Имавме една масичка дома. На неа ги научив првите букви, а и ги напишав првите домашни. Со сестра ми бевме ѓаволчиња по дома и не знам како, ама сме успеале да ја расклопиме цела. Енивеј, скоро цела недела ја шмирглам, фарбам, лепам, затегнувам и мислев дека мама ќе ми ја фрли низ прозор ко ќе ја види како сум ја сместила во дневна, ама е подеднакво воодушевена. Не знам дали се спомени, или задоволството да поправиш нешто што си го уништил, ама кога ќе ја видам ми дава таква позитивна енергија да не можам да опишам.
Гори Амазонската прашума а медиумите се повеќе преплавени од небитни настани. Барем да бевме свесни што значи да гори една огромна прашума за планетава.
Типичен пример за плачко - Доналд Трамп. Данска му го одби предлогот за да им го откупи Гренланд и овој откажа после тоа посета закажана за во септември. Која будала го држи зафатено столчето на најмоќната земја во светот тоа е страшно нешто.
https://edition.cnn.com/2019/08/21/americas/amazon-rainforest-fire-intl-hnk-trnd/index.html Амазонската прашума, позната како „белите дробови“ на планетата Земја, гори со рекордна брзина. Веста се пробива до светските портали дури по десетина дена поради медиумскиот молк во Бразил. Од почетокот на претседателствувањето на Болсонаро, инаку екстремен десничар - фашист (дел од неговите изјави - дека поддржува тортура на политички противници, би го убил сопственото дете ако дознае дека е геј, на жена ѝ се обратил дека не би ја силувал бидејќи не заслужува ни тоа, итн.), уништувањето на шумите е пораснато за 80%, а еколошките организации го обвинуваат дека е дури и директно поврзан со рекордниот број на пожари годинава. Додека луѓето се молат преку хаштази, а катастрофиве за просечен 40+ годишен човек (а богами и помлади) се тема на бош муабет дека сè отишло во неповрат и Господ гледа и враќа за „развратот“, неофашисти си играат со планетата Земја за сопствен профит. Истите тие кои промовираат традиционални вредности, одземајќи човекови (меѓу другото и женски репродуктивни) права, се одговорни за ситуацијава која може наскоро реално да стаса до таму да е етички дискутабилно колку е хумано да родиш и одгледуваш дете во вакви услови (помисла што е непоимлива, контроверзна, па и смешна за просечно Македонче). Хвала на пажња, сега можете да се вратите на Катица, Боки Тредичи и останатите дневнополитички збиднувања.
Страшно е тоа со пожарот се надевам дека ќе успее да се изгаси за брзо време.Ќе се молиме за животните и за кислородот кој го губиме.И сакам да кажам ова е битно а не Катица.Гајле ми е за Катица.
Вака е одсекогаш со помалку бараните факултети сите се фини од студенски прашања до професори и декан.Оние другите летаат во воздух мислат дека се богови.Такви беа на мојот со носот во воздух.
Да ги видиш какви се на Правен-Јустинијан. За 5 минути ќе добиеш желба да ги опцуеш. Разни ги има,ама за жал фините се реткост во државава.
Вие жени кои трпите насилство и велите: -Ако, тој е маж тој е глава на семејството -Се се трпи за децата -Го изнервирав јас сум виновна Ете вие толку ми ја пукате секоја жичка во главата што ми доаѓа да престанам да дишам само за со вас да не делам воздух.
Никогаш немој да осудуваш жртва на психичко и/или физичко насилство. Таа личност носи длабоки траги, стравови и фрустрации во себе. Биди доволно мудра и храбра за своите животни избори, а за другите ако не можеш да ги разбереш, пробај да им помогнеш.
Јас зборувам за жените кои мислат дека треба така да биде.Истите тие жени кои им се случува ова ќе обвинат друга жена ако успее да се избори.Е не ги подржувам тие жени.Ужас ми се.
Не верувам дека мислат дека така треба, туку дека така МОРА. Одбрамбен механизам, бегање од реалноста, помирување со судбината... милион објаснувања.
Se isklucuvas i ne dopiraat do tebe ni zborovi ni ni pogledi nisto. A tolku mi odi i pocnuva samo da funkcionira na ogovaranja i dosadni licnosti.. Sovrsen odbramben mehanizam.