Некои луѓе фрлаат (употреблива) храна, облека... книги (можеби не сите ги гледаат како толку голема потреба, но за мене е исто така многу тажен факт). А има и такви кои „се откажуваат“ од свои важни човечки чувства и гестови, најчесто од разочарување кое преминува во општа огорченост. Па така, тврдат дека повеќе воопшто нема вистински да сакаат и веруваат некому бидејќи биле изневерени, дека нема да пружат рака и помогнат никому бидејќи биле искористени. Има некаква паралела на отчовечување во ваквите постапки. Како што за основните материјални добра секогаш има некој кому му се потребни, а и за знаењето преточено во страници има некој да го цени како подарок... така и за љубовта, поддршката и довербата - никогаш нема да пресушат на светов луѓе кои сепак ќе ги заслужат од вас. Затоа, немојте никогаш да им дозволите повеќе сериозно значење и моќ на вакви зборови и концепт, надвор од евентуален афект предизвикан од тешки моменти. Првенствено е сосема нездрав и лош одбранбен механизам за самите вас, а потоа и затоа што новите луѓе во вашиот живот не се никако виновни за старите рани.
Теееј баксуз... Ко ќе требит да ти се спиет и си за рано станвење не ти се спиет, а ко ќе не требит да ти се спиет запаѓаш за спиење... Зошто?
Мисли позитивно и убави работи ќе ти се случуваат. Тест 01- Цел месец кажувам дека ќе ми се падне колата од наградната игра, дури и планови направив. Каде ќе патувам, со кого, и опциите за продавање. Не ми се падна колата. ФМП.
Знаете што е оксиморон? Да ти се вика државата Северна, а во неа да живее народ со менталитет 'што јужније то тужније'. Јужњаци да не крстеа баш ќе ни одговараше на сељандурскиот народ што сме. Вака не бива.
Го сакам форумот затоа што остава простор за имагинација. Можност да запознаеш нови луѓе, да дознаеш за нивните ставови, карактерот и неговите скриени страни. Потполна анонимна слобода која може да открие многу ако не е злоупотребена. И можност, да замислиш виртуелен лик, да креираш сопствена слика за личноста.
Какви бедници управуват со државава?Се изгуби млад дечко 40дена никој не го бара,а за протест од 10 луѓе доаѓаат 500полицајци,каде се истите да бараат некој исчезнат?Се неспособно во државава битно ќе идеме на подобро со името,да сигурно!
На многу луѓе фобиите им се чинат шега. Ако тргнело куче по некој, зошто паничел толку многу...лесно е да му речеш абе мирно е, не го предизвикувај. Место да учиме како да се штитиме, може да се залагаат тие што треба за да се отвори стационар нели? Да, има вистина во тоа дека може да се предивика кучето, ама психата на исплашениот сосем друго делува. Освен за кучињата, на друг му се чини смешно кога некој со страв од висини се стресува и извикува од страв ќе погледне од високо или друг кога не може да поднесе боцкање. Јас бегам како улава ако ми прозуи бумбар во близина...иако немам некоја основа за тој страв. Едноставно ни сама не можам да објаснам зошто и каков е тој страв. Се тресам и паничам и ако некој би ме кренал во раце, мислам дека ќе паднам и ќе ми се случи нешто. (најдов име и за овој страв бај да уеј). А на пример пак, од боцкање и крв немам воопшто страв. Не се шега и никогаш не пробувајте да убедите некој што има страв од нешто дека тоа не е сепак толку страшно.
Отсекогаш сум била слаба или со нормална килажа. Варирав 50 до 52 кила и никогаш немав повеќе. Во последниве шест месеци преживеав доста работи, бев приклештена за кревет, не можев ни да се наведнам. Нормално, качив неколку килца (58 ) одма коментари од типот аии, здебелена си. Луѓе, осет? Сте чуле? Никој не праша како помина, како издржа, како ти е сега, никој не рече ајде не се секирај, поминало се, мисли на добри работи.. Не давајте коментари за физички изглед луѓенца, некому стварно лошо му делува.
