Стига пратка за татко ми кој е починат,нормално одам да ја подигнам од пошта,таму вработена Албанка,и кажувам дека стигна пратка за татко ми и сакам да ја подигнам затоа што татко ми е починат,таа ми вика неможе треба тој лично да си ја подигне,и викаам алооо починат е како да си ја подигне,да стане од гроб ли? ми викаа неможе мора тој лично. Тоа е нашата држава која ја направи владата на сдс. Да не беше трагично ке беше комично.
Како ми стои фустанчето? Види го на ФБ кај мене. Ок, душо,згодна си, убава си. Ама ова тегнење за да ти гледам таму некои слики и да ти викам на секое вауууу преубава си, ми е глупо. Немаш ништо во главата па мора само на физичкиот момент да потенцираш? Wtf?? И не би била како тебе ни за изглед, не обожавам идиоти и дечки расположени само за кекс да бидам мета. Затоа што, само и тоа си. Изгледот ги носи мажите само вкревет, оние вредните и што имаат нешто во главата . Поработи малку и на карактер. Можеби така нема љубовта на твојот живот да те крие од другите
Полошо нешто од љубоморно девојче на секое друго кое мајка со љубов го рани и расте е љубоморна девојка на друга затоа што знае да го привлече вниманието на нејзиниот партнер со сета добрина на нејзината душа, и тоа го привлекла на пријателски начин само. Цвеќенце и за сите љубоморни девојчици и девојки Кога ќе пораснете ќе се смеете на истово на кое јас благо се смешкам ЕДИТ-јас мислев немало полошо од љубоморни женси ко тоа имало, вербално машко надмудрување на црни мисли
Г-ца летс овераналајз евритинг. Се моа, ит ис ај. Да видиме што значи оваа тронка емоција, од каде доаѓа и на каде води. Да се анализираме себеси, да го анализираме него, да ги анализираме сите околу нас. Така ќе биде полесно да се справиме со се што може да дојде утре, нема изненадувања, нема спонтаност, нема неочекуван пресврт. И на крај ќе ја укакаш работата, затоа што луѓето сакаат да ти докажат дека не си во право, па инаети, па тегнење, па чуда. Не сум во право, ама сакам да сум на безбедно. Оди па опушти се... Чудно, па и не сум погрешила во пресметките. Немам толку богато искуство, ама тргнувам од себе секогаш. Се осеќам злобно, се осеќам тврдоглаво, ладнокрвно. Се осеќам како да давам љубов каде осеќам недостаток. Се осеќам... дека сум премногу рационална и не можам да се опуштам. Навистина не можам да се опуштам. Ќе ме изедат емоциите. Не дека не пробале да ме удават милион пати до сега. Едноставно.. се плашам.
Вечерва легнувам полна со среќа и спокој во душата. Во последно време има некоја слога и мир и само насмеани лица во моето семејство. Една глетка што толку одамна ја немав видено и беше мојата новогодишна желба која се оствари. Не сум верник, но сега се молам на било која виша сила ако има, ова да остане вака, зошто претопло и е на душава моја.
Ако возрасните имаат статус на вработени во соодветна институција и децата имаат статус на ученици во основното и средното образование. Родителите и децата го сочинуваат семејството. Новинарство??? Беше некогаш...
Не страдаме од тие кои ги оправдуваат сопствените глупости. Страдаме од тие кои ги оправдуваат глупостите на првите.
Македонче ако не се прецени самото, кој друг ќе го стори тоа. Гледам цени за зимување, едно Маврово што го имаме, налупале цени мислиш за Алпите пребаруваш. Каде каде поразумни, реални понуди најдов за ски центри во Копаоник, Боровец, кои се неколку класи изнад Маврово. Да не се чудите после зошто во други држави се ишло на зимување или летување.
Мислам дека е редно време да се наплаќаат казни за чистење нос сред улица, без марамче, па елегантно да го залепиш секретот со сета сила на земја, под услов сите да видат. Втор пат за ова пишувам. И да, според мене, да не беше музиката, многу од нас одамна ќе завршеа во психијатриска болница.
Контроверзна била емотивна и поучна реклама со порака дека мажите треба да бидат најдобра верзија од себе и да ги учат своите синови на тоа - со нормализирање на емоциите, респект кон жената, спротивставување на булинг и сексуално вознемирување. Едноставно да бидат decent human beings. Општа хистерија, штанцаат дислајкови и се закануваат со бојкот на компанијата. Требало напомена "not all men" со фонт 72ка да трепка, за да стабилниве и зрели луѓе (наспроти секогаш навредените феминисти, нели) не се пронајдат себеси (или мажите што им се драги во животот). I'm appalled. Не е работава ни до Македонче, ни до Балканче - во цел свет работата е длабоко згрешена до степен на она мемето со хомо сапиенс што се обѕира наназад накај предците човеколики мајмуни.
