По стоти пат ме боли срцето. Ама овој пат нема повеќе да сакам никого. Последниот пат кога се видовме со тебе, ме прегрна. Тоа беше како да беше прегратка за збогум. Нема да те заборавам, те сакам, ама ќе си одам оти ти не ме сакаш.
Ај полека полека си кажа шо мислиш вистина, само многу брзо беше. Не очекував толку брзо, изгубив кладбата сега.
Немам што да додадам, освен дека ти благодарам што всушност придонесуваш за потврдување на моето размислување. Одличен пример си за тоа какви момци го сочинуваат форумов т.е. какви размислувања имаат барем околу 90% од нив. 21-ви век, толку блиску а толку далеку.
Изгуби Турција, толку од Македонија на европското во одбојка. Турците се бореа лавовски до последно, јас до крајот на првенството ќе навивам за нив .
Велиш не треба да се генерализираат мажите, а ти сега со фразата “со женско нема да излезеш на крај” го генерализираше цел женски пол. И сеа? Али уште на почетокот приметив дека си од оние nice guys.
Парите не можат да ги заменат емоциите и вниманието. Зошто мислите дека некој повеќе ќе ве цени ако го частите еден ручек? Зошто мислите дека девојката/децата повеќе ќе ве сакаат ако им купувате скапи подароци? Седнете, одвојте некој час, напрајте муабет, сослушајте го другиот без да му судите, помогнете му ако има некој проблем, посветете му внимание и покажете му дека ви значи, дека се грижите и дека го сакате.
Сдк џабе направив блог на фејсбук ми е срам да го споделам дека ќе сфатат дека е мој а сакам да сум анонимна. 0 лајкови
Размислував и решив дека е најдобро да исчезнам од форумов. Тој период кога не бев воопшто активен беше еден од најубавите и сметам сега дека направив грешка што пак го активирав моето учество. Се решив да ставам крај на мојата активност тука. Да имаше можност да го избришам профилот ќе го направев тоа ама за жал нема. Ако ништо друго барем ќе се обидам да ставам крај. Од лицемерни створења да не може човек да крене глава. Ти се претставуваат како едно, а во реалност е друго. Па и уште мислат дека ако те зафркаваат дека можат да те бутнат на колена. Самите видоа дека малку потешко тоа. А ги има на форумов премногу, а и во реален живот исто така. Да се разбереме не сум совршено суштество но, да се обидам да му нанесам на некој некаква болка од злобни намери или пак зошто си страдам од комплекси од типот на „мене така ми правеле порано и јас сега морам така да правам“, тоа не. Ако другите се фрлаат во Вардар јас секогаш гледам да го преминам Камени мост. И таков и ќе останам во иднина. Со свој став и свои размислувања. Тоа се жалат тука, плачат какви биле спрема нив некои луѓе во животот (што не негирам дека било тоа така) ама проблемот е тоа што кога треба да покажат дека тие се поинакви, истите тие паѓаат на тој испит. Не само на форумов туку и општо во државава. Државава нѝ е реално таква, и тука говорам за двата пола. не правам некаква разлика. А најтрагично е што луѓево не се спремни да направат разлика некогаш. Ги читам тука како се жалат повеќето од нив, а всушност истите тие се водат според тие принципи што ги наведов погоре. Си имам свои грешки не велам не. Ама јас имам и доблест да се извинам. Така да, ако некој некогаш се почувствувал нешто навреден од моја страна - му се извинувам уште сега, однапред. Но, никогаш не сум се стремел поради тоа што некој ми правел глупости на мене во минатото да речеме, а ги има многу, да се обидам да му наштетам на некого на истиот начин како што мене ми правеле порано. Како и да е, би сакал да им се заблагодарам на сите тие кои имаа искрени намери со мене и сакаа да се дружат, макар и тоа било виртуелно, иако искрено сметам дека виртуелното дружење треба да има граница зошто крајно глупава работа е виртуелно пријателство, ама секој има свое размислување. И донекаде ги разбирам тие кои не сакаат да ја надминат таа граница, не дека ги обвинувам. Останете ми поздравени и со добро здравје. Ви посакувам секое добро.
Од каде сме? Каде сме сега и каде за неколку години? Прашања кои немат одговор... Чекориме по лавиринтот на животот оптоварени со неправда, болка и немоќ, барајќи го излезот кон иднината, кој можеби нема да го пронајдеме... Непознатото секогаш ни носи предизвик за убаво, кој со сигурност ќе не изненади, само што не знаеме дали е пријатно или непријатно. Во тоа е убавината во непознатото и во чекањето. Магично и убаво е додека чекаме и бараме, а кога веќе ќе го најдеме магичноста исчезнува.. Додека чекориме по лавиринтот на животот добиваме безброј одговори, кои за жал и не се ни приближно убави и вистински. Но, тоа е животот - непредвидлив и мистерија до крај исполнета со чекање и барање на нешто убаво.
Веќе подолго време размислував и јас, а и да бидам искрена во неколку наврати се обидував да се тргнам од форумот, ама пак се враќав. Не сакав да драматизирам, да пишувам срцепарателни постови и пак после да се вратам назад. Ама еве, мислам дека најубаво ќе биде тука да ставам конечно крај и да си кажам дека и јас се повлекувам од форумот. Некоја посебна причина зошто сакам да се тргнам и замерка за некого немам, едноставно мислам дека е тоа најдобро решение за мене. Со самото тоа што пишав тука, верувам дека ќе си стојам цврсто на зборот. За крај немам ништо посебно да изјавам, освен да ги поздравам сите до еден во ФМЌ, местото кое уживав да го посетувам најмногу од се на форумот. Дел од вас веќе имаат остварено контакт со мене на социјалните мрежи (знаете кои сте), слободно можете секогаш и во секое време да ми се обратите. Поздрав и се најдобро.