Не му наплаќаш на таксистот, туку му плаќаш. Тој ти наплаќа. Инаку, ги има многу такви безобразни. СДК, вчера ми се оствари еден од најголемите стравови во животот, ме допре глушец! Затрчан беше да бега и ми се удри во нога, боса бев.
Познато ми е како во ова општество, на повеќето девојки и жени може да им биде тешко да имаат самодоверба и да бидат задоволни со своето вистинско себе. Кога околината во која живееме, па и целиот свет има одредени очекувања за тоа како треба некој да изгледа и како да се однесува, сосема е нормално сите девојки и жени да не ги исполнуваат тие наметнати стандарди. Тоа не значи дека тие девојки се помалку вредни, меѓутоа во мои очи тие почнуваат да ја намалуваат својата вредност кога се обидуваат да се претстават како нешто што не се. Всушност, ова е веќе познато бидејќи искрено, скоро и не постои некоја личност која не сака да биде подобрата верзија од себеси - проблемот настанува кога мерките што се преземаат се исповетуваат со измама и злоупотреба на туѓ идентитет. Не сум размислувала многу за ова се додека пред неколку дена не дознав дека една (не толку блиска) колешка искористила моја слика за да ја стави на нејзиниот профил на online dating site. Да не навлегувам во многу детали за непријатната случка, навистина бев изнервирана што некој се обидел да го искористи мојот изглед за да привлекува други луѓе за романтични врски, но потоа се обидов да размислам на начинот на којшто колешката размислувала за да ги разберам вистинските мотиви на оваа нејзина негативна одлука. Сметам дека навистина е интересно, но и необично да ја замислиме љубопитноста на она во кое веруваме или сакаме да веруваме. Науката зад субјективната реалност е флексибилна бидејќи настанува во нашите умови, но истиот тој непрецизен аспект од субјективната реалност се сака да се пренесе во објективната реалност. А причината за ова е бидејќи незадоволниот и несигурен поединец едноставно сака да избега од објективната реалност во која живее, а притоа се однесува на неговиот изглед, карактер, или неговиот живот, генерално. Со ова сакам да кажам дека нема ништо погрешно во тоа да сакаме да станеме подобрата верзија од нашето себе, меѓутоа навистина е погрешно кога мерките што се преземаат да се постигне тоа, директно или индиректно повредува и злоупотребува туѓ идентитет кој треба да го претставува нашето посакувано, но нереално себе. Бидејќи со тие постапки, вие никогаш нема да бидете подобрата верзија од вашето себе, туку само една лоша имитација на туѓ идентитет.
Толку ли е тешко луѓево да кажат што мислат искрено и на време? Концептот не можам да го сфатам никако. Ми смета нешто, си ќутам, си ќутам и после се лутам затоа што некој не ми ги прочитал мислите да дознае што тоа мене ми смета. И се расипувале меѓучовечки односи. Епа ќе се расипуваат, бе! И ме боли уво за тие што мислат дека ние сме Баба Ванѓа, си заслужуваат. Жал ми е за останатите. Си мислиш се е океј, и од еднаш бомба, па од кај ова, што ова, зошто ова? Хаос. И не можеш главата да си најдеш кај ти е дека некој немал муда да биде искрен и отворен. Патем што и него би му одело во прилог. Полесно е вината на другиот да се префрли. Не е страшно чувства да имаш, страшно е да ги потискаш.
СДК сега сум комплетно решена дека сакам да се селам во странство со дм откако ќе завршам факултет и дека во оваа држава убава иднина нема, ни ќе има некогаш. И претходната и сегашнава власт се с*ања невидени. А колку надеж имав дека овие ќе ја опорават државава од претходните, ги гласав секогаш, но тие уште повеќе ја расипуваат. Повеќе ни на гласање не излегувам, нека се испотепаат ама ич не ми е грижа. Фрчат партиски вработувања насекаде, тој што е на власт си става негови луѓе без разлика дали се образовани за конкретната позиција. Криминалци владеат со нас и кај нив се најголемиот дел од парите. И не е само до парите, и менталитетот и малограѓанштината си го прават своето. Комплетно сум разочарана. Најубаво е тоа што си оди квалитетниот кадар искрено. Поубаво некаде каде што ќе те ценат како работник, ќе те платат колку што заслужуваш и да работиш во убави услови, отколку овде да си играат мајтап со тебе газди балканци со основно или да бидеш партиски пиун. Море само надвор му е мајката, само надвор од овој пустош.
И јас мислев дека е брод Не сум ни зачитала дека пишува bug. Антолино 7 години ќе полниш на форумов, браво
За разлика од порано, сега сѐ повеќе имам чувство дека сум близу до врвот. Сеуште не го имам доживеано вулкански во полн ек, но чувствувам дека го допирам на врвот од прстите. Етапно, бавно, прекрасно. Како котел на пареа кој полека зоврива каде се радуваш на секое меурче. Од лоши вести за дванаесет дена сум се угоила пет килограми, и плус две од оние кои претпразнично останаа. И не мислам дека се вода. Не, не. Сало е бре. Никако да се доведам во ред. Контрола ми треба. И дистанца од пици, палачинки, солени wrap-ови, увијачи, чизкејкови, чоколади, макарони, крем салати, кифли, алкохол, цигари. Зошто овие постпразнични денови сите лоши навики кои ги тргав годинава со еден клик на прстите ги вратив. Плус, не сум воопшто физички активна овие два дена. Ама ај уште малце вака и после контрола. Имајте убава Бадникова вечер, каде и да одите.
Божиќ - празник со многу убави бои ... боја на почеток, љубов, сила, благодарност, почит, сочувство, милост, споделување. Честит Божиќ
Доцнам, ама среќна нова 2019. Никогаш не потценувајте колку многу може да ви се смени животот во тек на 365 дена.
Сдк, вечерва се чувствував како да сум сред некоја огнена апокалипса. Како околу мене да се многу култови и во секој момент ќе бидам фатена за раце и нозе, ќе ми биде турено црвено јаболко во уста, и ќе бидам испечена на ражен. Многу грди обичаи...
Од сеа на секој мањак ќе му пишувам како би сакала да му брцам дилдо во га*ето... Ако не сака, ќе му речам од кај знае ако не пробал, и дека е одлично искуство. Сигурно на девојка му би и се навлажнила многу ако и го приушти тоа задоволство, па уште ако и со друг дечко и напраи изненаџење за роѓенден... Мхм,мхм,мхм... И ќе го прашувам дали голта, и ќе му пуштам некој линк од статија дека спермата е добра за тенот, а и пуна е со протеини, тамам да може поише да дига на бенчот... Феминизам, еднаквост за сите!
За многу години да нѝ е празников.Господ да ве чува сите и се најубаво.Нека ви биде денот исполнет со среќа и радост како и секој друг.
Оти секогаш ми се ладни стапалата а топли рацете и обратно најстрашното нешто е да те фати грч на стапало. Секоја вечер аман!