Сакам да кажам, страшно ме нервираат бавни луѓе. Не ми е јасно како можат да бидат такви флегми. За секоја посрана работа се бавни и заспани. Изгледа тие таквите најлесно поминуваат у животот и немаат нервози како нас останатите што нон стоп се брзаме да завршиме обврски и општо функционираме брзо во животот.
Не е од Ск, плаќа кирија, од дома ми кажа дека ќе им бара пари за да оди Египет со друштвото, некогаш им поддавала дома пари. Одеше кај Дадар знам на третмани некои, знае и на ручек да оди в ресторан по работа.
Многу бед ме фаќа шо 30к се смета за платиште у земјава. А уште побед шо 15к се смета за "ако бе, има и полошо, ако не тече ќе капе".
За наш стандард солидна плата. Ама ситуацијата на пријателката на членката не ја знам, ниту што работи. Можеби стварно заслужува повеќе, можеби само кука за џабе. Како и да е, нејзино право, ако може да се избори за повеќе и ако е квалификувана и ретка во тоа што го работи, нека, ако не, нека се помири. Не е во ред да и му се суди некому затоа што сака да заработи повеќе од 30000, а не има и такви задоволни со 15000-20000.
А ти, што мора да кажуваш колку плата земаш? Ни кажувам, ни сакам да ми кажуваат. Така, не ни имам непожелни коментари.
Исто и тоа не е во ред. Неутрална сум во поглед дали треба или не да ги споделуваме финансиите со другите. Ама се си има граници.
Малце не си во право. Ама малце. Ако неа ја дефинира како личност тоа колку пари зима онда не ти треба таква. Ако дефинирањето е кај тебе во глава само а она те избегнува поради х причини исто така е нејзино право и пак не ти треба таква. Д поинт ис, луѓето не треба да ги дефинира платата. Мене да ме видиш никогаш не би погодила колку месечно заработувам.
Субјективно е на кого колку му се потребни за живот. Кога ќе фрлиш на кирија, сметки, храна, превоз и други основни потреби не останува многу за луксузирање ни со 30к.
Sdk za nova godina dadov otkaz, 8 meseci posle toa dobiv ponuda za rabota i 2 dena posle taa ponuda dobiv ponuda da se vratam na staroto rabotno mesto za pogolema plata. Inace na zapadu nista novo. Pozdrav do onie koi pomislile na mene.
Многу е лошо кога професионален однос се меша со безобразен и дрзок, непотребно ладен однос. Секој пат завршува со отпор, конфликт и напнати нерешени ситуации. 10 од 9 ситуации кога ја покаживам својата човечка страна ги решавам ситуациите на работа. Ама тој 1 секогаш е или тежок психопат и би те згазил по секоја цена или е параноик што во се гледа неискреност и манипулација или е конфликтна личност која сака да има ситуација за да или глуми жртва или да има што да се докажува на високо. Покажете си ја човечката страна, рационализирање не значи следење на зацртани правила, рационализирање значи да ја видите реалната слика и да се прилагодите на истата со решение. Човечки е да признаете грешка, да побарате разбирање, да се налутите, са простите, да ви дојде кнедла и тоа зборувм за средина во која се до сега било ригидно. Многу ми е мило што сум пионер во кршењето на стегите кои ги мачеле и коментарите дека е променето некако, попријателски и попростапно.
Врти - сучи тоа е поентата. Со 30 000 во поголемите градови во државава не може да се очекува солиден живот, ама просечен да.
Со 30к просечен живот да. А, да плаќаш кирија сам и со партнер т.е. две плати - има разлика. Ако мисли дека заслужва поќе ќе си се обрати кај шо мисли и ако заслужва ќе добие. Не ја прај лош чоек ако сака поќе, напротив. Поштовам амбиција. За колку плата сум земала само на домашните им имав кажано. Чат пат на други места, дечко се подразбира, неќам некој да знај то. Еднаш другар на татко ми ме прашва демек "колку земаше", и му викам "доволно" и татко ми тука избрзва да кажи. Не. Не можи. Не е во ред. Ако неќите да зборате за туѓа плата кажете им дека не ве интересира. Ако неќите да зборате за својата кажете им дека не делите некои работи од ваша приватност. As simple as that. Прегратки Алис.
Демек платите и нивниот износ се енигма во нашата држава. Од општо знаење и актуелната економска состојба, за секое работно место се знае колку е месечното следовање. Нема потреба да одговарате на прашања кои ги сметате за несоодветни, само затоа што другата страна очекува одговор. И да. Камо среќа да е минималецот 500 евриќа па ќе се уверите дека и те како е платиште у однос на сега.
Kога некој ви рекол дека ќе ве части ручек/вечера надвор не значи дека треба најскапото јадење и вино да го нарачате само зашто не е на ваша сметка. Без разлика за кој повод, ценете го тоа што личноста одвоила време и пари да прослави со вас и не си ставајте во глава демек ае бе, ме части, шо сакам ќе си нарачам. И со поефтино јадење ќе се најадете и ќе прославите убаво.