Никогаш не сум сакал да ја напуштам татковината,никогаш не сум сакал да си одам од моето родно место Скопје,Македонија,но готово е,ке морам и го направив првиот чекор.За 20 дена веќе ме нема од државава,јас и ти љубов моја,за нас,за подобра иднина,за подобар живот,идеме со сите сили на печалба.Чувај не Господе,само да сме здрави и живи. Ви посакувам на сите,да бидете со оние што ги сакате,што ве ценат,што ве сметаат за дел од нивниот живот,и да си најдете среќата ако не сте нашле. Се читаме во иднина
Што да правам кога сум дигитално писмена? Знам каде да видам, знам што барам, малку интуиција и поврзувам два и два. Тоа е кога си пораснат со интернет, го знаеш секое дупче и ќоше и апликациичка и финта за да провериш или добиеш некоја информација. И ако ме лажеш, ќе те откријам, можеби и несакајќи. Затоа што секогаш се погодува да видам нешто што не треба, или да познавам некој што бил таму. Можеби тоа е мојата среќа, којзнае. Затоа што колку и да е сурова, секогаш ќе ја одберам вистината пред среќното живеење во илузија.
СДК колку беше порано потешко за мене околу ставањето слики. Сликаш со телефон или апарат од тие малите, непрофесионални... па ајде префрлаш со кабелче на pc или лап топ. Колку беше потешко на времето да ставиш слика, а сега чкрапнуваш со телефонот и редиш... Колку непроспиени ноќи ми поминале тука кога сѐ било поинаку, па дури и порозево од сегашниот момент. Убавото од сѐ е тоа колку работите еволуирале оттогаш, а она што ме плаши уште повеќе е: колку ќе еволуираат навака, кога пак ќе направам пауза од форумов. И дали кога ќе се вратам повторно ќе постои?
Денес ама сите ме нервираат.Уште па ме крадат, алоо мене ме крадеш?! Да дознаам само кој е, рачето Не една, две ствари ми украле па п.м.материна 300 ден се.
Некогаш ми е ќеф да му исполнам некоја негова желба, или да му купам нешто што сакал. Или мерак ми е да облечам некое парче за кое ми рекол дека убаво ми стои, како јас што знам некогаш да му речам облечи ја сината кошула, најубаво ти стои. Или ако купам пак од парфемот што го обожава на мене. А и тој да постапи исто. И сѐ додека истово не преминува во контролирање и навредување ако другиот постапи спротивно, не гледам како јас сум нечија жртва или дека му се покорувам.
Најмногу мразам е кога комуницирам со некого преку социјалните мрежи, не знае ни пола од тоа што сум го поминала но битно личноста е спремна да ми соли памет бидејќи мисли дека за тро е попаметна од мене. Не можеш да бидеш попаметен од мене ако не знаеш низ што се имам поминато, не си во моја кожа да зборуваш за мои чувства уште помалку за моето минато затоа што мислиш дека ќе помогнеш со твоето солење памет и дека ќе ми помогнеш со твоето мрчење како сум постапила и како треба да постапам. Аман од такви сезнајковци. Туку од секогаш сум се прашувала, кога е вистинското време да прекинеш пријателство?
Деновиве имам потреба асално да се искарам со некој, да испцујам, да се изнавикам. Не знам зашто ама си барам рачки за карање.Таков ми е периодот..
ПОРАКА ДО СИТЕ ПРОДАВАЧКИ Не е ваша работа што и колку ќе купам, не е ваша работа како ќе го платам тоа дали во кеш или со картичка. Тоа е мое право, а ваша обврска е да го услужите како што треба муштеријата. Ако не ви се работи, седете си дома. Има многу други невработени кои молат за работа. Ама да ми се буните зошто купувам само една ситница која вреди толку евтино, а ви давам картичка за да наплатите, не трпам такво ваше дрско и сељачко однесување. Затоа не изненадувајте се ако муштерија ви повиши глас. Живееме во 21 век, ако сте заборавиле да ве потсетам. Сè повеќе луѓето користат платежни картички, тоа е навистина ем модерно, ем корисно. Корисно е бидејќи нема да ми се мотаат ситни и крупни пари во новчаник, во џеб, ваму таму. И нема да мислам колку пари треба да дадам, па колку кусур сте ми вратиле, дали точно или не. Вака со картичка културно ќе си платам и мирна ми глава. Не знам навистина што вас ви смета тоа. Важно ви плаќам, никогаш ни сум помислила, а не па да украдам нешто. Затоа внимавајте како се однесувате со муштериите.
Фала на објаснување, навистина првпат слушам за овие кратенки... Море имало или немало џандари овде, таа е реалноста....чест на исклучоци
@cresa-jagoda Колку само се согласувам. Пред некој ден баш имав слична дебилска ситуација во маркет. Не знаеше да ја стави картичката, па надмено ми рече оти транскацијата не е возможна, бидејќи сум немала пари јас, и го кажа онака јас и гласно, а воедно со потсмевачки тон. Среќа менаџерот беше на пола метар до неа, па дојде и и покажа како да ја стави. Наместо да се извини, неа мува не ја лази. Не сме ни светлосни години разлика од цивилизацијата, ние сме едно ништо.
Леле не ми отварај уста. Сега пред не цел месец, нив им било расипано апаратчето, а мене ми викаат тие таму едни две продавачки дека картичката ми нема пари, дека не ми е исправна картицата, дека не ја чита апаратчето. Ај една картица не, ама истото ми го викаат и за друга картица што им ја дадов на друга банка. И двете картици беа исправни и со пари. Ама тие упорни дека до моите картички било, а не до нивното апаратче. И уште ќе јаде едната го*на дека сум дошла беспари да јадам. И тешко било со луѓе да се работи. Среќа имав некој денар кеш, па платив, последните пари кеш и ги дадов, зашто веќе бурекот беше исечен и сервиран за јадење. После тоа со картиците отидов во најблискиот маркет и купив што ми беше потребно, картичките си функционираа без проблем. Со фискалните се вратив да им докажам дека апаратчето не им е исправно и дека треба да и кажат на шефицата, а таа да пријави во банка. Нормално бев во право и повишив тон, па кај криви уште едната ми се заканува со полиција. Наредниот ден пријавив кај надлежната шефица, и други имале таков проблем, па и кажале па пријавила во банка и испаднало дека апаратчето им е расипано, па им дале ново апаратче. Ми кажа дека едната вработена одма ја отпуштила, а другата ќе ја премести на друго место, па ако не работи како што треба и нејзе ќе ја отпушти. Што си бараа си добија. Неписмени и арогантни.
Сфаќам дека созреав откако веќе не очекувам ништо од никого, откако ниту една туѓа постапка веќе не ме боли, изненадува и растажува, и до мене не допира ништо. Јеј.