И мене снегов ми уништи планови. А таман си бев во пролет mood. Бегај снегу, доста беше од тебе. Но добра вест е тоа што само денес и можеби утре ќе биде вака според временска прогноза, следнава недела дури до 17 степени може да дојде.
Патетични луѓенца на кои мозокот им служи за да продуцира исклучиво тралала муабети кои немаат врска со реалноста. Cheers to them!
Имам гледано мн пати емисија со Стив Ирвин и навистина сум му се воодушевувала. Човек со огромна љубов кон животните, со толку познавања околу нив до степен да има храброст да земе во раце и едни од најотровните змии на светот. И сега, 13 години после неговата смрт, се најдоа оние ПЕТА за покоен човек да кажат дека си ја заслужил смртта (добро не баш овие зборови) ама дека си го барал да умре зошто ја малтретирал рајата, а и останатите животни со кои истиот се среќавал и ги проучувал. А да не збориме ПЕТА колку се врв на лицемерие со нивните лаги и грди пропаганди кои ги шират само за направат секого крив и да глумат колку тие се грижеле за животните. Стив самиот повеќе бил грижлив за животни отколку тие лицемери.
Каков живот живеам последниве месец ипол дена алал да ми е. Домата ми е хотел станата..шо убаво си учев прво полугодие, сега не ми се ни отвара книга. Си го продолжив распустот.
СДК одамна не сум пишал нешто надвор е ладно, чист воздух, идеално за прошетка без друштво, без слушалки. За бистрење мозок екстра е времето.
Се е во движење: и водата и Земјата, и животот и смртта, оттука и свеста треба да биде постојано променлива, а не статична.
Стрпливо чекам рано сонце, нежно, пролетно ,без неговите лудости и јачини. Да се скрие повремено па да го бараш во плавилото бистро. Па пролетен дожд и се така синхронизирано, во топло и меко деноноќие. И тулипани.
Од денес почнувам да вежбам Се натерав. Ќе почнам со 3 серии по 20 чучњеви, стомачни и грбни во ден.Па ќе зголемувам за 10. Стиже летооо
Сакам да кажам дека би било добро да се заклучи или избрише оваа тема.Треба да остане само онаа СДК без цитирања.
Не сакам да ми го цитираат секое мислење.Има и други што не сакаат.Овде има многу потсмеви на мислењата.Човек не може да се искаже на раат.Затоа треба да се тргне оваа тема.