Последен ден. Утре се враќам назад. Фала срц што беше со мене целиот овој период и посебно фала што правеше муабет со моиве да ме остават на раат да дишам. Се гледаме утре на аеродромот во Ск да се испратиме па те чекам на гости во следна прилика. Душа една мила, Господ здравје да ти даде што максимално ми посветуваш внимание и што специјално за мене земаш слободен ден од работа за да ме испратиш на аеродромот. Фала ти од срце. Осеќам ќе има солзи. Разделбите со драги личности се секогаш тешки.
Знаеш дека сама си се сакаш и си на прво место, кога возиш до другиот крај на градот само да си го купиш омиленото јадење и покрај тоа што си свесна дека ќе те фатат гужви и ќе заглавиш долго по пат Стварно сакајте си се
Сабајле зборував на телефон во тој момент дознав дека еден мој близок е во болница, до мене на клупата седна една постара жена и ме праша дали имам 100 ден и требале за апчиња.... прво си помислив зошто,како ама викам и последните да се ќе ги дадам и станав Цел ден мислам на тоа каква приказна се крие за да дојде до таква ситуација.... жално Незнаеме кој низ што минува секојдневно
Знам она дека здравјето е најважно. Јас мислам дека сум единствена што би си упропастила здравје за други нешта да имам.
Одамна не верувам во многу работи. Не верувам дека некој кој вчера си го сретнал и ти помогнал за нешто, тоа го прави без да извлече некоја корист. Не верувам во оние демек добронамерни насоки кои водат кон тоа да се откажеш од нешто. Не верувам ни дека некој е избран негде за нешто без да има некоја позадина. Не верувам дека секој го заслужил својот успех. Не верувам ни во случајности. Веќе 7 месеци гледам дволичност и завидливост повеќе од било кога. Затоа не верувам...
Не верувам на луѓе кои ми викаат " срцка" од прво запознавање. Не им верувам особено на оние што ми нудат полиси за осигурување ( начинот на кои сакаат да се доближат до тебе,умилкување и кажување како тие успеале да заработат толку многу) Не знам како но денес имав доста добра прогноза за една личност. Не сакам лажно умилкување, не знам за вас ама кај мене има контра ефект сето тоа. Не, не се успешни тие што лажно се умилкуваат и постигнуваат некоја цел, НЕ. За мене успешна е онаа личност која е оригинална, без тие подлизувачки вештини на продавање демагогии. Поздрав. Лека ноќ.
Има нешто сељачко кога на прашањето каква храна сакаш, а ти одговараат со "морско". Ми предизвикува ролање на очите со Солун и назад. Као не е морска, морско е, но исто така омилена зошто ме прави префинета и пребирлива иако 5 пати у живот може имам надено?! И друго нешто, не значи ако се насмеете учтиво и ведро кон другата страна дека не сте професионални вие богови на комуникациските вештини. Ако си шалтеруша у попис и опис на работно место со невидливо пенкало ти пишува дека треба да си благо насмеан. Ако си на каса цо аптека или маркет исто. Ако имаш контакт со странки и даваш информации - исто. Па и со колегите на работа. Кој ви кажал дека ледениот, безизразен однос, па и безобразен дури ве прави професионални и страшни? Па уште повеќе сте непрофесионални покажувајќи дека имате проблем со себе и самоконтролата па се чувате од далеку или глумите лудило.
Еее стигнале до дипломска работа на факултет и бараат некој друг да им ја напише Абе дипломата ви е само за урамена на ѕид да ја чувате или со неа да барате работа? Неписмени со купени оценки и дипломи ќе се праат како кој знае колку вредат и ќе земат со врски работно место на некој што стварно заслужува да се вработи. Абе да земеш да ги тепаш професорине и да не броиш колку удираш, зашто преку глава ми е од тоа што си го полнат џебот и пишуваат незаслужени оценки на неписмени студенти. Па после зошто не ни чини државата, ете затоа не ни чини, секој што се запишал на факултет, земал и диплома, а знаењето под голем знак прашалник. Навистина срамота!
И после таквите ќе не лечат, ќе не бранат по судови, ќе ни ги воспитуваат децата, ќе контролираат Термо електрана...
На сите форуми ја обожавам драмата на членовите што гламурозно со најави го напуштаат форумот, па после два дена пак драми меѓу другачките и обожавателите, кавги, навреди, препукувања, па драматични филозофски километарски постови, разочарувања и солзи, солзи, солзи... ....И по два дена се враќаат тие што заминале Hysterically funny #WeWantMore
Така фино и едноставно да те замолат нешто да помогнеш, да одговориш на прашање што ти е секојдневие, што од тебе не бара никаков ментален напор и постојано зборуваш за тоа, за на крај да се уфилмаш и да игнорираш,а притоа да се правиш многу солидарен, не иде. Паранојата е опасна работа, нема потреба да мислиш дека светот се врти околу тебе и сите само тебе те следат и те демнат, дека сите баш тебе сакаат да ти наштетат. Аман никој не ти е крив за ситуацијата во која си, никој не ти мисли ни ти прави нешто лошо. Твои постапки, твој живот од главата си патиш!
Утро со мирис на рози, птичји пој, сончеви зраци нема, но свежина низ отворениот прозорец до моето лице. И срце полно благодарност, има за што.