Вечерва се потсетив на еден немил настан, чиј сведок бев пред неколку години. Почувствував потреба да го споделам некаде, бидејќи секогаш кога ќе се присетам на таа случка, како да срцето ќе ми препукне. И како во детските приказни, беше сончев ден, совршен за кафе-муабет на Широк Сокак, малку трачарење и ден губење што би се рекло. Неколку маси подалеку од нашата, двајца возрасни, навидум зрели мажи и мало девојче опуштено си разговараат. И знаете, неретко се случува некој да проси и моли за некој денар, дали се тоа возрасни, мали деца, роми,македонци, албанци, небитно....често се случува децата да бидат нападни, да ве опцујат, да ве потегнат за коса или да ги видите со цигара во рака откако сте им дале 10 денари. Но овој пат не беше така, маж од 20-30 години, тивко минуваше ПОКРАЈ кафулињата на Широк Сокак, нудејќи паломи, сунѓерчиња за миење садови...ситници...сосема пристојно, тивко, дури и неприметно потегнуваше рака, прашуваше дали е некој заинтересиран, и толку. Нејсе..кога се приближа до масата на која седеа двајцата мажи кои претходно ги споменав, верувајте ми луѓе, човекот ни уста не отвори, само ја потегна раката да понуди нешто кон нив, кога во истиот момент едниот од "господава" стана, му ги исфрли сите производи кои тој ги носеше на рамо, згора на тоа го удри неколку пати и во истиот дел од секундата се врати на масата, и насмеан продолжи да си го пие кафето и да се муабети. Настана молк од сите страни. Малку е да кажам дека бев ЗГРОЗЕНА, носев очила за сонце па другарките не приметија дека пуштив и некоја солза. Згрозена сум и од сите други, и од себе си, бидејќи никој не изреагира на тоа. Се се случи премногу брзо, додека завртивме глава човекот веќе ја собираше расфрланата роба. Кутриот човек, збор не прозборе, не ја ни дигна главата, не се ни осмели да се одбрани, само ја собра робата од улицата, замина до најблиската клупа каде што имаше сенка и го покри лицето со рацете. Што се случи со мозоците на овие двајца во меѓувреме не знам, но потоа го испратија малото девојче кое седеше со нив да му даде 10 денари на човекот. Навистина не знам какви тоа луѓе чекорат меѓу нас. Без разлика кои сте, чии сте и колку имате, бидете луѓе, ве молам! Не е тешко, навистина. Се надевам дека човекот кој продаваше ситници за парче леб и беше посрамотен поради тоа е здрав, жив и среќен, кај и да е. А за другиве двајца....
Знаеш дека потекнуваш од заостаната земја кога во некои делови има обичај на свадба невестата да држи машко дете во раце пред да влезе во куќата кај зетот. Не било какво дете, туку повторувам машко. Прашувате која е причината? Многу едноставно...За да раѓа машки деца. Ако крене машко ќе раѓа машки. Логика. Затоа не смее женско дете ни да допре. Не дај Боже може само ќерки да раѓа. Значи научниците за генетика, хормони и полови појма си немаат какви трудови објавуваат. Нашава земја им пркоси и на биологија и на логика. Немаат врска никакви хормони за полот на детето, туку треба да кренеш во раце веќе родено машко дете и ете ти син во иднина. Толку едноставно и просто. Само ве замолувам не ја пренесувајте тајнава по други земји за единствено Македонски синови да се раѓаат. Ова е државна тајна.
Многу се радувам кога на некој ќе му пуштам или предложам песна и потоа ќе ми каже дека цело време му е на рипит
Го кажа она што отсекогаш сакав да го слушнам (од некој) на кој сум пратила песна... ________________________ СДК добро си поминувам на одмор, подобро од што си мислев. А мислев дека многу лошо ќе ми биди. Преостануваат уште 4 дена. Но, би излажала ако кажам дека не сакам да поминат. Денес не ми се оди на плажа сакам за шеткање да го искористиме денов.
Се прашувам како успеваат да заработат да речеме за стан од 120 000 евра во кеш. Или 5 стана со помала вредност, па и згора и јаки автомобили. Или 5 куќи. Приватен бизнис? Македонија сме. Приватен бизнис што ги плаќа сите давачки не го збогатува газдата толку многу. Како си замислувате дека ги добива тие пари во кеш?! Или колкава и да му е месечната плата за толку, може да има на крајот од животот. Ме провоцираат луѓе со изјавите - си имаат, си можат или нивни си се како сакаат ќе ги трошат. Во тоа е проблемот, што се сомневам дека се нивни. Македонија, земјата каде очигледен криминал се вика - си имаат - си можат.
И добро познатото „што им се мешате во сметките, само малограѓани пикаат нос во туѓ новчаник". Крадење и криминал, а они -нивни џеб, нивна работа.
