Со истово се соочував кога чував дете на една мајка. Ми критикуваше да не сум го учела да зборува на дијалект (наместо чинија да сум му кажувала тањир, наместо обувки - кондури, наместо крпа - пешкир итн.), не знаејќи дека она нејзиното е всушност дијалект. Да биде иронијата поголема, „писменава“ мајка е писателка и има издадено две книги. Тоа е мојата чудесна земја.
Само на форумов сите се совршени, кулурни, фини, прибрани, мирни.... да му се припорвати на човек од патетики и лигавешки
Иста ситуација како оваа снаа-золва,имаше и за две другарки и тоа дека едната отишла на семејна средба на дечко и, каде скроз во крајност отидовте ко луѓето секогаш тоа да го прават. Убаво си побараа совет/искажаа мислење конкретно за ситуацијата, а ако сакате да дискутирате општо океј, дискутирајте, но не наметнувајте предрасуда ко они тоа да го прават постојано. Има многу подточки од нивната приказна за да може да се осуди така лесно.
Слушајно на youtube ми излезе приказна. Кога видов дека е со Ѓорѓи, Шенка, Гоце и Ванчо ептен се израдував пошто ме врати во едно убаво време. Jа пуштам и гледам малку од неа, па пуштам уште по малку други приказни и искрено понезгодно во живот не ми било. Наместо да уживам, не можев да поверувам што слушам. Порано не сум приметувала што кажуваат во приказните, пошто нели дете 4-5 годишно што знае? Ама сега гледам колку е всушност доловена никаквата состојба на жената од порано. Маж: -Ај мори ќути женска главо. Жените се долга коса краток ум...Ти ќе кажуваш? Маж - Бегај од мене дур не сум ти ја манал една по глава. (крева рака) Маж: -Одлучив Стојна за Митре да ја дадам...Ма кој ја слуша Стојна што сака. Маж - И јас најдов со жена да правам муабет. Оди во кујна ручек да правиш да не ти ја акнам една. Маж- Тебе мори, жено една, ќе те слушам? Хухуахах се слушаш ли што зборуваш? Маж- Јас сум маж и како ќе речам така ќе правиме. Маж- Еее пријателе, како може жена да ти го уништи животот, никој не може. После други приказни дека жената е бетер од ѓаволот... дека жената е неверна и не може да и се верува...дека е инат...и слични теми. На овие цареви од актери секоја чест како природно си глумат, си ја бркаат работата, ама кога ќе ми текне колку деца се пораснати слушајќи такви работи за жените...Срам да те фати Додека во Америка наши врсници гледале едукатвини емисии, во исто време ние во Македонија сме гледале дека мажот е главен, а жената треба во кујна да седи пошто ништо друго не знае. И после некој ќе рече: -Порано беше многу подобро, а сега луѓево се оттуѓија со интернетот. Тепани, понижени, силувани во брак...Така биле третирани суштествата со долга коса и краток ум. Битно подобро било Па кога ќе ти текне дека некои уште така живеат...Да се наежиш.
Ако постои пекол, убедена сум дека постои посебен круг за сите без осет што си прават екстензивен кафе муабет на сред читална. Со надчовечки напори уште не сум збрцала никој со пенкало во врат. Зашто и за тоа сигурно има посебен круг, не за друго.
Ме потсети на нешто Џоли: Ова е извадок од книга "Бон тон за деца" - Убавината на убавото однесување. Spoiler: корица
Мајката не може да вози нели. Тоа за мажи е. Долга коса краток ум не не бива за возење. Ако недај боже некој влезе во колата мајката нека излезе или па може и в'ѓепек да ја тутнеме шо ќе и фали. Другарот на тато напред ќе е до него. Ќе повратам
Според ова којзнае и дали мајката има право да има своја кола. И ако има, не смее да превезува лица од машки пол оти нели, жената мора секогаш да седи од десната страна поради почитта кон неа. Би требало да стане и да му го отстапи своето возачко место на посилниот пол во своето сопствено возило. Што правиме доколку некоја жена сака да се вработи како возач? Не може, не е по бон тон. Податокот дека сето ова е за да се изрази почит кон жената ми е толку иронично, како некој вид утешна награда за дискриминирачкиот однос кон неа. И за крај, ова би требало да е едукативна книга за деца.
Кога се возиш со машко во такси, а сакаш ти да платиш вака полека ќе ги размените парите...дискретно...да не ве види таксистот пошто брука ќе падне. Кога се возиш САМ во такси можеш да седнеш напред, а кога си САМА седнуваш назад. Кога во кола се татко, мајка и баба, секогаш таткото вози, а жените се назад во некој ќош седнати иако предното седиште е слободно. Кога во кола се татко, мајка и другар, секогаш другарот седнува напред, а мајката во багаж скриена. Кога се возат вујковци, стриковци и дедовци се разбира дека седат напред, а вујните, бабите секогаш седат назад, додека мајката повторно е во багаж скриена. Многу сакам книги, ги чувам, ги пазам, ама ова чудо да го имав дома под итно ќе ја искинев страницава Во некои племиња во Индија повеќе права имаат жените, отколку во македонскиот Бон тон
Денес ми се јави мајка ми и низ муабет рече комшиите не не сакале. Реков, после ќе плачам, сега работам СДК2: Ако некој ми рече да живеам со цимери за милион евра или да сум сиромашна и да чувам овци, едната овца ќе си ја крстам Доли СДК3: Мојот одговор за кретенизмот погоре во учебникот би бил
На Гренланд 2 милијарди тони мраз се стопиле за една недела. Природата возвраќа, но на неодговорноста на човекот кон истата, а не поради некои измислени морални вредности. На биосферата и нејзините физички закони не им е гајле кој со кого што прави во спална, туку страда од нееколошкото однесување на човекот. Толку религиозни луѓе низ светот што се сериозно згрозени и загрижени за ова дека е последица на „неморалот“, да се загрижеа за глобалното затоплување како реален проблем и сите да придонесеа минимално против него колку што може една индивидуа - каде ќе ни беше крајот. Wake up people, свртете се кон опипливата реалност и науката додека не е доцна!
Комшика фрлала памперси од дете во шоља. Цела зграда ја запуши. Седни и збори и за глобално затоплување... Мрса народ сме. Мрса.