Пишав еднаш во македонските јавни фаци ама ми го избришаа мислењето па ајде тука. Зошто на реклама за хотел пишувате: “We have nice rUms"? Зошто во опис на фејсбук и инстаграм да стои: "I'm not an ordinary womEn"? Зошто под слика да пишува: "Friends for liVe"? Зошто на карта за концерт на Јелена Карлеуша во Прилеп да пишува: "LiFe concert"? И уште многу примери, да не набројувам. Сакам да кажам: НЕ ПИШУВАЈТЕ НА АНГЛИСКИ АКО НЕ ЗНАЕТЕ И НЕ СТЕ СИГУРНИ ДАЛИ Е ТАКА! Си имаме јазик, него користете го. Иако и него не знаете да го користите како што треба ама друг пат за тоа. Настрана поединци на социјалните мрежи, страшното е што вакви фатални грешки има на секој втор ресторан, хотел, маркет, продавница, фризерница,... А ако веќе сакате да пишувате и да се рекламирате на англиски, а не сакате да вработите човек професионалец тогаш барем отворете Google, тој ќе ви помогне. Го пишуваш зборот, стискаш ентер и самиот ќе ти каже дали постои таков збор, а ако не, Google сам ќе ти го предложи точниот. You can thаnk me later!
Човештвото нашло начин на месечина да се качи, ама уште не нашле материјал за чорапи кои не се мократ, ти ебам животот ти ебам.
Пред само некоја недела пишував колку поддржувам вакцинација, дојде ред за последната задолжителна вакцина да се прима за 2 дена и сега почнува да ме фаќа трема. Не ради тоа што ми е страв што ќе ми стават у мене, плус тетанус, ништо лошо да се прими, туку затоа што мразам да ме боцкаат и мразам игли. Никогаш ни крв од вена немам земано, а вакцини ставање ми било хорор ама сум глумела храбра да не сум плачка. А ко за чудо само за мене ми е проблем да ме боцнат, друг да боцнам око не ми трепнува. Ова ли е таа карма што ја зборевте? Ама сепак сум за вакцини, па храбро ќе си ја примам дур у себе паничам бетер од мало бебе што го боцкаат.
Колку ми е мило бате што те гледам заљубен Секогаш вака да ми бидеш насмеан,заљубен и среќен Млад си,ама исполнувај си го срцето.Кога има љубов,се е поубаво.Cheers for love
Колку мразам кога сече на скајп, нешто како игрицана расипан телефон му доаѓа ко деца што сме ја играле
Срамота е у 21 век да немаат измислено диетални палачинки а да го имаат истиот вкус ко обичните. Неќу протеински брашна..
Во 21ви век, кога се повеќе жени сакаат да бидеме рамноправни со мажите, сеуште постојат жени кои за да добијат некоја позиција, мораат прво да поминат низ креветот на некој "влијателен" маж, и го прават тоа. Зошто се потценуваме така? Скроз се разочарувам кога сум сведок на вакви, бедни ситуации за мене. Џабе им е лажниот успех.
Прашањето што треба да си го поставуваме е "Дали ТИЕ се доволно добри за мене?" наместо "Дали ЈАС сум доволно добра за нив?".
Ми нема поубави жени од бринети. За секоја жена што сум рекла или помислила дека е убава, била бринета. Некако ме асоцираат на она баш жена дама. Ми изгледаат нежно, женствено, елегантно.. Шо знам, чудна некоја работа со мене и мислењево.
Се плашам да не бидам повредена и не сакам никого да повредам. Но, што повеќе се плашам, се повеќе ме повредуваат..
Се мислам пола саат кај ја ставив ноктарницата. Последен пат знам во првата фиока беше, одма кога ќе отвориш на видик беше. Да сум ја ставил на друго место, нема шанси, освен ако не сум зборел на телефон па онака несвесно да сум ја ставил. Ама пак ќе било на некое видно место, на маса, на биро, на малото масиче, на наткасна или сл. Значи многу мрзам вака кога не знам кај ми е.
Нептун објавиле нова колекција на кујнски прибор. Германска, професионална. Прекрасни ножеви, совршен дизајн. Ми светнаа очи додека ги гледав. Нормално, цената соодветна на намената (ало, професионални се), а и секој производ си има своја публика. Ама не бре, се најде Македонче јавно да се жали дека преголеми биле цените, се прецениле. Да не дојдоа на врата да ти продаваат случајно? Која е потребата да коментираш на производ или продавница дека ти е прескапа цената. Мислиш дека специјално за тебе ќе ја симнат? Мислиш дека нема некој што може да ги извади тие пари од џеб и да си купи иако е 100 евра една тава и исто толку еден нож. Мислиш дека Нептун само за тебе работи? Морам да ги споделам коментарите, морам! Остана да ме мачи дали одат по скапи бутици во градот само за да им кажат дека не се нормални со цените? Или знаат дека на клоци ќе ги избацат. Сакам да мрчам 2: Улиците не биле исчистени повеќе од 3 месеци. Во зима не се чистеле за да не замрзнат. Да не замрзнат во октомври? Па во октомври уште по кратки одевме, мамицата да ви ебам неспособна (п.с. прва пцовка на форумот, е толку сум бесна). Си испогушивме во смрдеа и чад, се исподавивме во смет, кал и измет. Индија ќе ја стигнеме. Можеме слободно да почнеме покрај Вардар да сереме и секој по една крава за домашно божество да си земе.