Горан Пандев добил италијански пасош јер играл долго време во Италија. На тоа реакцијата на македончето е колнење, пцуење зошто побогу ја предал македонската кауза. А тие возат коли на бугарски табли. Ах бе македонче дрво недоделкано
Чудно им е јако кога ме провоцираат со секакви муабети им ќутам. Нз што е чудно ? Едноставно не реагирам.. Слушам, собирам инфо и се смешкам само.
СДК дека имаш право да критикуваш друг кога си стасал на некоја скала од достигнувања,па имаш знаења и умешност. Од џабелебојадци со нула километража на патот на науката-аман!
Аман бре и во 40 те читав-не е машко.  СДК баш сакам да има концерт у мк. не ради шелоу, има други песни што повеќе ми се свиѓаат.
@Mr. Right, многу ме интересира каде го прочита ова во 2019? Шпекулацијава е од времето кога новинарите открија за clickbait на интернетов.
Значи кога веќе се осмелувате да проценувате туѓ изглед, барем погрижете се за својот и се разбира барем забите измијте ги. Каде со тие заби црнаица, каде? 21 век заби да не се мијат.
На некој портал поставена слика од Кендал Џенер: "Кендал со разголен фустан: сексипил или немање осет?" И следува прв коментар од жена: "кој сексипил море ко стап за чукање ореј е хахаххаахха" и на него факинг 50 од она емоџито што се смее, као демек леле колку смешно нешто кажа типката. На скала од 0 до бескрај, колку сте мизерни?
Што се луѓето се спремни да прават кога не почувствувале љубов. Не мислам на романтична, само према љубoвници. Мислам на онаа интимна близина, сочувствие, грижа и разбирање. Не помеѓу двајца партнери само, туку меѓу родител и дете, пријатели, па дури и колеги... она човечкото прашање како си, она суштинското обострано разбирање, сослушување, па дури и да е расправање да биде без суета, оголено и едноставно. За празните луѓе... се е подсмев... се е смешно, не е дури ни саркастично зошто не ни имаат капацитет да разберат повеќе... зошто никогаш не нинпочувствувале како е да се биде сакан предадено и несебично, да знаеш дека кога и да паднеш има кој да те крене, а потоа создаваш сам механизам на себекревање и одржување и спремен си истото да го правиш за оние што ќе ги испилиш од себе и за оние кои то се во средината. Во вакви моменти само си сфаќам колку имав среќа да ми се родители моите родители макар биле најгрешни за себе самите. Ако нешто не недостигало било љубов, се друго можело и да се истрпи. А сум им судела, не дека не и сум била во грешка кога гледам што све проаѓа под родителска љубов. Страшно колку луѓе треба да бидат под терапија за своите фрустрации...