A што фајде ако имаш коментар на секој коментар на forum.femina.mk, по мејл ти праќаат сертификат? Секој со своите очекувања, сите не се исто скроени. Ти да не сакаш сите да бидат како тебе?
Епа да ме цитираш нареден пат кога коментираш мои коментари затоа што немам обичај да ја отварам темава, инцидентно влегувам (и кога и да влезам по некоја случајност ти си тука ). Друг проблем нема.
Да те цитирав ќе значеше дека сакам дискусија со тебе за темата. Штом не те цитирав значи дека само си ме поттикнала да си кажам мое мислење без да навлегувам лично. Јасно е сега? И не сум тука често, само изгледа впечаток ти оставам па повеќе ме памтиш Поздрав.
Ќе почнам да верувам дека некои луѓе се реинкарнираат и тоа во најмала рака во двајца тројца личности
Секаква лична причина за една жена да одлучи да не раѓа деца е валидна и не ја прави себична, макар тоа било и едноставно да ја плаши/не ја радува помислата на 9 месеци (донекаде) отежнато функционирање, мачнини и часови породилни болки на крај. На секоја возраст откако добила циклус, жената има право да размислува на ова прашање и да има и негативна реакција на помислата за бременост и родителство (исто како и позитивна, која меѓутоа е охрабрена и единствена сметана за нормална и за пример - како што и симпатијата само кон спротивниот пол е охрабрувана уште од најмала возраст), и да не биде исмевано и понижувано нејзиното мислење со претпоставка дека ќе се смени. Да, можеби ќе се смени, но тоа веројатно нема (и не треба) да биде поради туѓи мислења и општествен притисок - туку поради сопствениот развој на чувства. Телото е прв и константен дом кој го имаме секој за себе, кој секој треба да има право да си го управува според сопствените чувства и преференци. А не им идете на луѓе и ги учите што да прават во своите домови, нели?
Не паметам кога последно олку убаво сум поминувала како деновиве со празников. Се чувствувам како да живеам во вистинска смисла на зборот. Нека потрае уште малку барем...
Како улетуваат некои луѓе во животот, некои чудесни идеи и замислени идили... Да си помислиш дека боговите од Олимп биле пијани кога го одредувале тоа прашање. Не знам, али она што го знам е дека се се менува, облик, боја, значение.Ќе видиш мали парчиња од сево ова, како да се собирале тие битни ствари, грижливо, на полица. Како трофеи.Па се случува некаква енергија која ве тера да го напуштите сето тоа и да почнете одново, носејќи со себе само тоа што можете да понесете.Всушност го носите само она нераскинливото од себе. И тогаш ми се нафрлаат комарци, дур се трудам да видам месечина во полн ек. Да видам како собира сила, се полни и наголемува. Да ја гледам како пред важна битка. Битка која ќе ја добијам, додека комарци ме касаат од сегде,а јас им дозволувам не се бунтувам. За возврат, не зујат. И на крај ја добивам, не затоа што совршено се борам, туку затоа што имам мир во себе кој ништо не може да го изремети и никаков исход не може да му наштети. Нема никаков трофеј, само време и простор претворено во кристали. И одиме кон поголеми цели...
Сакам да кажам дека од денес вервам дека Земјата не постои. Некогаш постоеше, ама сега не постои и ние не постоиме. Ова е добро зошто во ваква непостоечка сегашност, значи и дека депресијата не ми е вистинска. Пис.
Кога на форумов ќе се потрудиш да дадеш непопуларно мислење... https://www.facebook.com/276157035868006/posts/1273624676121232/
Следен пат кога некој на некој му пишува за тоa како треба а како не со сопственото дете, гледајте како вие си ги воспитувате или веќе сте ги израснале вашите деца ако ги имате. Не ми е бе секој ден супер, па јас да сум супер дури и со моето дете...па осудете ме колку што сакате, и ќе му викам ако е непослушен, и сите можите да....ај да не пцујам.
Многу се нервирам кога сакам да свртам некој лик за една вечер, наоѓам место ќе падне deal, и на крај.. ,,Ама знаеш, имам некој за сериозно, да не дознае". Ултимативен turn off, пропратено со директно прашање - Што ме бараш ако имаш ебем ти?! ,,Па, се мислам дали да изневерам, одлична прилика си" - Епа ти не си ми веќе бате, не ми го дигаш андреналинот, и сеа шо праиме? Типов збунет, и ба баууу како гром од ведро небо ,,Па, можам да најдам јас уште девојки како тебе" Јас се смеам под мустак и си викам ќе раскинеш ти, ќе се вратиш кујо, ама ја може нема да бидам тука.