А не може форумов да ви биде една разонода и да се уклучувате на него додека седите на ВЦ шоља?! Кој фактор треба форумов да ти биде луѓево да не речам аватариве да те тангираат нешо у животов, па уште и да се нервираш за нив, па срцепарателни постови... Со шо се замарате бе луѓе, сигурно имате побитни работи у животот, сигурна сум. Малце емоционална граница и чао пријатно.
Ќе ми се падне ли мене некогаш на грепки некоја пара или за џабе играм а ? Ми ѕвони сабајлево сестра ми и вели ајде дојди да те частам , ни се падна 500 евра по втор пат.....они играат од тие грепките од 5 евра. Јас цело време гребам и мене од трите подолгото ми се паѓа, да тибам к'сметот што го имам.
И мене ми пишуваа на времето у инбокс за фут фетиши и остали игрици, ама после ме научија што вештерка сум и сеа никој не ми пишува веќе Можеби потенцијален дечко си испуштив, јади гомна Катерино сеа, сама си си крива.
Па поише ги сфаќам тие со фетиши неголи оние што тупат каков бил форумов. Јадни тие не знам што очекувале од форум. Па уште ко ќе се зберат у живо за да оговараат некој аватар ко шо вели гош некој само комбе да им викне и на право место да ги однесе..
Боже коа ќе видам млади луѓе кои гледаат само напред.Ама не во смисла гледаат во иднината туку во смисла ќе го видат само она што им е пред нос ништо повеќе.Сегашноста ги повикува оние кои останале во минатотоооо Ѕрннн ѕрнннн вратете сееее...
Денес сите се правеле доктори наместо да правеле тоа тоа тоа и тоа.... Кажа лицето што не е доктор и е подеднаков интернет експерт како предходно споменатото на кое му се обраќаше и му држеше лекции.
Уште одамна беше, ја свиткав ногата и отидов на оние што тријат,после тоа имав прејаки болки и отидов на лекар. Снимката покажа дека ми е напукната,така да тријачот што викаше дека е шината само ја утнал дијагнозата. Среќа што не зема пила па да ми ја отсечеили да ме прати на бајачка Абе доктор си е доктор.
Постојат луѓе што се замараат со пораки на интернет. Изгледа имате многу слободно време и оние замарачите и жртвите замислете колку за греота се чим до форум допреле да замараат.
Нема да гледам видеа на Јутуб веќе. Да можев акаунтот ќе го избришев. Увредена сум од рандом грци што коментираат под видеа и ми го вреѓаат античкиот корен.
Не почитувам луѓе што не си ја признаваат грешката или пак ја признаваат и во моментот дрско се однесуваат бидејќи згрешиле и не сакаат да зборуваат на таа тема. Па дур и на крај ти си крив за нивната грешка. Боже, чувај не.
Не е дека снимам, ама го користам за гледање видеа, туторијали и други интересни работи. Сакав да доловам колку е апсурдно да напуштаме виртуелни местенца за релаксација, без разлика дали е јутуб или форум, само поради тоа што пишувале другите.
Зошто бе сите луѓе на светов почнаа да бидат злобни? Прееска сите и се нафрлија на една пријателка и кутрата си отиде беше готова да заплаче. Јас ништо не и кажав пошто знам како и е и јас сум била на нејзино место и тоа многу пати па кога дојдов дома сфатив подобро и ми е жал многу, но знам таа не се многу замара за тоа кој ја сака, сака, кој не ја сака не ја сака. Ич не му ја милси