Цел ден машината за алишта врти , едно по друго и сега последниве алишта ги вадам и погодете што ? Внатре во алиштата ставен и полначот од мобилниот . Ова што сум ваква изгубен случај е од топлово. Испоцркавме од горештини , се потиме Ај утре нов полнач и друг пат памет у глава бе девојче , гледај друго нешто да не забуташ во перална
Мислам сум единствен талент кој може да заспие дур гледа хорор филм. Сама бев дома, ги ставив слушалките и пуштив хорор. Ама имаше некои досадни делови, монолози, тивка музика и сум задремала. Досадно. Ништо страшно. Одеднаш слушам дерење: ЏЕЈК!! Бихајнд ју!! се слушна силно пискање на дете и од памет ме извади. Исплашена скокнав од сон и гледам пред мене на екран страшен дух на девојче, со бушава коса, страшни заби, црни очи...Одма до духот на темен екран си ја гледам мојата нерасонета фаца, а на нога чувствувам дека некој ме тресе...Дечко ми си дошол и ме будел. Во секунда се се случуваше...Прво мислев дека духот ме дрма по нога и не можев при себе да си дојдам Вчера приумрев и воскреснав. 01.06.19 НикогашВеќеНеГледамХорори!
Браво Вардар,БРАВО ШАМПИОНИ! Ова е тоа што треба да се цени,успехот е за сите нас,за цела Македонија и ЈУ регионот! А за тоа што немаше пренос поради политички цели е еден голем срам и беда,нека им е на чест!
Ќе има ли организиран пречек и праќање на владин авион за Вардар исто како за Тамара и компанија? И дали ќе ги прогласат за наши херои како што ги прогласија нив?
Со еден пренос не не удостоија, па да ги дочекаат. Хипокризија на нивоУ! Фановите да се таму, доста е! Столе нели, неурамнотежен, а од сите е поголем промотор, но непожелен во Северџистан. Им го шибна, за сите пари! Да се дополнам, нАли, европски првенци во ракомет не е исто што и 7-мо на Шајзевизија!
И што е најчудно... Сите тие што беа воодушевени од Тамара од нејзиното 8мо место, ги нема да се воодушевуваат на Вардар и за нивниот успех.
Срце јуначко, муда до колена,родени шампиони. Фала ти Вардаре за оваа неизмерна радост. Радувајте се сите, барем еднаш да бидеме сплотени во среќата и гордоста!!
Во пустава Македонија не може човек да се израдува ко што треба за успех во музика и спорт без некој зајадливо да вмеша политика, па да буцка, мрчи, споредува од тој аспект. Да ви се плукнам во тоа негативата и отровот што мора да го ширите во секоја факинг прилика...
Треба да се отвори тема и да се пишуваат дуплите профили исто како банираните. Неколку пати имам прочитано дека членови пишуваат демек си го заборавиле пасвордот па затоа нов профил прават а стариот никаде не пишува кој е. Е како да не Само се надоврзувам на твоево мислење.
https://www.facebook.com/794331434108837/posts/1182787095263267/ Ubava ideja, no ke se najdaat li junaci da ja realiziraat
НејќУ да ви расипувам расположение, ама официјално претставување на државата и клубски натпревари не се исто. На пример, репрезентација не е исто што и Вардар. Патем, се согласувам дека требаше да има пренос во живо. И дека треба да има пречек исто така.