Би поштувала да сум во Белград во моментов. Да прошетам по Теразије, да се вртам кон југ и сонцето да ме ѕирка помеѓу хотел Москва и околните згради. Да се чувствувам како природно да припаѓам на тромеѓето. Да го љубам по улички, да тонам во хотизонтот од Авала. Мислам дека во Белград сфатив дека вечноста можам да ја поминам само со него и никој друг. Беше пролет. И ми остана вечна пролет во градиве. Сакам да сум во Белград во моментов...реков...
Колку некој да те убедува во спротивното,а ти се свесна и знаеш дека не е така,нема жив човек што ке те разубеди. Одличен ден за прошетка во природа и неделно кафе со убаво друштво мхм
Од разговори со мачорот, издвојувам: "Слегувај одма од на маса, ако сакаш чипс само кажи ми, не се качувај!!!" Го реков така автоматски пред да размислам. Инаку тој, душа ќе даде за чипс и маслинки. Исто како месо да се ги сака. Често имам навика да си зборувам со него и со кучето. Животинчиња, не можат да ти вратат ама мислиш се те разбираат и си велиш камо да можеа да зборуваат. Поубаво со нив ќе направам муабет отколку со некои луѓе. Некни прочитав статија, една од многуте такви, дека зборувањето со миленичето било знак на интелигенција. Не ме фасцинира тоа толку колку она што беше во текстот вака некако: "Кога зборуваме со нив, потсвесно креираме врски слични како човечките, што повеќе не' зближува со нив. Да креираш човеколика врска со нечовечко суштество е нешто посебно". Сакајте си ги крзнените пријателчиња, и правете си муабет со нив ич око да не ви трепни бидејќи е напротив од незрело. Тие се тука само дел од нашите животи, но за нив, ние сме целиот нивни живот.
Сдк.. жива ненаспана сум овие три четири дена. По 16 саата спијам ја запоставив и работата и куќата и све. Многу ме мачи ова идењево и плус зима не ми се прави ништо..да имаше нешто за да не спијам толку.. не помага кафе ни редбул
Би било убаво да има и во вечерните термини автобуски линии до средно Водно и жичарата да работи и навечер(зимно време раб. до 16-17ч.), за луѓето кои се во Скопје да можат да појдат да дишат чист воздух токму кога е најзагадено.
Најубаво ќе беше да не се иде до преку улица со кола, да не се сечат дрвата и да не се гради без план, и да се излезе да се протестира, али Маќедоња земја Библиска вечна да је, да цркнат душманите. Амин.
Изгледа немаат многу идеи или не се толку паметни за вакви работи нашиве политичари, да смислат план како да го забранат канцерогеново загадувањево. Но за нивна среќа, точно знаат како да излажат, измамат и да исмислат од нивниот шупак како да не исцедат за нов вид на данок, за повеќе во нивен чеб да има.
Најмногу од све,ме нервирало прашањето КОЛКАВА ПЛАТА ЗИМАШ,од луѓе кој воопшто не ми се блиски,ниту па биле дел од мојот живот,се знам со нив на едно Здраво,незнам дали е љубопитност,или љубомора,или сепак си имаат некој голем проблем во главата.
Македонија ти е земја во која мајка објавува дека детето и е изгубено веќе повеќе од месец, очајна е, МВР не помагала, а во коментари некој сака да заработува пари и и пишува број од некој видовит што ќе и кажел каде е, на комшиите синот така им го нашол. Добро бе, нормални ли се луѓево што пишуваат и тоа на такви осетливи работи...
Сакам да кажам дека кога имаш бебе/ мало дете, а домашното ѕвонче ѕвони, не можеш да глумиш дека не си дома.
За жал не секогаш, поради ниска самодоверба, финансиска сигурност, притисок од околината, потрошените години во врска, страв од нешто ново и низа слични причини голем број луѓе прават погрешен избор. Нема ништо погадно од тоа да си со некој што не го сакаш.
Истото го мислев преска зашто ме злоупотребуваат веќе комшииве за шо и да е. Ама смислив начин. Сум го успивала велам. Иако се слуша дека не спие. За да знаат дека лажам. Една секое утро за викенд ме гребе цигари од што ја мрзи да си купи. Еднаш и маш и ми се јави да и дадам за да не зимала од неговите јер тие му биле специјални.