Во срцево носам една тајна, само еден сакав повеќе од се, од себе и со тешка грутка во грлото се разделив. Тој е среќен, а јас сум среќна што е среќен, одлуката беше моја. А го сакав, до срж и никогаш не засакав повторно така како него. Гледајќи го "A star is born" се пронајдов во "I'll never love again". Камо да можев во очи да ти кажев "Не" место "Да". И немаше да се наежам до срж и да заплачам, сега после толку години... И повеќе не е битно, останаа само сеќавањата на нас.
Отварам фб и ми излегува статијата од министерот за здравство во врска со новиот предлог-закон за абортус и одма тука коментари дека пропагирал чедоморство и убиство, како државата ни идела надолу поради тоа, како сакале да го намалат наталитетот итн итн. И тоа дел од коментарите од мУжи што веројатно (уствари 100%) никогаш нема да се најдат во ситуација каде што ќе се мислат или ќе бидат приморани да абортираат поради одредена причина. А па и за тие жени што искоментирале исто, па ич немам коментар. Уште изигруваат некои стручњаци, во таа недела има срце, во таа недела ова, а сиротите не знаат сигурно ни стадиуми да набројат. Немаат почит кон жена, сестра, девојка, ќерка. Демек државата идела назад.. Остајте вие министри и политичари. Од луѓе со такви размислувања идеме уште толку поназад.
Мислам дека некои изјави по социјалниве мрежи се прво пишувани на свахили и урду па преведени на македонски со гугл. Ох, не. И гугл веќе тоа го прави подобро. Тогаш, не знам зошто се такви.
Мирисот и вкусот на кафето,не би ги заменил со ништо на светот.Кога пијам кафе(нескафе,макијато),ми е исто како да пијам,мир и спокој.
секогаш бев против заминување/иселување од оваа наша земјичка... ама..у последно време кога гледам што и како се случува...се повеќе имам желба да збришам...
Многу ми е смешно кога тука ќе најдам некој лик што го знам у живо. Во реален свет е безгласна буква, а тука прашина крева, мудрува, има одговор за секое прашање Безвезно ми е да им пишам. Луѓе, не им замерувајте. И они не сакаат така...
А од каде тоа дека во живо е безгласна буква? Можеби има што да каже ама ете ти не си соодветната публика за да каже нешто, затоа што секако нема да го/ја разбереш.
Бев да плаќам сметка во кабелска тв и успат и да прашам нешто... жената шо работеше таму беше толку нељубезна и нервозна ме наполни со негативна енергија и сеа ми се иде да се испокарам со сите
Свежо назначениот директор на спорт и култура во мојот град, партиски наместен нормално, човек кој нема врска со спорт и кој десетици години беше надвор од државава, кој ја финансираше предизборната кампања на градоначалникот, јавно во коментари се исмејува со човек епилептичар, па и сликовито со сочни изрази опишува како се тресел, исмејување и ремет, само затоа што ја критикувал локалната власт. Се препукува по коментари на социјалните мрежи, по коментари од статии, служејќи се со гадости, лични навреди и пцовки, и никој не превзема ништо. Директор еј. Директор...
Кога ќе видам за какви ситници луѓето се подготвени да си го расипат денот, па следуваат траќања, драми, па нервози, па лексилиуми, тивко и во памет си повторувам дека се надевам оти животот нема да им даде вистинска мака за да ја научат лекцијата на потешкиот начин. Луѓе... опуштете се. Сериозно.
Минимум што требало да направиш за тој створ кој зема леб од твој џеб е да ја отераш у пм ама толку јако и длабоко што ќе ја држи до следното продолжување на договорот. Да те сонува е толку со такви имбецил(к)и.
Што им е на сите со споделување на your memories on fb, па фалење јас пред 1/2/3...години и пак лајкување на нешто веќе видено. И што е со тоа одење по слави до дечковци/девојки за тој глупиот фб пак да ми го извади него пред очи на слика на слава јас и тој. Море очи да не му видам толку сум му лута.
сиромашни сме од својот памет...и од помислата и замислата дека мора да бидеме пред комшијата..пријателите и роднините... затоа што сакаме да прославиме Нова Година у ресторант/кафич кај што дочекот е скап до плафон... затоа што мора да имаме нова гардероба за таа иста вечер... затоа што сакаме дома да имаме 55инчен...тв..по можност Самсунг...Лг... затоа што мора да имаме Самсунг или Ајфон...а не некоја др марка на тел... затоа што мора да одиме на зимување у Банско и Боровец...а не на Маврово и сл.. затоа што мора да одиме на летување у Грција Турција...и у пос време и на Малдиви ку*ци палци...а не у Охрид Дојран и сл... затоа што сакаме да јадеме Нутела а не некој др еурокрем... затоа што сакаме да носиме тренерки патики и нз што Најк, Адидас...а не нешто поефтино... затоа што не сакаме да јадеме манџи по дома...туку др готвени јадења што се за пари ни се поубави... и ред др работи и луксузи...од автомобили и нз што и нз како... и за мн од тие работи...ќе земеме и кредит два пет ако треба...само да бидеме...над...другите... и за крај затоа што не сакаме да работиме по 8-10 часа дневно...а сакаме да имаме огромна плата...и да си пиеме по цел ден кафе у кафичи... и навечер да локаме и јадеме по пицерии и ресторанти.. И потоа ќе кукаме и плачеме....дека тешко било..немало...и слично... Македончето е толку просто и необразовано..што ако има малце повеќе пари у џеб...мамето ќе ти го е*а..и нема око да му трепне... Јесте да има исклучоци...ама у глобала...сите сме исти го*на... и секогаш се навраќам за 10-15 години наназад...и се сеќавам како живеевме...со просечни плати...и колку само од тие денешни луксузи ги немаше тогаш...и ни беше мн поубаво...затоа што цела фамилија беше тука на куп...и се делеше се што имаше...се имаше почит...и немаше толку злоба...