Bitch please. Ова ти се сите глупости кои ги имаш пишано во оваа тема во последниот месец само, да не ги барам и другите постови по другите теми. Не знам зошто не превзема некој нешто од тие што треба, кога форумот си има правила околу ова. Или имаше. Ова не ти е Тиндер или некоја друга мрежа од таков карактер. Дај олабави... Или некој нека ти стави некој ден бан, јер одамна го заслужи.
Маш ми се јави да ми каже заклучени да седиме јер некои шетале прашувале за непознати адреси Олку паника не крена ни откако 7ми пат ни обија стан во наша зграда..
Оној Дарко што напраи сообраќајка пијан и дрогиран. Оној без бубрег што не беа сигурни дали ќе преживее? Оној разведениот со ќерка што не ја видел со месеци. Што имал женска упола години од него,вереница.ОНОЈ Дарко што требаше да оди во затвор после болница? Па уште и жртва бил,едвај на погреб отишол. И овие србиве бетер од нас,ни ред ни поредок. Што му се на*урчивте на Д бој, не може сите исти работи да не интересираат,секој според своите можности.Прифатете ги различностите.
Да бараш книга, а да не можеш да ја најдеш е ептен тажна работа. Една од вкупно ДВЕ преведени книги на Казуо Ишигуро, нема каде не прашав, а не можам да ја најдам. А од таа другата што ја прочитав под импресии сум и сега се јадам оти не можам да најдам други изданија. Јас и моите несреќни потраги. Инаку, дали ви се случило да засвиѓате некој со глупо име и после автоматски името ви звучо поубаво и на други луѓе што го имаат? Со глупости се замарам. Право меме сум, жими се.
А бе какво време дојде да ти е страв со непознат да зборнеш, капуљача на глава да стаиш или па да му прозбориш на некое детенце у парк, трговец со органи ќе те направат
Ај биди дамица и игнорирај. Банот го ставам самиот без да има потреба од модератори. Пријатен викенд.
Не можам а и поќе не се обидувам да ги сфатам газдите што секогаш им е малку од профитот. ' Очекував повеќе ' ' Слаби сте ' ' Треба повеќе да работите ' Која логика дека ако велите вака ќе има поголем промет? Со контра? Со ова правите контраефект. Наместо и да има помалку профит да кажете браво, ете нека не биде покачување. Збор, збор нека биде. Ама очигледно, не го бива секој за газда. Една мотивација повеќе да си напуштам работно место. Ете тоа им го правите на вработените, па после ќе кукате да останеме за 15 000. Е па не. Ќе си одиме. Вака.
Давам совети на други дека не треба да бидат добри,зошто веќе нема добри луѓе има лоши и глупи,а јас помагам,јас сожалувам луѓе,јас помогнав зошто сум добра и повторно се докажа помогни и кога ќе те искористат глупав си.Ете глупа сум и наредувам да ме каменуваат зошто сум глупа,зошто не се променив и зошто не сум лоша!
Звучи клише,, ама работи на себе. Остави ги другите. Побарај помош и кога не ти е потреба да видиш кој ќе ти помогне, а кој не. Се пронајдов во твојот муабет.. Знам да бидам таква, ама на крај краишта.,живееме за себе,, не за другите. Не велам да не се помага. Помагање со исаф само, шо рекле стари.
Читам статус на фејсбук од дечко кој ниту е вработен во мвр, ниту има допирна точка со таква професија ама го интересирале такви теми и имал читано и донесол неколку заклучоци. Резултатот од неговиот статус, а и од многу други беше непотребно кревање паника. Јас сум свесна дека ова не е детска игра, дека е сериозна работата и дека не е океј тоа што се случува ама пишување статуси базирани на рекла-казала муабети не ги подобруваат работите, туку само шират паника. Не знам дали овие кои пишуваат вакви статуси се свесни какво влијание истите можат да имаат врз луѓето кои ги читаат. Мајка ми да прочита еден од нив око нема да склопи жената. Малку осет треба да се има и контрола врз тоа што се се објавува.
Сѐ што е потребно за триумф е добриот човек да не направи ништо..(се однесува на недостатокот на реакција на туѓото зло).