А: - Фала Богу што имам двајца синови. Да имав ќерка немав да знам како да излезам на крај. Ете имам внука од брат и секогаш кога е излезена со моите деца, им викам да ја чуваат иако едниот е помал од неа. Б: - Зошто? Во ред е девојчето? А: - Да, да, во ред си е, ама знаеш женско е....не знаеш што може да направи и да те засрами. Има разни мангупи па може да ја прелажат и цело семејство да се срамиме. Таа е моја крв сепак. Б: - А децата твои не може некој/а да ги прелаже дека се машки? А: - Абе машки се тие. Што ќе им направат? Верувам и да ги прелаже некоја убаво ќе им дојде, сфаќаш? Хахахаха! А внуката кога е на моја одговорност, сега дека е тинејџерка искрено многу се плашам. Кутро женско е женско. Абе во гроб се превртуваат сите жени што се бореле да сме ова што сме денес. Ебати овците без памет. Да ти е срам што си бил во близина на такви и да ти е уште поголем срам што ги познаваш такви амеби. Држете се цврсто, одиме кон 2020 г. everyone. Со Господ напред, одиме и кон Европска Унија. Амин.
Не било нормално брат и сестра да се скараат за имот, исто колку што е нормално сестрата да се снаоѓа како знае и умее, со кирии, кредити, па неизвесност дали ќе исплати долгови, додека братот си го лади во оставената куќа/ стан. Не е до самиот имот, колку што е до фактот дека некому му е побитно дали детето се родило со патлак или без отколку неговата иднина.
- "Делувате доста смирено. Се нервирате ли некогаш? Има ли нешто што може да ве изнервира?" Алберт Ајнштајн одговорил: "Глуп човек. Само глуп човек може да ме изнервира."
Мојата книга е дел од бестелерите за 2018 во Антолог. Поубаво инфо денес не можев да добијам! Вечер сме на собиранка со гитари и домашно вино, ќе ја земеме и малата и ќе се трудиме да сме пристојни во рамките на нашиот огнено збудален карактер. Мене некој велтшмерц ме дрма, не знам дали е до хормони или едноставно треба да се исплачам онака, ко што му доликува на секој емотивен бронтосаурус со шестмесечно бебе.
Поголема неправда од оваа денес не знам дали имам доживеано. Се утепав учејќи за денешниот испит, потскокнав од среќа кога го видов тестот... знаете она чувство кога однапред знаете дека ќе положите... Имено, битно за настанов е тоа што дури чекавме да нè распоредат со места за седење, ја видов девојката којашто пред точно 5 години за време на испит ми го украде телефонот. Мене паника ме фати, ми се вратија спомените. Знаете како е во амфитеатар, особено зимно време... јакни, капи, шалови напред. Ии, ок, почнува испитот, неколку минути подоцна му се пожалив на асистентот дека ми е ладно, ветар фураше од пукнатините на дрвените делови од ѕидовите на амфитеатарот и ми вика он, премести се напред... И ок, станувам на пат накај излез од редот кајшто седев, на најмалце 5 метри оддалеченост, си ја земам ташната со мене, да ја преместам, типот се изнервира дека ми била "во близина"... па, да беше баш "во близина" ај некако... ама и покрај цело тоа надгледување од нивна страна човек не може воопшто да стигне до неа седејќи, камоли да ја отвори, па цела книга, па да земе да препишува. Нејсе, неќеше да чуе и реши да ме казни со одземање 5 поени. Ок, не ми сметаа, знаев дека можам да напишам за да положам, едноставно тестот ми беше мн ок, а испитов е реално еден од најтешките на факултетов. И, само што тргнав да седнам на новото место, ми вика дај да видам што имаш во јакната, викам телефонот, ама исклучен. Се изнервира и ми вика излегувај... јас се бранам, проф. на кој основ ова, воопшто не сте ме фатиле како препишувам, или нешто било што, крај краева јас нема да привлекувам внимание, јас ве викнав накај мене... И тука, се обидувам со посмирен тон, скоро шепотејќи, да му ги објаснам своите ставови, дека девојката од инцидентот е тука во просторијата, дека паника ме фатило... ок, не се деси ништо, не попушти. Излегов, плачев... џабе. Помина. Џабе херпесов, отечениве жлезди од стрес, џабе карантинот дома... до мене остана колешка да полага, која претходно ме прашуваше ливчиња за препишување дали сум правела. Ко тоа да е нешто најнормално. Криво ми е за многу работи... прво што ко некоја "препишувачка" ќе ме има на список со disqualified до мојот број на индекс, па колешкиве генерација на форумов кои се омужија и збореа дека факсов е тежок, ќе ликуваат. Право да ви кажам, ќе положам... и ќе дипломирам. Годинава, да... не знам зошто толку туѓиот успех прави да се осеќате лошо... Второ, ок... знам дека сум делумно крива, отсега тел. дома и со избројани пари на полагање, такви ко мене лекции учат од одма... и си положуваат.
Поговорка што многу си ја почитувам, тоа што не те убива те прави посилен, така со помош на сите омрази од средношколските денови се фокусирав да избегам од мк на друг факултет во еден друг свет за мене, каде што најдов вистински пријатели и денешниов ден ми потврди дека не секогаш сме виновни за некој неправди и дека навистина имаме вистински пријатели, макар и да не се македонци, и дека не треба да се разочаруваме, и дознав дека тука имам вистински пријатели, дека сум способна да учам и да бидам сакана, и дека заслужувам да живеам. Денеска ја однесов мојата книшка за заверка, го завршив одлична првиот семестар на факултет, и сум среќна што и моите (сестри и браќа) колеги завршија одлични и со многу пофалби. Денеска за првпат отидов на испит без страв дека соучениците ќе ми се исмеваат, и за првпат во животов имам желба за учење како никогаш до сега. Едвај чекам втор семестар, ајде те чекаме!