А секој миленик може да изгледа "расно", само треба да се гржи сопственикот и се да му обезбеди, од љубов до убави услови Знам еден што му е гајле за животните, ама даде пари да купи расно маче, за да утре кој и да му дојде на гости, да му се восхитува На егото да му се чуди попрво ќе речам
http://www.femina.mk/новости/занимливости/кога-се-раѓа-нов-живот-победничките-фотографии-од-породувања-на-birth-becomes-her-за-2019 Фемина ова е прекрасна статија со прекрасни моменти, ама ме заболе д вајџајна од втората слика Нема потреба сите да раѓаме нели, и така сме многу луѓе на светов
До девојките што не сакаат да се мажат бидејќи мислат дека можат сами и не им требаат дополнителни нервози со маж, а никогаш не осетиле како е да се живее без маж во куќа... нека прашаат некоја што живее така дали и е лесно и дали не се нервира.... Еве ја ќе ви кажам: Ич не е лесно !
Научници претвориле матични клетки во клетки што произведуваат инсулин а има луѓе кои мислат дека се паметни додека се препукуваат на форум. Е неќеш.
Ако си на почеток, не си се навикнала без него сеуште, ама без секого се може. Човекот е независно суштество и може да преживее како такво. Единствено што треба е социјализација со луѓе но не и зависност од нив (морална, финансиска, сексуална...). Жената во 21 не зависи од маж, ниту мажот од жена.
Живеењето сами или со партнер е пред се личен избор и ни едното ни другото не мора да значи зависност/независност. Има исклучоци, секако. Јас не би сакала да живеам без мојот партнер, најзначајна личност ми е, многу ми се нашол во животот и одржуваме здрава и среќна врска. Но не би рекла дека сме зависни еден од друг. Тоа веќе преоѓа во екстрем, а екстремите од никоја страна не се добри. А има и луѓе кои совршено функционираат сами, и тоа е во ред се додека не ги гледаат понижувачки оние кои не се како нив, и обратно исто така. Just live your life how you want.
Да де баш затоа е... глупости.... не дај Боже да ти се случи нешто шо ќе те разболе од нервози... тука зборувам за здрави односи а не некој маж што малтретира и понижува. Ништо не разбирате ни ти ни @DAngel Ако имате татко ништо не разбирате. А ако немате ќе разберете.
Зборам за 14 години живот со мајка ми и што се значи тоа... не финансиски туку ко ќе те снајдат други работи и ќе се изнаполниш нервози. Не дека не се живее ама тешко е да се носиш сам со се...
@worrieddd Мислам дека скоро сите твојот пост го прочитавме на маж во партнерска конотација и смислата околу живеењето како сингл или во пар, затоа девојките дадоа такви мислења, околу независноста Никој не разбра дека мислиш на татковската фигура, едноставно е недоразбирање