Во DM веќе нема да има ќеси, епа луѓенца земете си од дома торби.Срам ама не за продавачите ,туку срам за менаџерите, само жално што на продавачите им е непријатно.
ДМ нели продаваат и торби за купување? Мислам, ако е политика на фирмата дека нема да има ќеси, јбг, наполни си ташната-торбата и ќути. Нема срам тука. ДМ е поприлично општествено одговорна компанија
Зборував со бившиот партнер после месец дена и бидејќи решивме да бидеме блиски другари ми спомна за сексуалниот живот во неговата нова врска. Знаете кога нешто ви дојде како бокс во стомакот и се чувствувате како да ќе повратите? Епа јас повратив, во најбуквална смисла. Не ми се верува дека нешто вакво има толкав ефект врз мене...
Да меѓутоа ако отидеш низ трговските и видиш колку луѓето се жалат кај продавачите и го задржуваат редот ќе видиш и за што зборам бидејќи нема секој да рече добро некои викаат, а проблемот и не е во продавачот.
Само кај нас луѓето земаат ќеса и за најмала купена работа. За потоа истата да ја сместат во ќеса полна со еден куп други ќеси... Дека нели понижувачко е да се носи торба од дома?! Ќе се удавиме во сопственото ѓубре еден ден.
Некому му било досадно викендов па раздрмал теми во ,,Општи дискусии” од 92га..сега и мене ми е исто толку досадно што ги отварам и си куцкам во нив.
Додека сонуваме за свет без пластичен отпад, некој се срами што се преземаат такви мерки. Океј... Јас и цигари би забранила од истата причина, што пикавците не се биоразградливи. Ајде во пластика се е пакувано, ќе треба време за неа. Ама од цигари не гледам никаква корист за некого. Земете една торба за цел живот и решен проблем Имате навистина убави ефтини торби на али експрес, со интересни дезени, јас во план сум да си нарачам. Може толку многу да се направи ама ретко кој сака.
Изгоревме луѓенца. Каков човек може да го направи ова? Жално и примитивно, а најтрагично е што таквите сеуште го дишат воздухот кој се помалку го има.
Муахахахах... Она кога капитални индустрии те ставаат на guilt trip дека ти си крив за тоа што планетата се уништува, а не нивната жед за пари
Друга најголема болка на Маќедонецот, пожарот у Амазон... Мислам, океј е, се гледа еколошката свест по тоа шо секоја природа до кај шо се има пристап со ауто личи на депонија. Али нема везе, лапајте си лајкчиња.
Не можам да поверувам како самите си го уништуваат животот здравјето па и семејнитр односи си ги ставаат во прашање жена мажена со две деца вработена моја генерација,се швалерисува со супервизор и тој тука во години - 30тина женет со две дечиња. Сите ги знаат ама тие упорно одрекуваат и се скриваат. Швалерката остана трудна и вчера замина на абортус Добро бе кондоми нешто контрацептивни средства не се продаваа? Прво дома на маж/жена болест ќе пренесеш. Послем на швалерот што го заболе,нормално има жена деца не ќе ги остави,швалеркава го крка стапот, здравје става на коцка не е абортус играчка работа. Послем,што ќе рече мажот што децата? Како ќе им каже и што ќе им каже дома кога ќе оди за интервенцијата? не можам на зрели луѓе да им се изначудам на паметот.
Сите сме криви. Се додека купуваме пластика, тие се повеќе ќе произведуваат. Да не купува никој (што не е баш така возможно) или многу мал број а мнозинството да сака да купува eco friendly производи не знам колку ќе се нуди пластика. Пример, на пазарот има овошје спакувано во пластика. И зошто некој би купил такво кога може да се купи и онакво какво што ни го дала природата?
Ок, живеј си со мазохистичката мисла дека ете, ти си крива што се уништува планетата и ако купиш евтина ама убава торба од Кина (т.е. ако поддржиш уште една индустрија што е крајно експлоативна, и за околината и за луѓето вработени во неа) автоматски ќе го направиш својот дел за спасувањето на планетата и се ќе биде совршено. @Amellie13 Горе-долу од прилика тоа е мојот одговор. Апсолутно треба да бидеме посвесни за трагот што го оставаме зад нас, ама останува дека многу од "направи ова, направи она" се тактики за да се извлечат само пари од нас, а не за да и се помогне на околината.
Не им се чуди на паметот. Глеј си го твојот живот. Бетер од нив се само тие што седат и мозгат зошто некој друг живее како сака.
Важи. Секој ден ќе купувам пластични шишиња со вода, ќе ги фрлам кај ми текне, исто така и пикавци ќе фрлам. И сите ќе правиме така и ќе живееме во една смрдлива депонија.