Ова со менструација и фемструација било социјален експеримент на едни производители на женски гаќи за да ги натераат луѓето да зборат повеќе за менструацијата (демек да се разбие менструацијата како табу топик), и да се дигне search рејтингот на зборот менструација. Сѐ ми се чини дека полошо направија, да се смее цела држава на "овие мрднативе феминистки". Баш се прашувам кој ги советувал на ова. Сигурно некоја модерна, прогресивна, еманципирана дама. И да, без веза ви се гаќиве. Ако менструацијата не треба да е табу, зошто би сакала да ги кријам крилцата од влошката? @Animali и мене ми е крипи цел Инстаграм со селфиња, ама ваљда на @Mr. Right му се Лила и Мелита репер за како треба да изгледа еден Инстаграм профил.
Vodafone Германија од пред некој период нуди 1 гига бит во секунда брз интернет за само 19,99 евра месечно. За некои 50-60 евра добивате плус HD телевизија и неограничено зборување на мобилен. Ете колку кај нас мобилните оператори и интернет провајдери не ограбуваат максимално. Грабеж невиден. И тоа имаме прилично лош интернет со нестабилна конекција. 37 евра е годишна патарина во Швајцарија да возите каде сакате и колку сакате во сите правци. Во Унгарија е 160 евра, во Австрија 87 евра во сите правци, а во Македонија од 100-120 евра месечно само една рута, не низ цела држава, а возиме 20 пати полоши патишта. Грабеж невиден. Кој и да дојде на власт сите си молчат, затоа што им ги полниме џебовите.
Многу ме нервира кога некој ме прашува за мислење и совет, а воопшто не ми дозволува да го искажам својот став. Ако моето мислење е спротивно од твоето не значи дека те осудувам, туку се обидувам да ти кажам од моја перспектива како јас гледам на цела ситуација (најдобронамерно). Ако сметаш дека секогаш си во право, зошто бараш совет? Внимавај со таквиот став далеку ќе стигнеш...
Л е л е ј прасе Од мене предлог тема ако нема, да споделуваме инста профили или слики од миленичиња. Па да земам све да испозаследам. Јас сите корги ги следам, нема поубави кучиња, н е м а.
Убаво викаат, баба Марта со 300 ума е..да не ми беше ранецов на грб мислам ветров до Водно ќе ме однесеше Дуват корнит, џабе и пеглање и шминка отиде во пм
Дали сум единствена што нема инстаграм ? до душа никакви апликации немам инсталирано на мобилниот освен фејсбук и месинџер , друго ништо не користам. Старомодна сум јас за тие нови модерни допишувања и дружења преку апликациите. Пензионер не ми е рамен. Иначе не дека ве интересира, ама да си кажам, бев на ортопед ми препиша Ibuprofen 600 и Omeprazol bluefish 40mg капсули па следниве 5 дена ќе се дрогирам зш умрев од болки во десната нога. Јас;, докторе не носам јас штикли, на ниски кондури сум Докторот: ама ја имаш преморено ногата, најчесто пациенти кои постојано се во движење се жалат на исти такви болки, плус земи во обзир дека работата ти е со движење нон стоп. И така, утре сум од 5:30 сабајле на работа , па да седнам сега да манијачам што имам испуштено на нет.
Не знам зошто некој кога бара Совет по социјалниве мрежи, место да го советуваат тие го критикуваат Глеам сега си бара некоја жена совет кај да абортира, тие ја нападнале како децата се нешто најсвето. Па нели секој си има право на избор, ако некој бара совет за абортус поверојатно е дека има милион причини зошто не го сака тоа дете, отколку да го роди зошто пр. Некои луѓе не можат да имаат. Или читам други си бараат совети за развод кај да се обратат шо како, жеништана бре се запнале по секоја цена да го задржи бракот. Луѓе бре, кога некој ви бара совет дајте совет, некогаш не не интересираат туѓите искуства и мислења, кога луѓето се решиле на неко чекори поинакви од останатите
Напредување во кариера е супер. Цел живот келнер, зел диплома од Туризам на 40+ години, се менува власт, го ставаат директор на јавно претпријатие. Ова нашево ако не е the land of opportunities, не знам која друга земја е.
СДК1: Од случајности, денес во кола си ја потпевнував "Total eclipse of the heart" бидејќи онака ми текна на таа песна, го пуштив радиото и истата песна беше на Антена5. СДК2: Профил на миленици? Hell yeah! Обожавам кога Инстаграмот ми е преплавен со толку многу cuteness. Па ако му смета на некого тоа и препишува дијагнози на тие што имаат и оние што следат такви профили, I don't need that kind of negativity in my life.
Право на мислење ќе имате во теми за мода, шминка, музика, филмови, уметност итн. На сериозни и осетливи теми истото тоа такозвано мислење може да биде само или подршка или осуда. Сфатете once and for all.
СДК : Дефинитивно, се заразив со серијата Идам од прва смена, јадам ,седнувам и праам цело вечерен маратон. И плус има еден секси црнец,Дерек,толку ми е секси,мммм, baby,baby,baby.. Spoiler: McKinley Freeman (Derek Roman) Еве јас се пријавувам ,да ми бидеш најдобрата грешка што некогаш сум ја направила