Колку ме нервира кога некој нешто ќе каже погрешно, и после определен период: Нее, јас тоа никогаш не сум кажал/а тоа!
Не можам а да не се запрашам како ги трпат дома. Сериозно. Некои луѓе имаат посебни “моќи” дури и само со пишан збор. Ами тек во живо. Ами па секој ден.
Не мислев дека толку брзо ќе дојде време кога роднини/семејни пријатели при честитање празник или прашања околу факултетот ќе велат ,,Ајде догодина со дечко/маж" или ,,Ајде дипломирај па да се спремаме за свадба, хехе."
Отсекогаш ми беше интересно како познати артисти кои се борат со зависност од дрога се борци, еден тон љубов и емпатија кон нив, животот и животното темпо ги сотералe во тој ќош, додека на друга страна, обичните луѓе зависници се едноставно факинг клошари и се турнати на раб на општеството.
Добро бе имаме ли градоначалник во Скопје?Толку многу загаден воздух немало,први сме во светот на загаденост,добро е барем во нешто да сме први,луѓе не се диши се испоразболевме.
Денес решив да направам пауза од се, од сите грижи, црни мисли и се мислам да си ставам маска за лице
Во Скопје нема што нема...но се е неспособно Шилегов гарант слави денесфлека е сторен и нема појма дека сме први на листа на најзагаден град во светот
Барем да превземеше некои мерки ова ништо бре не мрдна со прст,и чудно народов си молчи,затоа има пораст на канцери на белите дробови, за здравје се работи побогу.
Ajde doma, necie dete e pa mora roditel da go trpi, necija zena e pa mora pod navodnici , da ja trpi, nego sto pravime na rabota. Sto pa nie sme krivi koga po grska sefot I dal sansa I ja uvalil vo nas tim Sto nie jadnici morame da ja trpime
Од кога имам свој бизнис, никој не ме има прашано што работам. Немам запознаено нова личност која не знае и на која би требало да и кажам. Не знам какво е чувството да го кажеш тоа.
Уште од сега ми е жал за сите оние несреќни персони од инста кои ке го заследат профилот на wizzair.mk на инста, ке стават скриншот од сликата на стори со таг од страната и ке тагнат еден пријател во коментар а притоа нема да добијат една од 30-те карти за двајца за Венеција. Шмрц.
Кај работиш @СуперДевојка ? СДК Си читам по форумов различни среќни, несреќни моменти, прашања и личности кои кои не мачат, внатрешни битки кои се водат, најразлични емотивни доживувања, проблеми итн. Заклучок - различни, а исти
Сакам да кажам, кога ќе отидете на некоја веселба, не морате сите песни кои се испеале во рок од 2-3 саати, да ги пеете една по една на стори. Не звучи интересно, лошо звучи.
Ќе земе ли некој да ја анализира онаа песната ,,да пукнеш леле што ми направи" или ќе остане вечна мистерија?
Џабе им е на некои факултетската диплома, високиот просек, надворешната убавина, кога немаат карактер, кога се самобендисани, со кренат нос до плафон. Јас сè што барам е карактер кај една личност, ама кој да сфати... Па после како да не се нервирам. И сега сум уште повеќе уверена дека треба да си го слушам срцето и да си го живеам животот по мои правила.
Кога некои луѓе ги критикуваат другите наместо да се погледнат какви се тие и да поработат на себе,би имало корист од ова општество.Икога на фејсбук или други социјални мрежи пишат како се баш тие најслатки ,нафини и најизграни значи се чудам на таква дволичност !