Сакам да напишам,да кажам ама немам зборови.Не знам што се случува со мене,се ми е испомешано во главата..се трудам да ги подредам мислите ама не ми оди... Се надевам дека нема да згрешам.
Луѓе уште се шетаат по кратки, а во Џамбо донесени елки и секакви други новогодишни украси и ситници. Мислам, замисли во маица на кратки и отворени обувки одиш да купуваш елка и лампиони.
Што е до мене што поскоро(подолго) толку подобро, детето во мене ужива и е задоволено што е најбитно така да I don't mind. Не би ми пречело и градско украсување порано, уште во ноември On that note петок е 1ви Ноември,така да од петок Нова Година се рачуна веќе за нареден месец не ме интересира Веќе се спремни и почнати со употреба Новогодишните резолуции (смајли што слави).
Кога веќе сме кај загадувањето... Како и со културата така и за воздухов, рака под рака со Пакистан, и уште побитно во топ 5 сме. СДК кога ќе го завршам факултетов и ако останам жива дотогаш, си ветувам вака јавно дека ако треба ќе работам и нешто што не ми е по професија во друга држава, само да не го дишам срањево.
Полека но сигурно загадениот воздух ќе стане прв причинител за отселување од земјата, иако досега голем дел избегаа заради пари. И 2000 евра месечно да земаш во Македонија, зар вреди да дишиш смог и чад во текот на цела година? Со страв да одиш до продавница? Дома со маски и прочистувачи да седиш цела зима? Завчера на братучед му се роди ќерка. Среќен, збунет, ама и исплашен вика како ќе го извадам бебето од болница? Бебето ќе биде покриено ама пак ќе вдиши од смогот. Надвор прст пред око не се гледа, а тоа малото ќе треба да диши од најзагадениот воздух во светот. Плус жена му тазе породена, а веднаш ќе биде изложена на таков загаден воздух. Ептен беше разочаран и викаше иако досега сите другари му заминале во странство тој си мислел ќе седи во Македонија, ама сега откако има дете уште зимава ќе бара чаре за бегање. Цела даје.
Кој курац му е на фејсбуков бре? Секој ден ме додаваат некои чудни фаци, со 0 mutual, врска немам од кај ме наоѓаат. Ниту постирам нешто многу (инста повеќе си користам), ниту коментирам по јавни групи, нешто прелепотица да сум - не сум, порно некое ми нема искочено... Има ли промени во тоа филтрите за барање? И може ли некако да спречам некој со 0 mutual да ме додаде? Или со тек на време да го избришам? А и вие што ме додавате, 2020 ќе дојде уште Х карате сте потпишани бре, имате ли нешто свето?
ЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦ НЗС не може да ви најде човек. Ако е една институција,не треба ли истите правила да важат секаде??? Читам АПЕЛ од Гевгелиско Архиерејско Намесништво ,во кое меѓудругото стои Родители немојте да ги туркате вашите деца во рацете на сатаната ( Ѓаволот) , спротивставете се на сите наставници кои налагаат за ,, прослава " на овој ден , ако сакате да се здрави вашите деца , не ги праќајте на училиште тој ден ако има таква ,, прослава " ! Од друга страна таа иста МПЦ во USA прави забава во Црквата за HALLOWEEN
Сакам да кажам дека ова морам да го извам од мене. Менвав пасворд на gmail, го користам од крајот на средно негде овој мејл и се ми е врзано за него, па и букмаркс. Стариот ми е како втор најавен пошто има работи кои ми требаат. И сега нешто се одјавив дур средвав и автоматски ми се поврза хромот со стариот мејл и ми ги даде букмаркојте. И СИ ГО НАЈДАВ МОЈОТ АПСТРАКТЕН РЕЦЕПТ ЗА КОЛАЧ СО ЛИМОН (ФМЌ знам имав пишано за мојот рецепт кој го напишав само шо има, ама не и мерки и полека го нагодвав оти е многу вкусен)!! Нема поќе обиди, нема поќе гума јадење дур најдам како беше пошто кога сум го пишела кузнај шо не било во ред со мене. КОНЕЧНО мојот омилен колач со лимон ми се криел цело време во букмарк кој беше поврзан со стариот мејл. Е ај сега како да не одам уште ова да го напрам? Имам лимони, утре ќе си играм со ова, да не се кара мајка.
Како некој маж сум станала, се почесто додека јадам салата, си пијам и ракија, а цел живот токму таа ракија, ми беше најодбивна од се што е алкохол
Загадениов воздух е проблем низ цела држава. Стрништа се палат на големо а чадот не сме свесни колку може да е штетен. Да постоиш малку надвор на таков чад, ќе почнат очите и грлото да те печат. Што им е бе на луѓево, што?! Дали малку размислуваат пред да потпалат нешто?! Не се диши, се труеме. Патем, во близина на Крушево веќе четврт ден беснее пожар и ситуацијата е страшна. Веќе се изгорени илјадници хектари шума и жителите дишат од тој воздух. Се шпекулира дека ловџии го подметнале пожарот за да ловат зајаци. Абе со кој памет? Ќе се угушиме во сопствената држава, ова нема лек. Spoiler @KateKane Settings --> Privacy Settings и тука бираш friends of friends наместо everyone. Го имав истиот проблем.
Вечерва сакам само да кажам дека сè додека гледам полицајци коишто рипкаат како балерини измеѓу коли, наместо фино лепо да си чекаат на семафор како секој нормален човек...јас не гледам иднина во државава. Најискрено. Европа ќе успее и без нас.
Сменивме име за да влеземе у ЕУ, али ете на крајот испадна дека не е тоа проблемот. Најверојатно мислеа дека нема да го смениме никад името, па ќе шверцаат бело робје и дрога преку нас, али сеа коа им стана јасно дека уште една пропалитет држава и нација као Бугарија, Грција и Романија не им треба, не важи веќе. Ок. Али сеа па не е логично да си го врати е името,чим за џабе го мењавме? Мислам, по закон и Устав името можеме коа сакаме да си го мењаме, к*р ни е, двор ни е.