Ај сеа вака... дали и од каде помислата дека имате шанси кај мене, клошарка шо се сама си заработила, и шо отишла на друг крај на свет за парче леб, али изгледа ко да не и фали ништо у животот, вие мајкини синови кои ми се фалите дека со вашите начукани 35 години у гзот, не сте имале потреба до сеа да работите, а изгледате ко молер насред радно време, додека шетате по кафиќи и кафани... А малце да си ги спуштевте критериумите, или па да поработевте на себе? Не ми треба мене паразит спонзор да му бидам, не сум глупа ни очајна... Или па вие шо чистачка и пи*ка се у едно барате. ,, Здраво ја ќе идам да работам таму, сам ќе бидам знаеш како е тешко сам да јадеш да переш...,, Па земи си ја мајка ти со тебе, ти се плукнам у семката.. Мрш!
Си читав разговори што сум ги терал 2013та тогаш не знаев дека сѐ и сешто ќе ме снајде до овие времиња. Сѐ се променило само карактерот си го задржав.
За да успееш да усреќиш некого, треба и ти самиот да си ВИСТИНСКИ среќен.. без глума, без прикривање на чувства... .. инаку џабе е, кога тие што сакаш да ги видиш среќни ти ја видат намуртената фаца и јасно им е дека се правиш со сила и ти не си среќен.. Што ќе ми е да сум среќна, ако се сите несреќни? Кога луѓето се несреќни не можеш ни обичен муабет да свртиш а да не се осетиш чудно..
Зошто зошто и зошто толку неверства во врските? Што ги тера луѓето на тоа? Додека едни изневеруваат други стискаат палци среќата да им се насмее и да сретнат некој/а со кој/а секој ден и ноќ ќе им биде мед и млеко, задоволство без граници...
Има моменти и чувства кои никогаш не ги забораваш. Ги закопуваш длабоко во себе и не дозволуваш никој да допре до нив.
Марио Мицковски и Стефан Трпковски, со освоените златни медали на 50 метри слободен стил на Светските летни олимписки игри за лица со посебни потреби во Абу Даби 2019. Браво момци! Секоја чест!
Не ги разбирам девојките кои некоја мана кај партнерот упорно ја потенцираат како им пречи дури до степен да му набиваат комплекси, ама сепак се со него и дури се осеќаат понижено што се во врска со него. И ова конкретно физичка каракеристика. Точно дека никој не е совршен, ама да омаловажуваш некого во сериозна смисла до степен да се осеќа бескорисно не е во ред, особено ако со таа личност си долго време во врска. Па една пишала дека и' пречи што имала низок дечко, друга што му бил мал, трета нешто друго, па ко да партнерот магично ќе се промени специјално за тие да бидат задоволни Сериозно, ако ви пречи оставете ги да си најдат некој што вистински ќе ги сака.
Прво ќе те направат од гомно подолу без основа и причина и после откако ќе размислат што напраиле ќе очекуваат да биди се по старо.. епа каде така бе ..полека малку..
Ако некогаш си ја изневерил мојата доверба, воопшто не ми е проблем да си го свртам погледот и да те одминам на улица. Не ми требаат лажни манири. А во спротивно, ќе ти речам „здраво“ и ќе ти ја упатам најубавата насмевка што некогаш си ја видел. Од срце.
Некој спие, а некој го брка околу зграда своето куче и гласно го довикува и му вели ' Не, таму, ти реков да не одиш таму ' , заборавајќи дека наоколу постојат луѓе кои вчера биле втора смена и спијат. И бдв кучето е куче, не може да ти ги разбере зборовите, а уште помалку ѕверењето. Peace, bro!
За себе мислам дека сум ок човек (ни предобар, ни прелош, ама барем не лажам, не крадам, не сакам туѓо, не пакостам на народ од завист) ама исто така признавам дека би тепала некои луѓе, зли луѓе кои знаат само за пакост. Онака баш би ги натепала. И тоа е...веројатно човечки. Исто така Ванчо Чифлиганец би платила да го видам како копа ров или како бара донации да си купи корка леб. На пример. Адора, асоцијација за гнила фирма.