Скд не е суров животот, животот е онаков каков што ќе одлучите дека е. За некого е суров, за некого е борба, за некого е песна, за некого е авантура. Самите одбирате каков е животот за вас. Никој не може да ми каже каков бил животот, секој си ги прави своите избори, секој со своите очи може да си го перцепира само својот живот. Предизвици постојат, од нас зависи дали ќе глумиме жртва или ќе направиме лимонада.
Не се согласувам.Да можеби некогаш претеруваме но за некои луѓе животот е многу тежок.И не секогаш може да се направи лимонада од него.
Ама јас не можам да знам каков е нечиј живот. Јас можам да знам само за својот. А има луѓе, на пример ништо реално не им фали, па дробат, животот бил тежок, ваков, онаков. Ок, ако така смета. Која сум јас да кажам. Секој со својот крст.
Малце ми е конфузно и контрадикторно ова. Велиш животот не е суров, а после дека за некого е суров. Како и да е, баш и не се согласувам дека животот е онаков каков што ние одбираме. Затоа што животот не е шаблон со утврдени правила, туку постојана неизвесност. Тоа што мене на пример ми се десиле некои глупости, не значи дека јас бирав да поминувам низ траума и лоши времиња. Пак ќе речам - нема правило за тоа каков е животот, ама затоа до нас е како ќе реагираме и дали/како ќе се соочуваме. Не е нужно дека треба да глумиш жртва затоа што некогаш животот стварно те става во улога на жртва, некогаш па немаш ниту сила од животот лимонада да направиш. Не е сѐ црно и бело.
Таков е и Татко ми,секогаш гледа да ме влече надоле,секогаш ме демотивира максимално.Летово трчам средувам ствари,за да идам да работам во Странство,на 3 дена пред тргање,се пакувам и ми вика,џабе ке идеш,викам како бе џабе?за 10 дена ке се врариш,џабе ти не успеваш втф?Алоо Родител еј,оној кој те створил,дал живот ццц.А јас прв пат идам да работам во Странство,незнам ни што ме чека таму,300 мисли во глава,паника дали ке се снајдам,он уште толку ме утепа со неговото понашање.За жал ете има и вакви родители.
Како бе така? Болно е, посебно од родител. До утре може да се лажеме со вакви фрази. Ако родител не те поддржува тогаш кој? Вашите татковци цело време префрлуваат, а што јас да правам со мојот? Цел живот ме нема ни пофалено ни понижено.Цел живот изгледа дека му е сеедно. Ама, затоа пак спротивно од тоа од мајка ми ја имаме најголемата поддршка.
Не се врти се' oкoлу вaс. Некoи луѓе си се тaкви, тaжни, несреќни, oгoрчени, рaзoчaрaни. И тие не сaкaле aмa ете... Сигурнo не стaнaле тaкви специјaлнo зa вaс, зa дa мoжaт дa ве бoцкaaт сo oтрoвни стрели. Вaс aкo ви oди дoбрo бидете 'пoгoлемиoт' и не бaрaјте дa се стaлнo пoзитивни и сoнчеви oкoлу вaс oти нели, тoa зaкaнa е зa вaшaтa среќa. Тешки се aмa aкo не живеете сo нив, бидете вие некoгaш нa нивнa фреквенцијa, мoже и нив преку глaвa им е oд среќни луѓе.
Јас додека ги слушав моите за сè,страдав. Се распишав за моите болки во неколку теми. Откако почнав да игнорирам,ми престана страдањето. И да напишам нешто во некоја тема,после 5 минути,си викам Некст,батали,такви си се и нема да се променат. И веќе не ме боли толку.
Не знам шо ми се дешава, ама деновиве имам мноооогу љубов за давање. И тоа не ја штедам и осеќам само кон селектирана личност, туку кон сите! Блиски, не толку блиски, соученици, познаници... абе сите ги сакам. Па и некоја потреба имам да сум активно вклучена во животите им и да помагам и да им правам убаво и да се сакаме!!! Од една страна прекрасно ми е, од друга страна чудно бидејќи никогаш во живот не се случило ова и не знам од каде доаѓа. Се надевам дека тоа што ми е чудно и необично нема да ги затне извориве на љубов мои. Во секој случај, ве сакам и испраќам виртуелни гушки на секој еден кој го чита ова
Бриџо, мноштвото од членки на форумов не живее во Холивуд, ниту Дизниленд. Во мк не може да има толку среќни луѓе, па да ти бидат преку глава. Малку позитивност не би била на одмет.
Feel u. Летоска најверојатно одам за Германија и никому од семејството не му се допаѓа тоа и сите гледаат црно и негативно, наместо оди ќерко, стекни искуство, бори се, ова она. И татко ми ќе беше таков ама сега откако изгубивме контакт ако дознае дека ќе одам/сум била веднаш ќе стане поддржлив татко пошто ќе му замириса на пари. Инаку ни п од поддршка нема за ништо во животецов.
https://thebalm.com/ https://beautybey.com/ Јебал ме блек фрајдеј ме јебал... И картички и све ќе запалам... И интернет ќе запалам... ЗоЖДo шипуваат све кај нас? Мора ли бре да не вклучува светов? Седи таму, треќа врста земја и ајт. Не... модерни, у свет ќе одиме. Тоа е за културен народ. Маче шо ќе јадеме? Маче иам една палета сенки, на чоколадо мириса, ако ти одговара...
Во една од темите спомена дека имаш и девојка. Држи се и фокусирај се на неа. Имаш избор, и ако мене ме прашуваш - мажи не ти требаат.