Сакам да кажам дека после два и пол месеци како не бев рает слободна, денес како прв слободен ден, ама вистински слободен ден, го користам максимално. Појадок, мафини, торта, уште едни мафини, си поиграв со кокосот малку, мислам дека ми влезе раска в око уште немом да ја извам, ручек допрва. Се преродив.
Не им верувам на луѓе кои се караат до степен да не зборуваат, си користат погрдни зборови и се колнат помеѓу себе, а после јадат заедно. Тоа се случува, моментално на работа. Прости им Господе, не знаат што прават. Простете феминки и простено да ви е.
Успеав, по саат и пол, да си поставам сама рутер. Потполно го игнорирам фактот дека станав во 12, и каснам со 30 обврски што пола требаше да ги завршам уште вчера. Надвор истура цел ден. Единствена желба - да се пикнам под ќебе и да се гушкам до бесвест. Ништо не му фали на понеделник, зашто ништо нема да те дотепа ко никаква недела.
Не било битно што работел некој за да видиш во врска со него. Хаха цуци, затоа твојот е програмер, а на другава во државно зема 30.000? Барем таа не коментира. Битно е, златна, ако имате пари и да немате стан ќе одите ќе си купите со заедничкиот буџет. Не продавај бајки, посебно не такви во кои и сама не веруваш. И да, не сакам молер, макар и сама останала доживотно. Еднаш ја кркав таа приказна, уште еднаш не.
Демек таа кога бирала програмер за парите го избрала? Се бира амбиција да има и желба за работа, оти џабе и програмер и директор ако утре рече "не ми се работи".
@DAngel Сега баш ќе речев. Од една страна ја разбирам, лошо искуство, ама не треба човекот да се цени според моменталната ситуација, бидејќи таа утре може да се промени, туку едноставно амбицијата треба да му ја видиш. И молер и програмер и се. Пример од комшии, од молер и мајстор си отвори свој бизнис, денес тој дава плата на 20 работници и напредува. А во околина програмер, ама моментално ако пушти Боже и тате Така да, амбицијата е најважна
Дечко ми беше невработен кога се запознавме, еве го - 3 години подоцна во месец работа му остануваат чисти колку мене за 6 месеци а јас сум програмер. Имав бивши што стварно го биваше во работата, и си ја сакаше. Се убиваше од фалење како тој е еден од малкуте експерти за тоа во МК, како тој од 18 години работел и што ли уште не. Ни еднаш не се ни обиде да аплицира на друго место, ако овие си играа со него како што сакаа. За четири години заедно ни еднаш не побара ниту доби ни покачување ни унапредување(за 18000 плус бонуси работеше, докај 24000 макс). Еднаш дури прифати да не оди на работа еден период, а овие му даваа 9000 под рака, колку за живуркање и тој беше пресреќен што му давале пари без да работи, па не се ни потруди да најде друга работа, ниту дури ни само за тој период. Си седеше и си чекаше пак да го викнат на работа. Раскинавме кога јас се вработив, го изеде црвот кога сфати дека ќе земам поголема плата од него.
Обично тоа што нејќеш на глава иде....karma is a bitch....затоа смирено со изјавите.... Нема ништо лошо во чесно заработени пари па макар и од молерисување... Срамота е да се омаловажува нечиј труд и професија..
Утрово ми излезе некој цитат од Карл Јунг. Беше нешто во стилот, не може да очекувате дека човек ќе стане нешто кое го нема во себе.
Не сум утринска особа одкако знам за себе, мал дел од мене одумира секоја вечер кога го местам алармот за утредента. Сабајлево при првите вознемирувачки звуци од алармот, ми дојде нагон за плачење, па ми текна дека веројатно ќе станувам рано уште 40.. години, па ми дојде да вриштам. Добро утро и вам
Шовенизмот и сексизмот биле право на мислење. Хомофобија било право на мислење. Антиваксерството било право на мислење. Радикализмот било право на мислење. Лажните вести биле право на мислење. Тврдењето дека анксиозноста и депресијата не се болести било право на мислење. Да кажеш на суицидална личност "море да си ми дете како би те исплескала" било право на мислење. Активно тролање било право на мислење. Не, не е право на мислење, туку така ви е кажано затоа што се пишуваат мислења, се бројат кликови, се качува активност. Не се битни ни последиците од тие мислења, ни човечките чувства, ни никој во таа равенка освен форумската активност. Изгледа треба да си подразмислам за активноста на форумот. Вреди ли да се даваат "кликови" на нешто со чија што политика на управување воопшто не се согласувам? Да, ќе речете: "Олабави се, за дружење е форумот", ама не е толку едноставно. Од овој форум излегуваат многу идеи, на овој форум се одгледуваат многу деца, многу девојчиња раснат на форумот. И што ќе научат? Дека вакцините не чинат, дека срамота е да отидеш на психолог, дека на жената местото и е во кујната, дека педерите се гадни, дека сите ќе се откажат од тебе ако си поразлична.
СДК и покрај се ќе кажувам оноа што го мислам , тажно е што оние кои имаат нешто на совест секогаш се пронаоѓаат во моите муабети ...... сарказамот е дел од начинот на кој се изразувам , не е мој проблем што секој збор го сфаќате лично ❤