Маш доаѓа дома од шетање куче Абе беа циганите? Кои цигани? тие големите што пеат коледе ? не. Само наши деца. сеа ги гледав како фрлаат ореви овошје во контејнер. .. не сакале тоа пари сакале. епа ќе си гризнам од рака ако им подадам некад. сме имале период кога сме сонувале овошје да имаме дома. жгуљава јаболка 20 ден кило што е сме немале. А друг ќе ти ги фрла. Е нечеш. син ми со сласт ги јаде.
Моите дома викаат, урлаат се забавуваат а мене главата чочна да ме боли. Ама ако нека се они среќни убаво ми е да ги гледам така.
Сакам да кажам дека колку шо можи да ме изнервира некој шо дава нешто мое без да ме праша, многу поќе можи да ме изнервира некој шо дава нешто мое без да ме праша на некој шо сите го знајме како неспособен. Не. Не ми е гајле дали ќе се налути. Сум го земала то нешто за да го користам, а не да го дам за еднаш на некој и да ми го расипи.
На истото помислувам кога ќе им дадам пари: „Каде завршуваат и како се потрошени?“. Сакам да верувам дека ги трошат навистина за она што им е најпотребно (храна, вода или нешто слично). @LiliBoz Има и такви какви што кажуваш. Можеби и повеќето се такви, но некако мислам дека тие се забележливи поради нападноста. Додека пак овие кои застануваат и љубезно ќе те замолат да им дадеш десет денари не можам а да не си помислам дека единствено им се потребни за храна.
не, не зборам за сите. Овие се една фамилија овде и не се деца туку магариња. маш од 45.год пее коледе. Кој ми побарал храна не останал гладен од моја рака тоа е сигурно. Ама на вакви не давам. Во црква 2 недели уназад имаше организација донираа сите храна и знаеш дека што ќе подадеш ќе се изеде. Ова е препотентност невидена овие што го прават...
Се сеќавам на работа имаше 2 парчиња торта,бевме 3јца и затоа го прашав тој што држи смена чиви се и дали се за нас. Тој ми одговори дека едното е за него, а другото за мене, а за другиот колега нема. Затоа отидов до кујна и земав две лажички и го викнав третиот колега му велам: "Две парчиња се ама јас и ти ќе го поделиме ова, а Ј нека го јаде сам своето." Подоцна го гледам Ј како го дели своето парче торта со некој друг колега од другиот кат. Знам дека оставам трага.
Кога сум нервозен, не ми се јаде.Кога сум гладен,нервозен сум што сум гладен. Зошто ми се меша нервозата у апетитот појма немам.
Та да да даммммм Конечно се прибрав од работа, цел ден цркнав , ама ако, утре слободен ден, ќе одморам душа Туку сакав да кажам еден од омилените германски зборови ми е drucken ( испринтува пример документ ) и пред некој ден со сестра ми се слушнавме на месинџер додека бев на пауза на работа и вака од прилика идеше муабетот. (на наш штипски дијалект ) Сестра ми : шо праеш ? да не имаш работа ? Јас: те на пауза сaм, остана ми една незавршена работа Сестра ми : шо тоа ? ќе се задржеш ли ? Јас: абе треба да му издрУкам нешо на еден Сестра ми : шо ќе праеш ? На кој шо ке му дркаш ? Јас: абе да му издрУкам- испринтам еден документ на еден патник Сестра ми: аааа епа тка кажи, од дека да те знам шо ти значе тоа. Јас: епа од сеа натам ќе знаеш. .......... ......... ......... Сега да одам под туш и да си пуштам клипови со К 15 да си се расположам еј жими се ги обожавам , се смеам ко улава ц ц ц ,,,,,дај бе да се озбилам !!! Ајдееее заминав под туш
Кај нас се знае дека е празник кога мајка ми ќе направи благи, ме тера да пробам и со преполна уста велам дека се супер, исто и сите дома даваат пофалби, а таа цел ден се жали дека: 1. Биле препечени. 2. Филот немал доволно шеќер. И на крај кога конечно ќе проба барем едно парче ќе рече дека сепак не биле толку лоши.
Минатата година кога го кршевме лепчето ми се падна паричката, мајка ми вели изеди го цело лепчето што ти го дадов и кај што беше паричката. Јас и реков другпат, мајка ми вика што сакаш со ова да кажеш дека и наредна година пак ќе ти се падне? Јас реков да. Ете денес трета година по ред ми се паѓа паричката. Имајте пријатна Бадникова вечера. Имајте мир, среќа и бериќет.
Руската салата од рамстор и веро врска немаат. Тој што ќе ме земе за жена ќе јаде доживотно руска салата пошо е единственото нешто што actually ми испаѓа превкусно.
Можете да бидете благодарни за се што имате, се што ви се случило, а во исто време да знаете дека можете да имате повеќе, да сакате повеќе, и тоа е сосема во ред. Не дозволувајте некој да ве направи да се чувстувате лошо што сакате повеќе, а уште помалце да ве натера да мислите дека не заслужувате.
Помина 18 дојде 19 год. Старата ја испратив со доста тага доста смртни случаеви болка и голема самотија и осаменост. Единствено среќа ми донесе мојот роденден и едни 2 суштества кој ги сакам од дното на душата. Претходната година ја поминав осамено премногу без љубов од ниедна девојка, толку многу вложив и на крајот разочарување до разочарување и во оваа година без љубов. Аххх до кога оваа проклетА осаменост. До кога ќе се радувам на др свадба на др раѓање на бебе на др радост и веселба кога мојата душа ќе се израдува кога мојата душа ќе зачука силно покрај некоја друга кога некоја ќе ме прегрни толку силно кога некоја душа ќе се радува на мене. Воздивнувам длабоко одговор нема веќе 9 месеци.