Oва "играчот со број 5" е ептен симптоматично. Луѓенца што не сакаат да се обратат на други по нивното вистинско име, туку им измислуваат друго. Ех, црна Македонијо. Да речеш дека твојата земја е Македонија стана нешто страшно, заостанато и неприфатливо, нешто што подгревало националистички страсти? Тргнаа напред либераливе со спринт, не можеме да ги стигнеме.
Не сум партиски обоена, а не знам ни што е битно. Има и многу Сдсмовци што се против новото име, па што е спорно. Фактите се такви какви што се, со националистички подбуцнувања нема да се предомисли ниту еден политичар да рече еј чекај ќе го поништиме договорот и пак ќе бидеме Фиром. Туку само се подгрева националистичкото тло и се создава тензија. Играчот не е професионалец, ни близу до тоа. Професионалец нема никогаш да си дозволи таков испад а и не му е првпат, познат е по вакви егзибиции кои сепак се покажуваат со негативен исход на крајот. Вработен е и платен е да игра ракомет, а не да дава мислења кои додирна точка немаат со ракометот, во политичка конотација.
1.Да деградираш и дехуманизираш било кој на овој свет, не е либералност туку е чист фашизам. И најголемите злосторници имаат права, и не треба да бидат стигматизирани, не па еден спортист кој постигнува успеси и рекол државата му се вика е Р. Македонија. Лечете се ако тоа ви смета пошто, ваш проблем е, не негов, не мој и не на куп други кои почитуваат секакви ставови и особено таков да се биде против промена на името. 2.Да градиш ставови за што годе според мислењата на платената "интелигенција" за перење мозоци по социјални мрежи...не е нит умно нит либералност, само сте дел од истата тајфа на клонирани телетабиси какви користеше и ВМРО, само вашиве се со звучни именца и некоја диплома плус. Тоа ги прави уште поштетни и подегени. Не правите ништо добро за Маќедоња да е подобра земја. Им олеснувате на обични трујачи кои отруја против Стоилов по социјални мрежи со истите бљувоштини... нешто многу озбилно не е во ред со вас. Не знам кој тоа ве лаже дека сте либерални. Пошто,баш ко фашовци звучите.
Си дојде Стојанче? Слушајте му го говорот на бина, гарант ќе има пак -Република Македонија, ако не и скандирање, па припремете си постови со време.
Нели на времето се пишуваше арно што глумците и другите уметници во УСА го бојкотираат Трамп? Е они ако мешаат политики. Ама Стојанче Нумеро 5 го прекрстиле
Еве до каде стигнавме. Бидејќи не можеш да бидеш горд на двете победи. Мора да се мешаат баби и жаби. И политики. Мора едното да го исклучува другото. Колку македончето што мрази, што мрчи за себе и што плука по своите успеси никој друг не прави. Апсолутно никој. После ќе ни се сметат сите, нека се смеат секое право го имаат. Ваков народ не заслужува никакви победи.
Зошто ваква глупост? Многу ми се чудни луѓето на моменти... Сакам да знам како размислуваат... Ме фасцинира човековото однесување
До кога ќе се карате за Вардар и за Евровизија како да сте 12 годишни? Зошто не дозволите секој слободно да се изјасни и да го задржи правото на мислење без сета своја енергија и омраза да ја насочувате спрема него? И како успевате до толку да вмешате политика, кога еден куп сдсовци навиваат за Вардар, ене и телма ви врши пренос од атмосферата. Како тоа Тамара е северџанска пејачка, а Вардар не е северџански клуб кога и таа и Вардар се од Северна, останува нејасно. Олабавете малку, не си правете стресови за шоу-бизниси и спортски натпраевари кои реално не ве тангираат, ниту вам парите ќе ви ги дадат, ниту ќе ја средат состојбата во која се наоѓа општеството.
Моите од вчера па навака ми пратија едно 50 видеа на viber што од вчера на плоштад, што сега од дочек. Уште толку од друштво. Жими мене, волку возбудени и среќни не памтам кога последен пат биле, срце ми се наполни од целава атмосфера. И многу сакам да сум таму. И дајте бе дечки, една работа без политика не помина. Зошто провокации и р'чкање, зошто мора долевање масло во огнот? Ич не сте ми јасни, најмалку па како памет ви оди прво на негатива. Ко дете го прашував татко ми МЗТ или Работнички? Ама баш секој пат ми одговараше: Вардар. Еднаш друг одговор не извлеков. Можда се клуб, ама се наши, и не ми треба ич себе-анализа зошто толку сум горда моментално. И им тупам на сите европејци околу мене цел ден, како нашиве дечки и без спонзор и без плата, донесоа на толкава победа покрај многу подебело финансирани и издржувани клубови. Од среќа, и зашто немам други "мои" за да се радуваме изаедно. И нек знаат, сите.
Преполн плоштад, преполни срца. Не сте ли горди како Македонци сега? Столе рековте мал човек бил? Излишни се зборови, сликата кажува сѐ.
Сакам да кажам ЖИВЕЈ ВАРДАРЕ ДОЛГО ПРАВИНЕ ВАКА ИСПОЛНЕТИ, СРЕЌНИ И БИДИНИ ЗВЕЗДА ВОДИЛКА ДО УСПЕСИ И РАДОСТИ. ЕДЕН ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ ВАРДАР.