Да ви кажам нешто мои драги феминки. Низ годините сум слушала колку многу некој се жали што е осамен, без другарки, сами или се нервираат зошто се скарале со најдобрата другарка или со онаа која мислеле дека им е другарка па од страв трпат секакви срања и не сакаат да го уништат пријателството за да не останат сами. Се прашувам, кое пријателство? Дали денес постои вистинско пријателство? Во рок од еден месец, прекинав пријателства без око да ми трепне со ликови со кои сум растела бидејќи сум сфатила дека не вредат, дека мислат само на себе и ич око не ми трепна што нештото се расипало. Знате зошто? Зошто ќе дојде период кога ќе сфатите колку вредите, и дека нема да дозволите некакви срања да ве остават сами секогаш кога ви се потребни па си сфаќате дека сами на себе сте си најдобри пријатели. Убав е денот, бидете поздравени.
Денес конечно добивам полномошно за автомобилите од возниот парк на фирмата каде работам. Деновиве се изнавозив IVECO(Kамионче)CITROEN кола GOLF кола SEAT исто кола и сите комбиња за дистрибуција. пресреќен сум. Ме плаши само да не ме пратат на дистрибуција оти ќе треба да се скарам и расправам.
Кога сме кај темана за балкански јавни фаци, и тоа не било какви - туку скандалозни : Јавно тука поднесувам барање - ако се зачитам, па се испровоцирам на некаков начин (општо од шовинизам, малограѓанштина или сл.) да пишам 1 (со зборови: еден) пост и во таква тема - да ми се лупне траен бан. Ќао.
Ај оладете малце со Карлеуша Се објавиле фотки и сите во несвест испопаѓаа. Као....побитни работи се случуваат низ светов.
Со какви ли не глупости мозокот ме замара во 3 часот сабајле, па оди после спиј на раат. Ми текна на времето кога дома за прв пат приклучивме интернет па додека моите беа на работа, доаѓаа дома деца од цела улица за да се глупираме виртуелно. Не дека многу знаевме да го користиме ама ете. Па така еден ден, бевме 2-3 другарки и плус дојде еден другар да ни покажел нешто. Седнавме пред компјутер и овој паметниот ни го пушти популарното порно до Северина. Моето прво порно во животот Сите седиме, гледаме некоја минута и се чудиме што и прави човекот на кутрата девојка??? Зар вака изгледа секс? Жена пишти вришти како да ја колат, сигурно нешто ја боли кутрата. Што е ова по ѓаволите? Ок, тешко беше за гледање и сфаќање, па исклучивме и си излеговме да играме. Ама!!!!! тогаш не постотеше incognito, ни пак знаев дека може историја да се прегледува, па така се што сме гледале си осталано во компјутер. После некој период моите ме прашуваат дали сум знаела која е Северина и дали сум слушала нејзини песни? Не знаев која е Северина (навистина појма немав која е девојката од видеото), ни пак сфатив зошто ме прашуваат. Е сега, после 10 и кусур години од настанот, во 3 сабајле ми текна дека моите виделе во историја што сум пребарувала, па 10000% го виделе порничот и затоа ме прашуваа за Северинче Виделе дека нивната ќерка гледа порничи на толку мала возраст и сигурно се запрепастиле Се утешив дека сигурно заборавиле досега. Фала мозоку за анксиозноста и нервозата од пред една деценија. Што е срамот од Карлеуша во споредба со мојот срам?
А што правиме што вчера дознав дека цело време сум мислела дека Карлеуша сасвим 15то изгледа? Не дека ја немав видено претходно, ама не знаев дека таа е таа Карлеуша. Да не беше ова скандалов за кој се препричаваше на велико на форумов, којзнае уште колку ќе бев така не информирана. Треба да бидам каменувана? Ја мислам да.