Се потпирам во автобус на другарка бидејќи одма после школо искочив и дремам и едни чичиња се смееа и не коментираа и кога ги прашав за причината ми рече едниот:Се прашувавме дали имаш дом или ти се реновира o ) и му реков: имам дом од таму доаѓам сега . Си се потпрев пак и ги слушав цел пат како збореа дека не сум спиена Класичен малограѓански муабет Еднаш една госпоЖа ме караше зашто сум седела со скрстени нозе, ќе ми се треселе кога ќе сум остарела и ќе сум имала целулит.И кога ќе пробав пак да ги скрстам нозете ме маваше И тој манијакот што ме нападна во 24ка, што повеќе да ми се случи во ЈСП? И no offence сакав само да се искажам.
Талкинг професионализам. Господата која држи курс, ја прашувам колку трае, колку месеци. Колку што ќе ми треба за да научам. Wtfffff?
Што е работава со мајкиве и жалењево? Читам статии, слушам другарки, истиот муабет. Мајката немала време за кафе да испие на раат, немала време да спие, да јаде.. Бебето е криво што ти не си наспана и најадена и кафе напиена.. Мора бебе да се држи во раце цело време, мора да го заигруваш цело време, мора ова, мора она.. Глупости! Да простите ама тоа бебе никој дома не ви го донесе, сами го напраевте. Таткото кај е? Не можеш да му спискаш? Или па оној муабетот, најпрост на свет.. Немаш деца, не знаеш како е, ќе имаш, ќе се жалиш и ти. Мхм, да, извини! Крај краева, не прај бе сестро деца ако ти е тешко да го гледаш.. Едноставно е!
а што има лошо во тоа да се пожали дека е уморна,дека и се спие,дека е исцрпена?Секој родител поминува низ таа фаза и да и ти ќе поминеш.И ти ќе го речеш истото кога ќе бидеш неспиена некогаш и повеќе од 36 часа оти бебето рика без преќин а ти неможеш да го смириш.Таткото помага ама валда некој мора и пари дома да носи .
Види дечко, ова што си го напишал е далеку од луксуз. Напротив, е сосема нормален начин на живот. Човек не треба да се задоволува со ситници, да работи како роб за мизерна плата, да јаде леб и маргарин, да биде затворен дома, да не прошета надвор и слично.. Секој што има барем малку амбиции ќе се потруди да напредува и да создава подобри услови за себе, И нормално кој сака да оди во факинг Дојран.. подобро дома ќе седам. Опушти се малку уживај, а не да се замараш со туѓи животи, гледај среди си го твојот.
Па и си телефонот во рака, на фемина седнати. Наместо кафето да испие, да се наспие, коса да измие, куќа да светне. Ехе хе, одма планот ќе се напраи што се можела и требала да направи.
Нееее Дани, ова мм го пишува дури пие пиво и нозете му се дигнати на масичка, јас му диктирам. Инаку, јас рибам под @joy1 од пораѓај почнува да се користи реченицата и после до крај на живот ја слушаш
Сакам да кажам дека децата не бараат да ги прават и раѓаат. Онаа жена која повеќе сака да пие кафе отколку да му менува пелени на детето и да го смирува кога плаче,не е човек.Не го заслужува тоа дете. За жената која е човек,нејзиното дете е секогаш на прво место и неговите потреби се секогаш пред нејзините потреби. На оваа планета има илјадници жени кои се неплодни,а се подготвени да се откажат од многу нешта само да им се случи чудото наречено мајчинство.Господ да ги благослови тие жени !
СДК Луѓе кои многу сум ги почитувала пред 2/3 години откако ги запознав подобро сфатив дека не вредат 5 пари... Друго никогаш не ми се разјасни зошто на луѓе им е потребно недели да договорат едно кафе. Не мислам само на излегување со потенцијален партнер туку дружба со другарки/роднини/другари. Зарем за да одме во некој забутан маалски кафич ни е потребно да се мислиме 20 дена. Се повеќе и повеќе прекинувам контакти поради вакво однесување.
Уште за прво какање во пелена остана торта да се направи... Се поглупи и поглупи работи се измислија.
@Dream-Girl Јас мислам дека мајката има добра смисла за хумор Убаво е кога со родителите можеш да се шегуваш и да ти покажат дека и не е се така страшно, како што им се чини и впрочем на многу девојчиња првпат кога ќе добијат менструација. Од друга страна, многумина и немаат таква комуникација и не добиваат соодветна упатеност од своите родители особено мајки за теми како што е оваа, што е навистина поразувачко, бидејќи поддршката и разговорите се едни од најклучните работи што може да ги направи еден родител за своето дете
Некогаш времето е универзален именител на сите вредности, дури и за оние нешта кои ги сметаме за неважни и невредни.
Не сум била досега во некоја блескава финансиска ситуација, но освен секако знаењето - цел низ образованието ми е да најдам асална работа со која ќе можам и не би се двоумела да си приуштам удобност и солидни материјални добра. Не се срамам воопшто да го кажам тоа, пошто знам дека нема ништо погрешно во таква желба и однесување. Квалитетна облека, технологија и други удобности не ги прават автоматски луѓето површни или помалку морални. Да не му верувате на Семе синапово, деца.
Ако нешто ми предизвикува нагон за повраќање се искомплексирани деца кои работат во ротари клубови пример Лајнс, учесници на Македонија 2000 и не знам која и пред се младите лидери на Иванов. Парите на вашите родители не ве прават способни. Не сте ројалти, помирете со тоа. Се смејам на вашата лажна и ушторкана сериозност. Немате цел и не знаете каде терате. Немате специфична компетемција за било што. И жал ми е што ќе кажам - 90% сте дебили... Сериозно живеат во паралелна реалност каде мислат дека или се илуминати или масони или ројалти. Тоа е бре за под терапија да веруваш во такви нереални работи. Исто ко да веруваш во еднорози. Треба да им се помогне да престанат да прават штета. А добар дел се и политички одредени да е уште појезиво. Но често и се деца на родители кои доообро краделе од државата. Имам еден добар пример за лоповчина од овој калибар. Ја лопужи една наша фабрика на времето, го фаќаат, он пребегува во топлите краишта во Јужна Америка и живее ко цар имајќи си семејство, делото застарува, се враќа тука, се врзува со тогаш актуелната власт и пак живее ко цар, а неговите деца се во заблуда дека се деца на велелепник, бог и крал...
Никогаш нема да сфатам зошто македончето толку обожава да се замара и преокупира за туѓи животи. Кој што направил, каде пошол, што купил, колку имал. Мислам, ајде сериозно. Свој живот да се немало, непознат поим е да си ја гледаш сопствената работа. Проблем се наоѓа онаму каде што не ни постои, само за да го понижиш другиот бидејќи не живее според твојот зацртан план во главата и според твоите стандарди. Оставете ги луѓето да уживаат во животот колку што можат, не прават грев што сакаат и можат да си дозволат повеќе понекогаш.