Официјално, ми скратија од плата 1 500 ден, шо значи месецов останувам со 14 000, здравје, шо да речам. Ми појдоа парите за карта. Плус шо си дадов пари за апчиња. Здравје Господ, нека ми скрати ако сака и 1 000 000. Побитно ми е здравјето. Да не нема газдава да му плати на тој шо ме заменуваше од џеб. Ама ако да пропита за тие пари. Аир да не види од сите лоши работи шо ги напрај ви фирма, па и уште осмех до уши има. Ццц. По сите тие работи што ми ги направи газдата. Да одам болна по документи, вториот ден после шок на организмот со дијареа и повраќање. Да ме остава сама со клиенти, а јас со температура. Ама ако, има еден поголем од нас, нека пресуди. А јас, заминав да си го барам чарето во друга фирма. Знам дека не смеам да колнам, но се си има граница. Па и моето трпение и нерви.
Жива вистина. Сега сме стигнати до епизодата на која ми коментира - Мислам дека она ви е најголем мангуп како ве дупчи сите, а ништо не работи.
Ритуалот на мелење кафе во локалниот гранап. Чукањето по машината, ти го подава во хартиена ќесичка, топло, мириса преееубаво. Одиш накај дома, па и ако е зима уште поубаво, си ги грееш рацете и го мирисаш, на зима поинаку и поубаво мирисаше, особено кога од надвор ќе влезеш дома. Мх...
Има еден чуден феномен. Не сум сигурна дали повеќе инклинира кон тажен или кон смешен. Еве вака: Ако човек ти се крсти, колне и убедува колку е добар, фин, чесен или искрен... најверојатно е спротивно од она што го тврди... Ова е рул оф тамб во животот. Spoiler Обично таквите со чукање по гради ќе направат многумина да им поверуваат, ама не и оние што ги познаваат. Прашање за размислување до оној што ќе се препознае: Нели е смешно да плукаш по други како продаваат лажен морал и се неискрени, а и самиот го правиш тоа? Што знам... Мене ми беше смешно дур го читав тоа... А после само тажно. Било што било... Луѓе од крв и месо и правиме грешки, ама најважно е да сме искрени првенствено пред себе. Ракоплескања на форум нема да ја сменат фактичката состојба.
Ноќниот живот одамна е згаснат во Скопје,би сакала во Angels Caffe во Штип да отидам слушнав било добро,ако има некој/а од Штип да сподели?
Тие денови што не си била таму ти се како неплатено боледување ,еве и келнер да работеше ако не отидеш на работа нема да земеш дневница така да не можеш да очекуваш од газдата да ти поклони 1.500 денари . А тоа што те терал со температура болна со клиенти не е човечно ама и ти не си мало дете ќе кажеш не можам и готово или ако не ти се свиѓа до толку смени работно место . Секој ќе се однесува до тебе како ти ќе допуштиш без разлика дали газда или другарка или било кој.
Во ред, во ред. И јас реков си го зедов делот пд кривицата ама и газдата си е крив. Како и да е, оштетен е работникот,а газдите, не им е галје. Да речам не можам ќе ми даде отказ. Ќе си заминам. А си се прашала ти дали е човечно тој што го прави тоа? Демек е ок ако прај така, сама си си крива шо така се поставил со тебе.
Ќе ми се насмее некогаш и мене среќата со девојка како на другите што им се насмеа? ... Прашања кои освен што ме мачат, ме јадат...
Утре слави роденден еден другар македонец, и позавајќи го , не сака козметика, не сака парфеми, не сака никакви додатоци у смисла на каиши такви работи.....единствено што сака се цигари. Арно ама почната е есен-зима сезоната па му купив блуза од мек материјал темно плава..... е сега слабо стојам јас со мажи па имаше една со дечко и во продавницата и јас ниту срам ниту очи го фатив дечко и за рака и му викам, ај стој да мерам една блуза , а женска му ама ме погледна смртоносно, де бе не се секирај нема да ти го легнам, твој си е....Па мислам дека би требало точна да му биде блузата. У меѓувреме на месинџер ми ѕвони мајка ми , (нели ви кажав дека е на гости кај сестра ми 2 месеца, го чува бебето , а сестра ми и зетот биле излезени на пазарување) , комшиката што живее под нив се качила и ја информирала нешто и викам: ти што и рече ? ми вели : и покажав со раката после 3 саати да дојде пак за да се разбере ко ќе се вратат сестра ми оти вака поима нема германски мајка ми....и јас и викам, а нервозна ли беше жената , ми вели : абе дотерана беше, изгледа ќе слават вечер нешто, украсувале по дома, па сигурно и тоа ги известува, ако има галама во зградата.....Журка ќе има , а мене не ме каните а маме ви јебем ? Знам јас и сама непоканета да дојдам ако ме фатат улавите Абе уствари , се вклучив да ви пишам дека колешката ми одговорила на пораката (во минатиот пост пишав дека и се извинив во порака на телефон) Бре колку позитивна жена, пишала дека се е во ред и дека не ми се лути, дека ме познавала доволно за да знае дали сум до толку покварена личност. Здравје, во понеделник ко ќе одам на работа ќе и купам од нејзините омилени Рафаело бомбони како едно лично извинување, оти глупо ми е што само порака и пратив како малите деца, плукни залепи, не се прави тоа така. @Nigredo Odor , си ме тагирала, ама искрено поима немам јас кои се добри ресторани во Штип, еве ќе ја тагирам @joy1 нека пише каде прават вкусни пастрмајлии , а тоа да биде во природа некое ресторанче. Сигурна сум дека она ќе знае оти е во шемата, а јас сум крајно незаинтересирана , од јадење мене само за суши може да ме контактираш Ама ти се најдов од помош, ебаси мајката
