@ocicka2014 еве скроз сум воодушевена. Грло ме заболе од дерење. Утре ќе одам и на аеродром и на плоштад. Иако искрено, спорт не ми е интересна работа. Повеќе музика преферирам. А Тамара не бев да ја пречекувам Не знам како очекуваш да се радуваме?
Не е за тебе стрикно мислењето, туку за тие што не можеа да се соземат од пофалби и воодушевување за 8мото место на евровизија, а сега нигде ги нема за пофалби за клубот. Или мрчат зошто се мешало политика или им смета зошто ја соблекувале блузата мажите и не ни сметало тоа, а трети мудро си молчат и се спичлес
Епа така едноставно затоа што замисли постојат и луѓе што не ги интересира спорт . Или мора сите да ги интересира?
Мораат сите на се' да се радуваат? Провидна ви е античката агенда Не, нема да споделувам работи со кои не се согласувам. Тоа не значи дека не се радувам за СПОРТСКИОТ УСПЕХ.
Она кога на некој начин ќе се добериш до дормео душек и наместо да го искористиш за да се изнаспиеш најмалце 10 саати, ти си приморана да спиеш едвај 2. Биказ, испити. Добро утро, со очи на пола копје
После секој спортски успех, каков таков, одново се покажува колку спортот во државава е претворен во политички параван и прилика за националистичко мудрување. Никогаш работите во оваа земја народот не умеел да ги разграничи, да издвои добро од лошо, политика од култура. Срамота. Што се тиче навивачите, во превод, хулигани, клошари и насилници. Нема закон за нив. Да сме нормална држава, сиот олош од улиците од вчера ќе беше приведен и санкциониран. Лупни му казна, па да видиме нареден пат дали ќе беснее и ќе се прави дека е над законот и редот и мирот. Малце им треба на тие усијани глави, па уште фали подгревање од еден спортски играч, кој е толку плиток, кој на спортско натпреварување на кое претставува еден клуб, дури ни репрезентација, бистри политика и собира поени на националистичка база. Светот го заболе дали он бил Фиром или Северна, изјавата допира дома, каде што врз основа на таа изјава дополнително се создава тензија и се влијае врз јавното мислење и расположение. Мал играч и мал човек. Брука. Честитки за Вардар иначе.
'ако не е по мое онда не чини' - синдром од кој простоо македонче пати а мисли дека е хомо новус. Проста раја. Проста маса. Само за другите знаете да зборите колку се мали а вие големи. О вие светци што у животот ништо немате постигнато. Најголем успех ви е што на форум ве трпат и од дома уште не се откажале од вас.
Не знам дали знаете дека МРТ им дава пари на Арена да го пренесуваат натпреварот. Цел балкан им дава пари на една телевизија да пренесува за да не треба сите да плаќаат голема сума за да имаат право на пренос секој канал посебно. Затоа не се пренесува аман ,не од некоја си подмукла причина, 300 филмови се направија. Затоа коментаторите секоја утакмица викаа Добар Дан гледаоци Србије,Макдедонија и тако даље. Ете така.
СДК дека има луѓе кои не сакаат спорт и луѓе кои сакаат спорт,но не им се допаѓа политиката која е вплеткана во тоа.И тие и тие имаат право на свои мислења.
http://www.femina.mk/новости/занимл...ат-да-засадат-по-10-дрвја-за-да-завршат-школо Колку би било убаво да го има ова место државна матура.Барем со ова ќе направиме нешто добро за човештвото.
Усијани глави и олоши затоа што излегоја на плоштад да го прослават успехот? Мал човек затоа што си кажа дека е од Република Македонија, а не факинг северна? Како така брзо се навикнавте на името, абе алал да ви е. Ко едвај да чекавте да се смени. Мал човек? Мал??? Толку сте негативни и полни со лошотија тоа чудо еј. И после виновни ви се оние со спротивни ставови од вашите и заради нив бегате од форумов. Страшно.
Смири страсти. Не ми мешај луѓе кои излегле мирно да прослават на плоштад со навивачки групи состоени од усијани хулигани, пошто тоа не беа мои зборови. Дали ти знаеш што хаос имаат правено вчера тие кои ги браниш? На што личи полиција да обезбедува мочковци да не се потепаат меѓу себе, да не демолираат град, да блокираат сообраќај во градското подрачје,да не те акне некое шише у глава, јер пази они славеле. Така ли се прославува победа ?! А за играчот со број 5, стојам на истото. Не е ни лика ни прилика на спортска манифестација да се бистри политика. Никому не му е гајле, испаѓа само патетичен. Еден од најголемите светски спортисти, голем човек, људина, на кој држава му била бомбардирана од тие кај кои што освојува трофеи, Ѓоковиќ, никогаш си нема дозволено таков луксуз, а не пак човечево.
Ајде баш ќе видиме после парадата на гордоста дали ќе цути градот А за блокирање на градското подрачје, па колку шо знам јас една третина од годината е блолирано за најбанални причини. Стануваме прваци и шампиони во цела Европа, тебе ти смета централното градско подрачје оти било блокирано. Џизс И еве за греота кутрите, сите со искршени глави од шишињата се Играчот со број 5. Хммм, свака част
Какво бистрење на политика е што кажал "мојата земја Република Македонија," жити се'? Какви националистички страсти подгреал со тоа? Националистички, стварно? Луксуз си дозволил и мал играч бил поради тоа До кај сме со слобода на говор? Јавна цензура и омаловажување кон сите што сметаат дека промената на името беше неправедна?