@Lilit знам неколку индивидуи што живеат на висока нога и јас се чудев од каде таква заработка,кога и јас сум со приватен бизнис. живеат на кредити и сегде плаќаат на фактура, должни се на секој втор. се запрепастив кога дознав за одредени луѓе што се претставуваат дека им тече мед и млеко,а испадна дека се должни на пола град и на сите банки. ништо не е како што изгледа
Да де, само кај нас го има, да го береме туѓото гајле зошто истите тие што го викаат тоа радо би да се во позиција истото да го прават. А во Норвешка комшијата ако е сомнителен имаш право да пријавиш анонимно, никој ни чул, ни видел, ако го фатат дека заебал работа тоа е, ако е чист, никому ништо. Ама најмалограѓанскиот народ на светот зборува за малограѓанштина кога сомнителни пари во прашање. Да, да од бизнисот со шајки палати се прават или од цемент препродавање. Абе ај. Овие се за греота. Тоа што зборувам јас не е само за приказ. Со кредити не може да се купуваат 5 стана и луксузна кола. Треба да е разработен опасен бизнис за да може да купат на кредит, а тогаш имотот припаѓа на фирмата, а не на газдата. Како ги изнесуваат тие пари ако гласи на газдата? Не е за пред народ. Се тераат јаки тендери или ко подизведувачи на објекти, знаеме кои пари се тука. Логично е многу да се заработи. Како ги вадат парите од фирмите за да газдата одма купи јак автомобил и куќа (не станчуле) во Охрид?! Не бидете наивни.
Земав да правам смути, ставив три состојки и си викам ако е добро топ, ако не во шоља. Еве до пола ми е чашата, комбинирав со кокосово млеко.
Јас знам човек што има мала пекара па има купено 3 стана во последниве 15 години ,само од работење на црно,без издавање фискални. Не се луксузни ама сепак се 3 стана. Може да се купува се на кредит, македонски бизнисмени се заглавени со милионски суми во банка луѓе,тоа со сигурност можам да ви го кажам. Закони во земјава не важат.Пари се перат, закони не важат,тоа ти е, ништо ново. На кого да ги пријавиш? Кога се во земјава е труло, од инспектори до полиција до министри.
Од кредит не можеш да избегаш, па дури и од кредит на фирма, имотот нема како да го отуѓиш. Повеќе се тие ко овој со пекарата. https://emagazin.mk/zloupotreba-vo-...ografii-od-vrsnichki-so-nedolichna-sodrzhina/ Секогаш имало вакви гадови, само зависно од времето во кое живееме се менуваат начините, сега е се видливо и транспарентно. Се прашувам дали дебилките од клас у средно што го булингуваа другите се свесни какви идиотки биле?! Се сомневам. Кога се собираме на годишнини се уште им го осеќам необјаснивиот анимозитет и потсмев према особи кои никогаш ништо не им згрешиле. После 250 години, они носат талог на нејасна фрустрација во себе. Наравоучение - луѓето не се менуваат, а некои не научуваат ни да глумат.
Јас ги разбирам сосем луѓето кога велат дека не заработуваат доволно но не можам да ги разберам тие кои го велат тоа а кога треба да направат некаква продажба за да скрпарат крај со крај ги нема едноставно никаде. Понеделник, почеток на работна недела, ставил натпис дека ќе се врати брзо а ти го чекаш онака педесет минути божем си го пратил по бурек во Стара Чаршија. Па како човеку очекува да направиш промет кога сред работно време ти е затворен дуќанот? Дури и да имаш пари едноставно не е во ред некој кој сака да ти купи нешто да дреме повеќе од потребното пред дуќан. Крајно непрофесионално е.
Мака ми е цело време да те чекам да направиш простор за да можеме да се видиме. Мака ми е што секогаш менуваш планови во последен момент. Не се сеќирај, од сега натаму како ти така и јас. Сакаше повеќе време да имаш за другите ќе го имаш. Ама кога ќе си слободен нема да бидам јас за да се гледаме. Да видам само до каде ќе тераш вака, баш ме интересира. Сум ти недостасувала, како па да не. Се утепа од лажење. Приоритетите си ги постави, тоа е најбитно.
Me иритира инфериорноста кога се во прашање важни кариерни избори од мојата најдобра другарка. Кај да е, го завршува факултетот и вчера се случи да ѝ пратам оглас за работа, со адреса за поднесување CV и дополнителна кратка експликација за условите. После неколку минути ноншалантно ми врати ,,Одор, со среќа". Wait, what? Пер, не ти го пратив огласот за да ми посакаш успех при аплицирање, туку ти го пратив за заедно да аплицираме и пробаме среќата. Каде мислиш дека ќе се вработиш после факултетот, кога знаеш дека не живееме во земја полна можности, и велам... Промрморе нешто кратко, (читај: истајпува) и ја снема. Сакам да напоменам дека огласот беше поприлично реален. Од оние странските каде hopefully не требаат врски/препораки, а ниту особени квалификации, додека платата плафон. Нејсе, зборот ми е дека, некогаш сами се блокираме пред битни професионални и егзистенцијални прашања. Сами на себе сѝ поставуваме ограничувања за кои апсолутно нема потреба зошто со проба ништо не се губи. Башка, мала дигресија. Имате ли забележано дека општо луѓево станале анхедонични за било што? Нема елан, возбуда, динамика.. Железо на нивните лица. Во кафич стандард муабети за качување серотонин се политичката состојба во земјава на чело со Боки 13, и лупање в гради дека вмро се враќа.. што да се очекува повеќе од тоа? Трагедија и хендикеп. Жал ми е за сите нас, по не знам кој пат.
Бегам од луѓе што земаат 30 000 и ми кукаат како им е тешка работат а земаат одмор по 2 недели. Плус шефот сам и ја дал едната недела. Забораваат луѓе кога ќе се вратат од одмор или сеуште се таму. Им праќаш, здраво, како си и добиваш само ' добро'. Е таквите лепотице, да ги исфрлиш од твојот живот.