И стварно бе така било.... Не мешам колешка со другарка. Не секој може да ти биде 2 во едно и, секако граници треба да постојат.
Да ми се објасни меракот за опис на слика на која има пар кои веројатно скоро добиле бебе и следи - мајка му и татко му на Петко. Но зоЖДо?!
Сдк некогаш колку и да сакаш да си добар некој ке ти покаже зашто не треба да си... трпи ќути пробувај на убаво и пак лошо па ајт...
Зарем само децата ви се најголемо достигнување во животот за да од одмор ги сликате и објавувате во сите можни пози и голи и расплакани ама важно во позадина морето се бранува? И зошто, зошто, зошто се запуштете и умствено и телесно по раѓање деца бре? Секој втор муабет моено вака, моено така...Еден ден тоа моето ќе си порасне и замине а тек тогаш што?
ОФ бее Старлич, пак биди проста и замарај се со нивните глупости. Нека те боли душичката, гледај сега сон не те фаќа поради нив. Никој фала нема да ти каже. Секако никој не те сака таму... Не можеш на сила на никој да му бидеш другарка. Издржи уште 2ипол месеци и толку барај после друга работа. Ќе ме убие психава..
Денес видно расположена, насмеана, нашминкана. Си велам "Денес ќе се среди се." Тргнав и кога стигнав увидов дека денес не било ден за наши граѓани. Ох бре, среќо ај врати се од усвета, се ти е простено.
Сакам денес да се случи некоја ОГРОМНА ПОЗИТИВНА ПРОМЕНА КАЈ СИТЕ НАС! Сакам веќе и јас да ги немам овие нервози и да не голтам апчиња за смирување на 28 години, сакам мирен сон, живот. Маж што ќе ме почитува, сака. Сакам луѓе што ја подаваат својата чиста рака и отоворено срце да помогнат. Сакам тоооку позитивни ствари да се случат денес, не само мене и на сите Сакам слобода, мир, љубов, почитување, сакам другарство, сакам Прошетки, сакам парк, трева, сакам да лежам на тревата, гледајќи го синото небо. Џагор на деца, мирис, на пиво, друштво, рака која ме гали додека го дишам чистиот планински воздух и се воодушевувам на рајската убавина околу мене.
Само посакај. Чудата се возможни. Мене ми се случи се она што го посакав. Верувам дека и тебе и на секој што посакува желбата ќе му се оствари.
Секоја жена може да биде дама и изгледа така и се носи така независно од возраст и облик на тело само посветување на малку внимание на себе си особено посветување внимание на духовен развој па посе тоа се одразува и на надворешност. Така да најважно е од внатре како се осеќаш дека џабе убава надворешност ако не е надополнета со најважното.
Многу е важно тоа што ќе го сториме од она што го зборуваме. Многумина убаво зборуваат, но постапуваат спротивно од тоа што го зборуваат. Зборовите имат голема моќ, тие можат да те повредат, но и да те излечат, зависи од ситуацијата но и од личноста која ги изговара. Затоа сите ние сме одговорни за секој изречен збор, бидејќи стануваме робови на лошите зборови, кои можат да повредат многу, но исто така можат и да помогнат многу. Убаво е секогаш да размислиме пред да кажеме нешто ако со тоа би повредиле некого, тоа е многу лесно, подобро е да молчиме кога не можеме да кажеме нешто што би помогнало некому.
Имам еден комшија кој на негови 19 години отиде на брод да работи (иначе е профсеионален кувар,со школо),јас бев буквално дете мало,после 15 години се врати,неговите родители,сестри,го немаа видено 15 години,кога го видоа ке се шлогираа,неможеа со месеци да се стабилизираат дека е тука со нив,од тогаш се поминати 5 години.Денеска играјќи со внуката моја пред зграда,го гледам искача од влезот истиот батко(скоро 40 години има),со торбици и ранци,позади него Мајката негова иде и,плаче,викам комшо каде,вика си одам,одам за Швецка каде што никогаш нема да се вратам во оваа држава,доста ми е 5 години од оваа скапана држава,работам,се борам,за парче леб,а не за живеење него за преживување работев,доста е веќе.Дојдоа роднини негови да го земат,да го носат на Аеродром,почнаа сите да плачат,неможев да останам рамнодушен да гледам како плаче Мајка,неможам и неможам.Отидов го гушнав,му посакав сите сонови во животот да му се остварат,и да биде здрав и жив,ме прегрна и почнаа солзи да му течат,само ми рече тешко е брате,тешко е многу,но морам..Ееее државо државо,сите вака еден по еден,ке си отидеме за жал...
Уште постојат добри луѓе на планетава. Се уверив денес, баба ми била до банка и низ пазар, враќајќи се дома сватила дека и го нема новчаникот. Секаде каде што била бевме го немаше и се откажавме изгубен или украден го нема, пред половина час да излеземе до банка да стигнеме да и ја затворат сметката, па сабајле во полиција, се секираше жената, нелт вели парите нека ми ги вратат документите и така е. Ние на врата еден човек лута со новчаникот на баба во раце и не бара по адресата на личната карта да и го врати. Еве вели го најдов на земја, душава ми ја исполни со радост и надеж, дека уште има добри луѓе
Нема поубаво од моментот кога ќе фатиш како некој те оговара и „паламуди“, што би рекол Заев, и ќе му станеш и ќе му се истуриш како вулканот Етна.