СДК 1 не знам што е проблематиката. Добив две недолични пораки на форумот, па затворив сандаче. And guess what? Проблемот е решен. СДК 2 најголемо браво за нашите одбојкари
Фактот што не се приспособувам лесно и не прифаќам секогаш и по секоја цена да сум дел од масата, си го сметам за голема предност. Зашто тоа ми се случува онаму каде што знам дека не припаѓам. Знам да ги прочитам несвесните сигнали од луѓето, онаму каде што не сум пожелна. Подобро сама или во друштво на една искрена личност, отколку онаму каде што се сите знаедно во толпа, а всушност се толку далечни. Не ми требаат маски, не ми треба лажна љубезност, и никогаш не престанав да трагам по она вистинското за мене. Го најдов тоа, и на личен, љубовен и на професионален план. Конечно го најдов местото каде што припаѓам. Каде што јас сум јас, јас сум таа што сум, без потреба од глума.
СДК 1 Има разлика од обопштување и апстрактни филозофии, до пристапот кон конкретен проблем од кој дел се вистински личности. СДК 2 Jас грешам кога заборавам дека луѓето немаат толку високи критериуми и не се толкави перфекционисти како мене.
Жал ми е за светов, за сѐ живо што постои. Зошто? Затоа што нема љубов. Другари, роднини, колеги, партнери, секој е со секого само поради корист. Нема чувства, разбирање, поддршка, искреност. Никој не сака да е со никого кога овој другиот има проблеми или го мачи нешто. Сите гледаат што е можно повеќе да искористат, да ти ја исцицаат енергијата.
Шанса како шанса, секогаш постои. Најважно е што се борат до последениот атом енергија. И до тука е голем успех за македонската одбојка, со оглед дека сме дебитанти на ова ЕП.
Вечер треба да навиваме за Турција, ако сакаме да одиме во 1/8 финале треба да ги победат на Финска, во обратен случај Финска оди.
Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција „Реагирај - Сподели приказна, спречи насилство“
Знаете како велат? Понекогаш е добро да се изолираш и да се тргнеш настрана да видиш кому му значиш и му е гајле за тебе. Поголема вистина од ова нема.
Одличен успех и заслужуваат да бидат помеѓу 16те најдобри. Вечер навивам за Турција Инаку СДК положив и уште еден предмет и чистка .
како викаат старите кој ке ме чува на тој ке препишам...за жал некои препишуваат на старачки домови...нивните "деца" не сакаат да ги чуваат..а тие ги исчувале од самото раѓање за да ги остават после сами....а некои пак ке си направат на страна и не ги гледаат а кога е време да се дели трчаат очи ке извадат кој повеке да земе...жално
На темава, имам еден комшија, откако мајка му му ги препиша нивите, куќата и уште некој имот скроз на скроз ја одјеба мајка му, ниту сака да ја виде, бега од нејзе, жената минатата зима едвај дојде до дрва додека син и си го живее животот некаде во туѓина, бабата го губеше разумот на моменти, правеше проблеми во бесознание на улицата, ќерка и ја испрати во старечки дом, а син и ја нема видено две години.
Не знам како може човек во кола да не укапира дека не може да се избацува пред автобус,уште еден автобус од спротивната страна и куп коли пред него,до него,спроти него и зад него... Како се залета,ќе убиеше над 50 души... Жити државава што дава возачка на секого... А,бе,џабе се парите ако се изгубат животи,тогаш тие пари стануваат крвави. Толку да не се мислело на другите...
Тажно е колку една жена треба да е перфектна. Повеќето имаме периоди од животот кога поради ред фактори отстапуваме од она "перфектното". Некоја е болна, под стрес, некоја донела нов живот на овој свет па се "издеформирала", некоја е еднодтавно таква како што е. Но не, се гледа со поинакви очи, со потсмев и со гадење... Денес и јас доживеав такво нешто, само што сеуште општеството не ме исмеа. Зошто? Бидејки потрошив 40 драгоцени минути од мојот ден, да сокријам нешто "ненормално" на мене кое е предизвикано од здравствен проблем кој не посакав да го имам. Но знаете, жена сум. Треба да сум секогаш како порцеланска кукла во лицето, секогаш средена... Но самите го прифаќаме тоа и постојано очајно се трудиме да постигнеме максимална перфекција. Тоа го правев и јас, но денес се запрашав зошто? Која е поентата? Оние кои ме сакаат и им значам во животот ќе ме сакаат каква и да сум во моментот, се останато може комотно да застане да гледа пред некој од околните билборди, а не во мене. Утре надвор излегувам онаква каква што сум, малку поинаква и по чудна од тоа што ме виделе вчера, но нека, ќе се навикнат
Знам како е, поминував и сеуште поминувам низ тоа. Долг и болен процес е, само оној што доживеал може да сфати. После толку време уште не ми е 100% сеедно. Луѓе со кои се дружев половина живот испаднаа онакви какви што се пазев да не налетам некогаш. Такви ножеви во грб мислам дека нема да почувствувам пак во животот. Се обидував да ги спасам пријателствата, но само се гушев, само стануваше се потоксично. На крај сфатив дека вредам повеќе од нивните навреди и манипулации. Не сакам ни очи да им видам веќе, но штета што сме од исто место и скоро секој ден ги гледам некаде. Осамена сум, со двајца други што ги сметам за пријатели, другар и другарка. Но често ми се далеку. Се би дала да можеше нив да ги гледам наместо другиве патетични завидливи суштества. Ама живот. Можеби ќе стекнам некогаш други пријатели, можеби... (се извинувам за цитирањето, но сакав да се искажам што ми тежеше).