Не се дружам со типки кои ставаат кармин со огледалце у кафиќ или на работно место си се шлапаат со кармин, им се избришал па ајде, демек карминот е поважен од документите. Lord.
Има некое бон тон правило. Ама по мое видување беспотребно. Не ми смета поправка на кармин. Биг дил. Не знам што би навредило некого.
Па ако пиете кафе и изгледа како да се бакнувала, зошто да не го поправи ? Ако стави кармин еднаш во осум часа значи не работи и безделничи ? Јас па не сакам да се дружам со тие како тебе што размислуваат површно и плитко.
Кажи им отворено, ако сте блиски ќе разберат вајда. Моиве деца не ни сакале кај некој друг да седат, кога беа мали ако отидев да се видам со другарки пробувале да ги земат да ги поиграат џабе , а искрено мене би ми било незгодно и да сакаа што викаш повеќе од 5-10мин да го причуваат.
Испуштив работа во прејака фирма ради тоа што ми се чинеше дека е предобро за да е вистинито. Толку сме навикнати веројатно на превари и експлоатација околу нас, не имаат убедено да веруваме дека просечноста е се што може да добиеме овде, да кога ќе се појави нешто што вистински вреди, не сме у можност да го препознаеме, дури и се штитиме од истото. Јбг..
Бегам подалеку од луѓе што кажуваат "ГоспоТ да те казни". Им одбивам на глупост и затупавеност, ама не сакам никаква комуникација со нив.
Пред некој ден, втор пат во две недели, на врата ми дојде чоек од црква. Првиот пат беше: Да донирате за црквата. Не, фала. Поарно ќе донирам за некој болен - и му ја затворив вратата. Вториот пат, маж отвори врата, и му подал поп/клисар- шо и да беше тој, календар за на ѕид, со муабет: Кој колку што сака. Срипав, го чапнав календарот, му го подадов на чоеков и му реков: Фала, не сакаме. Ми рече: Не чини да се враќа. - Добро, нека нечини. - и му ја плеснав вратата! Нека донираат тие од парите што не им се даночат, на луѓе од загрозени категории, а не да ми иди на врата 5 пати месецот, и уште да ми кажва чинело/не чинело!
Јас бегам од оние што раце ќе си искршат побрзо да се прекрстат кога ќе поминат покрај црква и секунда покасно отров им тече од устата и злоба им извира од очите.
Не мислев сите што се крстат пред цркви, него тие што се крстат и секунда после почнуваат со “гревови“
Сакам да кажам (1) дека кога ќе видам дека нов лист се раѓа од Адамот, премногу сум среќна. Сакам да кажам (2) татко ми пуштил бокс на тв и оставил така. Баба ми седна и гледа и се нервира: „леле уште го мава“, „аморе касни го нека не те мава погла“, „леле пак ќе се тепат“, „ѓубре цк цк цк“, „нема некој да ги раздели да не се тепат?“, „ете така, го ничкоса“, „ама леле пак падна овај оф мајко... пак го тепат“, „види го како да нема раце да го мава“, „пу, немом да ги гледам“, и еве ја си смена.
Сè, сè ќе разберам, ама јадење кифли и буреци со месо на факултет, нема никогаш да разберам. Шеташ по ходници и припаѓаш во несвест од мириси шо ти се мешаат. Осет - нула.
13 ноември повеќето го заборавија обременети со проблеми.... ех Скопје мое, те изобличија, нагрдија, загадија, не личиш на себе, ама јас во срце те носам секогаш - љувобче си моја
Си одев дома со такси. Имаше една кола, видов дека не е во најдобра состојба ама брзав па не бирав многу. Внатре уште полошо, прашина, песок, лушпи од кикири, апчиња на земја, чад од цигара... Таксистот стар, пробав да го оправдам, жал што мора да работи и заработува од такси иако е многу стар. Имаше некои градежни работи на патот, мораше да оди по друг. Не го знаеше па јас му кажував каде, сé ќе беше во ред ако ме слушаше...го згреши 100 пати. Не можевме да се разбериме и се симнав километар подалеку. И за крај, ми побара 100 денари плус. Ем не ме однесе, ем повеќе пари. Не знам како е во другите градови, ама кај нас последниве година-две да ти е страв да влезиш во такси. Ставаат и табли од познати компании, а не возат за нив. Дали некој воопшто контролира и зошто не?