Колку се сите себични уствари, колку само немам блиски другари и другарки..Секогаш гледам на сите да им угодам, трчам ко мува без глава.Секогаш за сè сум им помагала, и на крај сите испаѓаат себични. А толку пробувам да сум со сите добра и да им помогнам, и очекувам со добро да ми се врати.Ама глупа сум никој не ми е крив, и кај најлошите пробувам најдоброто да го најдам.Ама нема веќе така да оди, јас ако фатам да сум себична дерам се живо до гола кожа.И бетер ќе сум од нив.Епа, тражили сте- добили сте
Чудно е како ми фали тоа нашето дружење од време на време, бевме најдобри другари неразделни ама штета се случи тоа што се случи, убаво беше што те видов сега барем на 2 3 минути истиот си остана ти реков дека ке одам на кафе одма помисли дека е девојка некоја во прашање, класика Знам дека ти фалам и јас на тебе и нашето дружење дури и на крај ми кажа кога ми дојде автобусот да ти пишам кога ке имам време за да збориме ама што да правам вака е подобро за мене, знаеш дека не сакам кога ме гушат и не сакам негативни луѓе, не сакам кога само се жалат околу мене тоа ме нервира. А ти ме гушеше бе другар ти кажав ми треба простор и време да бидам сам со себе ти продолжуваше и сега што ако се смириме кога пак ке биде исто А ми фали тоа смеењето и разбирањето со тебе што го имав го немам со никој друг другар. Морав ова некаде да го кажам, не сакам на тебе па ова ми е еден вид на бегање.. А баш сакам да ти кажам што се се случува кај мене, за девојчето што го запознав и за работата и за се останато ама... Its better like this I guess..
Сдк дека ние жените имаме тоа предчувство ( 6-то чуло хаха) кога нешто не штима...само да си знаете машки некогаш ве читаме ко буквар...
Денес ми е многу убав релаксирачки ден Утрово поголемата ќерка ми викаше кукурикууу на глава за да станам, а малата лежеше до мене, ме гледаше и ми се смешкаше. Ги изгушкав двете јагниња, ни се придружи и мама која рано станала утрово за да прави мекици, па цел стан убаво мирисаше. Нема поубаво кога денот ќе го започнеш со луѓето кои се твоето се' во животот. Доручкувавме, раскренавме, направивме сендвичи и спакувавме тоа што остана од мекиците за на планина. Отидовме на Скопска Црна Гора. Не е гужва и прљаво како Водно што е сега, повисоко е, и зошто не е познато за многу луѓе е многу почисто и помирно. На врвот, на Рамно, беше многу магла, неможевме таму, па се симнавме подолу. Ја паркиравме колата и одевме низ некој патчиња, со дрвја над нас, шушкаат, чист воздух, најдовме шумски капини, и некој такви како малини, природни, беревме и јадевме Се симнавме уште подолу со колата, најдовме ливада, постелавме ќебе, си направивме пикник. Со големката трчавме и игравме топка, направивме букет за мама од цвеќенца што ги набравме. Ја скокоткавме дада, она се смееше и смееше. Се уморивме и сите легнавме на ќебето. Се изпруживме и гледавме во небото. По некое време станавме, се собравме и појдовме накај дома. Застанавме во манастирот Света Богородица, влеговме внатре, поседовме, и си отидовме назад во хаосов и прљавштините во Скопјево. Децата спијат во спална, ние сме во дневна, гледавме тв и ми заспа со главата кај мене во скут. Ја покрив и ја галам сега, моето најголемо бебе. Криво ми е што немам фамилија, роднини, кои ќе ме поддржат во ова што го правам во животот, криво ми е што ме кочат, што ме разочаруваат и демотивираат. Сите се против мене и против тоа што оформив семејство. Незнам зошто, но против се. Ама ако, ќе сфатат еден ден. Но тогаш ќе знам дека не беа тука кога ми требаше поддршка. Среќен сум, и горд сум што на 28 години сум маж, и татко на две деца. Не ми е срам, напротив, горд сум! Немам некој другар, и братот го изгубив, па морам тука на вас да ви пишувам и да ве замарам малку. Него ај, да дремнам малку може треба, да ми се смират емоциите
Ах беее @Ostaveniot Ме расплакуваш дури со постовите твои. Ме воодушевуваш со мислењата, со тоа колку си заљубен и посветен. Реткост!! Стварно реткост. Камо сите момци денес да се како тебе, такви требаат. Нели девојки? Пишувај си тука, олеснувај си, ние ќе те поддржиме.