Не знам дали е од што сакаат луѓево да се направат многу паметни или тоа е некој тренд, ама прават јас да делувам ептен глупо Отворив преведувач за менито за валентајн Поповерс? Консуме и равиоли направени по дома? НекојБиф во мантел? Блинис од компир и спанаќ? Тоа ти е нешто како пире ор уат? Ми иде да плачам.. ептен сум си необразована
Најдобар "лек" кога чуриш од нервоза е пуштање музика на најјако и правење генералка на цел стан. На крај, заслужена чаша вино. Бес намален, негативна енергија испразнета и at least, станот кој претходно си се канела со денови да го чистиш конечно блеска
СДК денес со внук ми се изнаигравме карти за сите пари. Игравме џандар збира, и нормално цел ден тој беше победник Тета мораше да се преправа дека не знае математика за него да му го прави ќефот
На моменти се запрашувам како им е на луѓето што ги сакаат сите. Не дека некого мразам ама има луѓе што неможам да ги сакам. А не ги сакам и тие што ги сакаат сите. На секого се додворуваат, сите им се најмили, најсакани, на сите они од се срце, сите им се посебни. Колкаво срце имате бе луѓе? Ај што ви ги собира сите, ама пак да не сте среќни? Бар да знам дека сте среќни, ќе си кажам што сеат тоа жнеат. Ама не.
Мене лично не ми се проблем цитирањата, океј е да се цитира, проблем ми е да се читаат цитирањата. Мислам стварно небитно е како 2-3ца успеале да разврзат муабет за рецимо машката фигура у домот, за емотиконот леберка, за рандом романтичен подарок и зошто не. Место да се релаксира човек коа доаѓа, да му дое како колумни да си листа и да си клима/превртува очи, оно чита дофрлувања и тоа на секое 2ро мислење. Тоа многу тешко се спаја со утринсково кафе, т.е. со секое кафе. Ни со вода не се спаја. ... и ондак то. Ајде да земеме да сработиме нешто. , Ваша М,
Ги сакам оние силни гушкања, толку силни, што телото ми ги памети и со денови потоа. Тоа е потребната доза љубов.
Веднаш да им се одземе писателската слобода која ја имаат револтираните (мало)граѓани по македонските сајтови. Не дека не се освестување на кое ниво е менталитетот тука. Непотребно резимирање туѓи избори и живот. Ако сфатив добро : Мажите сите возат јака кола, народот нема леб да јади, животот е странство, тука се живее со пратени пари од странство или пензијата од родителите. Комар е нормално, нормално е барем еднаш да си бил Идризово. Да ја тепаш мајка ти и жена ти . Лоши мајки се оние кои им даваат на децата да јадат паштета во ова веганско освестување кое се случува, треба да прават подобри избори за оброци , делкани моркови и краставици исецкани во форми од фроузен. Ама од друга страна така се децата разгалени, па пребираат кога одат кај бабите, плус никој од 80'тите не умрел уште оти јадел сирење од земја кое му паднало од лепчето со ајвар. Во фејсбук група пишале ако го удри коленото врзи му кромид, ние така растевме, ама биди одговорна и пред тоа однеси го на ортопед и психолог, да не има случајно трауми од падот, ако и тоа не помогне, три гомца од глушец под перница стојани на месечева светлина во вторник пазар ден ќе завршат работа. Ако си бил на одмор друго место освен Грција и слушаш друга музика освен турбо фолк си брич Но не би требало како патриот Грција да одиш, а на прослава со колегите мора да ги знаеш песните од Аца Лукас без разлика што слушаш или не си друштвен, намќор си, сноб. Хомосексуалноста е болест, овде никој нема секс, освен оние со по еден партнер во брак и промискуитетните кои доцна навечер собираат непознати по шанкови. Но сепак и тие кои се опфатени од туѓото внимание насочено кон нив, тврдат дека секој треба да си го гледа животот сопствен со докази : Не е битно кој ме донесе вчера дома со црна кола, гледај го син ти се дрогира го продаде телевизорот за игли, стрина ти има швалер, имате долг од ЕВН. Наркоманите се сидосани, единствена полова болест е сида. Кондом е контрацепција. Селани се сите во Скопје, кои не се од Скопје. Над 30 години си стар беќар, стара чупа. Ќе се мажиш само ако си трудна Бразилска депилација е или многу вулгарно или турски. Не знам оти бразилска турски ...ама ај. Немај високи очекувања , оти народот од кој си дел ( клише,клише,клише !) нема да оди вака до Европа. Јас искрено не се замарам. Има кој да го прави тоа за мене. Ги исполнувам сите услови за да земам учество во повеќето стереотипи и сепак среќно живеам и си нервирам наоколу
