А успат ќе заборавев да ги поздравам родителите тешки сељаци што ги воспитуваат децата уште од мали да фрлаат петарди помеѓу народ. Наоколу има бебиња, животни, стари луѓе, луѓе со здравствени проблеми и тој застанал детето да го учи да фрла петарди помеѓу цел тој е*ан народ, и се смее. Па нормално ќе се смее на петарда, на што може друго да се насмее таков сељак? Замини си од земјава, не го троши воздухот за џабе.
Ајде сега вие што не си ги вакцинирате децата, а имаат морбили сами лекувајте ги. Затоа што знаете повеќе од лекарите.
Го слушам Тајзи, гледам мамички блогерки на инстаграм, играм на лоша музика во диско и некогаш возам како сељак. 2019 ќе е годината кога нема да сменам ништо од ова. Може евентуално да ослабам.
Дај молим те немој да возиш како сељак. Мила си ми, а на луѓе што што од инат лошо возат сум искрено алергична. Неќам да те замразам, жити сѐ