Многу простачки ми е кажувањето ,,шеги" за жени од страна на мажите, особено кога ги претставуваат како ,,создадени за готвење, размножување, слугување и суштества без некоја особена интелигенција и способност за било што друго надвор од домаќинските обврски." Ама уште попростачки ми е кога жена се потсмева на нешто вакво прераскажувајќи го нештото и на други жени како да ја кажала најголемата мудрост на векот.
И покрај се што му се случи вчера, ми се јави и ми посака убава вечер. Причина плус да го гушнам кога ќе го видам Пријателите се редок вид, не го познавам долго ама е поискрен од многу што ги знам со години. Пријателството е возвишена работа
Денов најспонтано ми се направи бомбона. Се чудам како не се испоначукав од виново, немам мириснато алкохол кузнае од кога.
Гневна сум и премногу повредена од твоите зборови. Знаев дека си тежок човек, но и јас сум. И не можам да си дозволам да ти простам, зошто многу работи ти простував до сега. Многу зборови кои ги кажа без да размислиш, ги „заборавив“, но не можам веќе. Доволно време пробував да не те повредам, да не те навредам, а ти немаш проблем тоа да го правиш пак, и пак и пак и пак. И додека ти дозволувам ќе го правиш тоа, ама јас не сум дете, а не си ни ти веќе толку добар манипулатор. Ти ги научив финтите веќе. Не се сомневам во твојата љубов за мене, знам дека ме сакаш повеќе од се. Само што изгледа тебе ти е полесно мене да ме повредуваш, отколку да пробаш да се излечиш себе. Е па не може веќе така. Веќе не можам да те штитам од светот, тато.
Денес запознав прекрасна личност. Никогаш во животот немав запознаено некој кој ги сака толку многу луѓето, а зборувам за луѓе кои ги знае само еден ден. Личност со премногу емоции во себе. Јас сум воодушевена. Колку е лесно да се шири љубов и позитивна енергија, и во вистинска смисла да ти го направи денот, а сепак ретки се таквите лица. Најголем дел од луѓето бираме да бидеме намќори, себични, без желба да се помогне на друг. Многу сакам да учам од позитивни луѓе.
Сега по дома ќе се испотепаме кој да биде родител А, кој родител Б? Јас сум А, прва си кажав. Се средивме, па на тоа дојде ред.
Знаеш дека е 1ви во месецот, кога пред Тутунска банка има редица од пензионери, од самата банка па се до излезот од градот. Чекав пола сат, колоната мрдна за ни мање ни више 3 човека.
@x.Daisy.x пишува "пиленце убаво". Над глава ми дреме драги и го слушам: - Кажи и дека таа е кокошка, а не птицата моја! - Молам? - Доста ми ја викате птицата "кокошка", папагал е тоа, а не кокошка. - Кај виде "кокошка"? - Па "пиленце". - Да, "пиленце" значи мала птица. - Не, "пиленце" значи мало пиле, "пиле" значи младо од кокошка. - Да, ама исто и мала птица - Не, тоа е "птичица" - Не, тоа е "пиленце". Немаме збор "птичица" ние. Гледа збунето, гледа... - Т.е. имаме, "птичка" ама "птичка" никој не користи. "Птичка", "пичка"... И онака, ми падна малку смешно, збунка во јазикот. Дејзи, не се лути, не е лош тој, само пиленцето не му го чепкај
Март биди добар, како што ми започна. Цел ден ја држам оваа еуфорија. Од искрените насмевки на децата, од мартинките и многуте замислени желби, од сонцето што се насели во мене. Во мојата душа светилник. Денес се смеам најгласно. Денес сум мотивирана да ги остварам сите мои соништа. Да поместам планини. И најважно од се да сфатам колку проблемите ми се мали и неважни, и свесна сум какви се проблеми немам. Денес пејам на глас и танцувам. Фала ти март.
„Држете ја својата љубов цврсто: со рацете, нозете, ноктите. Бидејќи таа нема да престане, туку ќе се засили, баш кога ќе дојдат децата. Баш кога сиромаштијата ќе влезе на врата. Баш кога ќе треба да се врати кредитот. Баш кога тој ќе биде болен. Баш кога нема да спие со тебе три пати дневно. И можеби не сте вие направени со љубов, но правете нови деца со љубов. Или не ги правете. На некои љубови тие не им се потребни. Само не дозволувајте да ве лажат. Другите ни се мешаат во платите, образованието, работата, здравјето, облекувањето, прехраната, влијаат на половина од нашиот живот бидејќи светот е таков. Но својата љубов не ја давајте никому. Бидејќи тоа е најмногу што ќе постигнете во животот.‘‘ https://www.fakulteti.mk/mobile/new...od_ljubovta_se_zhivee_od_parite_se_prezhivuva
На форум се пишува, а не во. Морав, извини. Не мора да се ситничари, ама кога веќе самата зборуваш за правопис, и тоа како личност по струка лингвист како што велиш - логично е да повнимаваш и на твојот.