Е да си ми жива! Сосема се согласувам. Според мене, не е на арно да се изгубиш себе си обидувајќи се да задржиш некој друг, а никогаш не е на арно да сакаш некој повеќе од себе си бидејќи тогаш нивните желби и цели ти се на прво место а ти каде си? За некои твоето (и моето) размислување е себично не се согласувам. Никој и ништо не вреди ако не си Ти своето "Јас!" и ако не си Ти на прво место за себе
https://www.motika.com.mk/43-godish...onija-ja-deportira-doma-ja-cheka-smrna-kazna/ Луѓе дали сте информирани околу случајов? Ако може некако да се помогне, гревота е женичката. Би ја раскинале ако се врати. Колку сум само револтирана на вакво кршење на човековите права, и пак жената мора да страда Ах бре идиоти, како би ве научила да почитувате жени.
Денес сум подобра, фала богу, се чувствувам ко преродена со вишок сила во мене. Мислам дека вчера ја извадив целата негативна енергија во мене. Све нека оди во ку*ац, свртив нова страница.
Абе на соц мрежи известуваат за се и сешто, но вакви инфо треба да се проверат саглам пред вирално да се споделува. Прво, зошто е во притвор? Друго, зошто нејзината држава не ја штити? Како воопшто дошла до овде?
СДК... Што е проблем цитирање? Проблем е што сум "верна" на оваа тема? Дискусијата е здрава работа, дури и кога оди во погрешен правец. На тој начин им го мериш умот на некои луѓе, и учиш нешто ново.
Денес, пуштив случајно на тв на Шоуто на Елен.Гости беа самохрана мајка и нејзината 5год ќеркичка која на 5 месеци добила рак на мозокот.Пред некоја година, била 3 недели во кома и кога се разбудила морала одново да научи да зборува, да јаде, да се движи. Девојчето имаше некоја посебна енергија, ангелска би рекла.Ја гледав како зборува и ми се насолзија очите.Како да ме исполни со некоја позитивна енергија. Особено се израдував кога добија чек од 50.000 долари поради сите трошоци кои ги имала мајка досега. Верба, надеж и љубов.Тоа како да го почувствував преку нејзината ќерка
СДК тие што не сакаат цитирање во темава нека одат во таа без цитирање нека и нека не замараат и драмат без потреба. Едноставно е не ти се свиѓа темава? Не ја посетувај .
Добро утро, петочно. Налетав на еден текст за кој нема да ја коментирам неговата вистинитост, но е доста реален. Одамна имам престанато да се замарам за врските и браковите на луѓето кои ги знам. Зашто, искрено, ме болеше глава од тоа. Но, тие како да не престанале да се замараат за мене, односно мојата врска. Де зошто баш тој, па како успеваме, па што ми направил лани, па како сме уште заедно, па јас што сум му направила, па како функционираме вака....блаблабла. Неминовно е дека љубовта е клучна за да се спои некој со некого, но зрелоста, свесноста, желбата за успех, меѓусебното разбирање и поддршка, тргање на страна се небитно и пролазно е она што не држи заедно. И не ни треба никој да не советува како понатака. Доволно се познаваме и знаеме како треба. Во последно се изолирав и од друг тип на душебрижници кои ти се мешаат во тоа како се однесуваш, како се облекуваш, како работиш итн итн... Чекај, а што правиш ти? Дали ти се сметаш за компетентна да ми кажуваш јас како да живеам? Имаш некој успех зад тебе? И така. Кучињата лаат, карванот си врви. Душебрижниците тапкаат во место грижејќи се за туѓите гајлиња место за своите, ние другите тераме напред. Имајте убав викенд.