Ау многу антиваксери имало. Повеќе од што мислев... Има негде статистика колкав процент им е пресекот со flat earthers?
Пред да се качам во автобус секогаш отстапувам место на приоритетни луѓе. Значи први влегуваат. Малку арогантно го искажувам тоа треба да се цивилизирани. И онака не бев нешто расположена. Чекам бус и се собираат луѓе, женава со количка остана позади. Само реков на човекот пред мене: "Stop, she has a baby." И помогнав да ја качи количката и влезе, во бус ми се заблагодаруваше 1000 пати и ми вели: "When I was pregnant anybody didnt want to help me in the bus, they didn't want to gave me seat. This is first time and God bless you." Сепак таа е приорити и секој станува и се отстапува тоа место назначено. Милион бакнежи и испратив, беше среќна, со насмевка се возеше. А јас исполнително воодушевена.
Лошо е кога толку многу си навикнат да си несреќен што секоја среќа ти се чини како илузија и чувствуваш грижа на совест ако за миг се осетиш среќен зашто мислиш дека си предодреден да се мачиш. И уште полошо, се казнуваш себе и оној што те направил среќен.
Ја читам темата „Имиња за вашите деца“. Не ви држи многу оној муабет дека дете ќе зафркавале поради името, не мора да значи, други фактори одредуваат. Мои врсници по име Трпе, Трајан, Стојче апсолутно никој не ги задеваше, имаа големо друштво. Плус денес секој родител гледа да даде несекојдневно име на детето, па не ќе знае кој на кого попрво да се смее
Не можам повеќе да го поднесам..го прати секој мој чекор, намерно се здружува со сите мои драги луѓе. Погледот не го трга од мене. Не знам што сака човекв од мене више. -.- Би сакала да бидам воздух за него.
Добро бе како можат некои мажи да бидат со една во врска, на сто други да им пишуваат, да глумат прво пријателски само настроени, претходно познавајќи те на некаков начин и мислиш пријателски чет муабет ќе имаш, а потоа да си го покажат лицето нудејќи прошетки и триста чуда... Да ти е страв да фатиш дечко, не знаеш каков ќе ти се погоди и дали ќе ти набива рогови додека ти го сакаш и се трудиш во врската И на крај да го откриеш какво ѓубре бил и да бидеш повредена и разочарана. И за џабе да ти биде сета дадена љубов и потрошено време со таков
СДК оставете ги децата да бидат деца, не ги огорчувајте уште од мали нозе, труејќи ги со муабети ваква е баба ти, ваква е тетка ти и стрина ти, вакви се комшиите, само зошто на вас не ви се допаѓаат одредени личности
Јас цела вечер читам Породилни приказни, вие како сте ми? Ми фали @Animali со нејзините и Ај, да пробам да заспијам
Еј, па животот е игра нели, онда или ќе играш или ќе дозволиш другите да си играат со тебе! #решибре -.-
Епа можат цреша, на сметка на нив има "корпосани" дечки кои ете, баксуз ги прати има сфашта, отворете очи. Со еден збор, недозреани се, недоквакани. Ама тие се оние опасните момци. Тие ги фаќаат девојките. Ние сингл што сме, сме најс дечките, фините, што као глумиме фини, и така
На напуван пензионер никад, ама никад нема да станам у автобус и да отстапам место. Прво јас плаќам карта, 1400 денари секој месец ми одат на тоа. Тие се возат без пари. Второ без осет се и се возат во шпиц време кога сите идат на работа. Ништо не те кошта да се возиш еден час подоцна. Трето одморени се и наспани, мене ме чека работа цел ден. Сега ќе почнам и ќе завршам којзнае кога. Од очи не ми се гледа наутро кога морам да станам а претходната вечер сум легнала у 1 пошто до тогаш сум имала нешто што морам да го завршам. Четвртото и тоа што најмногу ме нервира - безобразлук и ароганција. Коментари за младите, вакви сме - такви сме. Ок, веќе кога сме безобразни барем да си го оправдам тој епитет. Тоа што се бањаат еднаш месечно и што урлаат на немиено не е посебна точка, правило е а не исклучок. Секако дека ќе станам на изнемоштен човек кој се познава дека е мртов од умор, повреден човек кој мора да седне, на инвалиди - не правам муабет тука, веднаш се тргам или на бремени жени, на жени со мали деца кои сто работи носат у раце. Али на некој кој нема попаметна работа и си се шетка оти му е гратис - шанса нема. Колку сака нека звучам злобно.
Од каде знаеш? Ај вака. Прво, тие земаат помала пензија од нашите приходи, плус не можат да заработат, плаќаат за лекови итн, затоа бесплатно. Второ, не знаеме дали одат до аптека или болница во шпицот, или кај внучињата, пензионери се, знаат дека животот им е при крај и сакаат дружба. Трето, не се баш одморени и наспани. Јас и ти сме млади, знаеме да не си испланираме време шетајќи, тие се дома постојано и ретко се движат - со бус. Четврто, добар дел од нив патат од комплекси, тие се најјачи, младите не чинат, тоа е факт. Ист комплекс имаат и млади кои навредуваат, арогантни се итн, ги има и на форумов. За тоа што не се грижат за личната хигиена, е тоа не можам да го објаснам сѐ уште. Треба две работи со нив: да ги почитуваме и да ги игнорираме, освен ако фино нѐ замолат нешто. Побогу, кога ќе го спроведеме она што го учевме за моралот и етиката?
@KateKane Сосема го споделувам твоето мислење. Баби со фризури што немаат друга работа, само да го мерат градот со изговор дека ќе одат на гости или дека мораат да одат до пазар за да земат кромид и праз и да мора сите да го трпат грозниот мирис од тоа, а плус и небањати повеќето. Еве една случка... Гужва ненормална беше, вторник околу пладне, пензионериве се враќаа од пазар изгледа, нема место игла да се фрли во автобус. Случајно згазнав еден дедо, не изгледаше изнемоштено верувајте, поодморен од мене беше. Му се извинив, нормално, а тој ми врати... Ајде сега земи палома да ги чистиш кондуриве, или сакаш да ги лижеш? Толку за добричките старчиња. Никогаш, никогаш нема да отстапам место, освен ако не е изнемоштен човек што стварно не може да стои.
Знаеш дека и пензионери со пензии повисоки од 15 илјади денари користат бесплатен превоз? Многумина од нив и си плаќаат 300 денари за да се возат секој ден,па така го користат градскиот превоз и за на пазар и за до болница или до кај роднини. Само по дома сработуваат,јадења прават,дом чистат и некои внучињата си ги чуваат. Бар оние кои не ги чуваат внуците се поодморени од нас младите. И меѓу старите и меѓу младите има умислени кои мислат дека се кој знае кои,па дека и во автобус обавезно некој мора да им отстапи место. Сепак,старите се побројни во автобусите и од нив не може да влезат мајка со бебе во количка или човек во инвалидска количка.И да успеат да влезат,се притиснати. Народот не сфаќа дека автобусите не се предвидени за 100 души.
Гледав новогодишни тури за Београд преку агенции и во 2 од нив, наидов на нешто што направи да погледнам дали сум на правиот сајт и ме подзамисли дали е нешто грешка... Сепак не било. Имено, покрај организираното извидување на знаменитостите на Београд и вечерни излегувања, во турата е вклучен и ексклузивен дил, а тоа е, извидување на домот на балканската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ.drunk Као, втф, зошто би сакала да видам кај живее еден обичен криминалец, па уште и да платам за тоа. Е Балкане мој